Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ФЕСТИВАЛ ВО ВЕНЕЦИЈА: „ЏОКЕР“ НЕ ОСТАНА САМО НА ОВАЦИИ, ОСВОИ ЗЛАТЕН ЛАВ

September 8, 2019 Filed Under: Ревија

Роман Полански до крајот на Фестивалот не дојде на Лидо ама освои Главна награда за жирито за „Офицер и шпион“

ГОЛЕМАТА САЛА Огромен број на места за седење во Големата сала на Фестивалот

Последниот, 76-ти Венецијански филмски фестивал почна на 28 август, а заврши во саботата вечер а со тоа означи старт на есенската сезона на филмски награди. Во текот на годините премиера тука имаа голем број значајни филмови а изгледа дека и оваа помеѓу насловите има такви кои со нетрпение ќе ги очекуваме.и во нашите кино-сали.

Делото „Џокер“, беше соопштено на затворањето на Фестивалот во саботата, на 7 септември на Тод Филипс го освои Златниот лав, соопшти претседателката на жирито Лукресија Мартел..

„Сакам да се заблагодарам на Ворнер брос и Ди-Си што излегоа од својата зона на конфорот и така силно ме подржаа, застанааа до мене и до филмот“ истакна Филипс.кога ја примаше наградата Во филмот стенд ап комичар Артур Флек се трансформира во Бетменов соперник. „Ви благодарам што ми доверивте толку соработници, луди таленти“ – рече режисерот обраќајќи му се на главниот актер Хоакин Финкс, кој се наоѓаше до него на сцената, при доделувањето на наградите.

Наградата за најдобар сценарио му припадна на Џонфан за анимираниот филм „Не, 7 Чери Лејн“ за Хонгконг од 1967 година. Тод Валас освои награда за најдобар нов талент за својата работа во филмот „Бебешки заби“ на Шенон Марфи. „Не можам да поверувам дека тука воопшто сум се нашол па резултатот е секако одличен“ – рече Валас.

СПЕКТАКУЛАРНО Фестивалот во Венеција секогаш изобилува со гламур

Фаворизираното дело „Официр и шпион“ за аферата Драјфус на Роман Полански доби Голема награда на жирито ама режисерот не присуствуваше на Фестивалот.

Лука Мартинели, кој играше во француско – италијанската историска романса „Мартин Идн“ ја доби наградата за главна машка ролја а Аријана Аскарид ја доби истата награда за женска ролја во „Глорија Мунди“

Жирито годинава го сочинуваа аргентинската режисерка Мартел, режисерката Мери Харон, актерката Стрјси Мсртин, синеастот Родриго Прието и извршниот директор на Фестивалот во Торино Пирс Хендинг.

Инаку публиката го поздрави „Џокер“ после премиерата (31 август) со осуминутни аплаузи и овации. Режиерот и сценарист Тод Филип изјавил дека во креирањето на новиот Џокер големо влијание имале филмови како „Таксист“ и „Разјарениот бик“. До официјалната кино-дистрибуција има нешто повеќе од еден месец. Поасле премиерата критичарите го споменуваа Феникс како можен добитник на Оскар за главна машка улога во 2020.

ЏОКЕР Филмот што доби Златен лав веќе стана симбол на овогодишната смотра

Меѓу поатрактивните дела на фестивлот беше „Лигњи и кит“ на Ноа Баумбах со Скарлет Јохансон и Адам Драјвер, кој опишува брачни проблеми на богати, стрејт, бели њујорчани. Но иако звучи малку лигаво, трејлерот, според оние што го гледале има мелодрамски ефекти. Оние кои ја обожуваат Мерил Стрип, а згора во друштво со актерски големини како Гери Олдман, Дејвид Швимер, Антонио Бандерас и куп други познати фаци под режисерска палка на Стивен Содерберг, ќе го гледаат делото „Пералница“ кој се бави со темата на тн. Панама пејпрс, документи за тајни финансиски зделки кои им овозможија на светските богаташи (има тука и наши, нели) да станат уште побогати. Стрип очигледно и на повозрасни години сака да пробува нови нешта, а таква е и оваа прва нејзина соработка со Содерберг.

Јапонскиот автор Хиразу Хоре дебитираше во нејапонскиот продуцентски свет со делото „Вистина“, со Жилиет Бинош во главната улога. Филмот се случува во Париз и е приказна за сценаристка која има тензична врска со нејзината доминантна мајка, филмска ѕвезда, која ја игра Кетрин Денев, а која кулминира во моментот кога мајката ги објавува своите мемоари. Мажот на Бинош го глуми Итан Хок

Оние кои ги прегледале трејлерите велат дека вреди да се чека „Мрежа на осите“ – шпионски трилер со Пенелоп Круз и Едгар Рамирез, во кој тие се кубански оперативци кои работат на Флорида во 1990-тите. Звучи „жешко“, особено ако се знае дека третиот е Габриел Гарсија Бернал. Филмот е адаптација на книгата „Последните војници на Студената војна“ на Фернандо Морес и раскажува вистинска приказна за шпиони наречени „Кубанските петмина“, осудени во 2001 во Мајами за конспирација. Во Куба истите се познати како „Кубанските херои“.

НАГРАДЕНИ Тимот на „Џокер“ на подиумот

 

Filed Under: Ревија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet