ДРАГАН ПОПОВСКИ
Oва е навистина некое проклетство да се негува болката и очајот како нешто најсвето што никој не смее да ни го наруши. Дајте да си ја плачеме судбината!
Ми застана радиото во колата на некоја фолк станица, доволно да ми се реактивира маката заради напливот на очајот во кој тоне мојот сопствен народ: Солзи капат на сите страни, мајко Македонијо, каде сте македончиња, парчете не, мачете не, ама ние сме пиреј, душмани клети.
Па, ова е навистина некое проклетство да се негува болката и очајот како нешто најсвето што никој не смее да ни го наруши. Дајте да си ја плачеме судбината! Се чини дека секое село, секој камен, секоја Цвета, секоја Ѓурѓа, секој Кузман е темелно оплакан. Или ако пак не е, да побараме подлабоко. Еве, предлагам да испееме нешто за маките на Александар, или маките на вујна му, дајте да ја комплетираме сликата. Или, зошто да не, да организираме нов фестивал – „Фастивал на тагата“ овде во Македонија, да не се малтретираат нашите музички патриоти да летаат и плачат до Австралија.
А се пројавуваат и нови таленти, еве ги Андријана и Игор на пример. И најтажната песна да стане нова химна на Македонија. Вреди да се размисли, да му се овозможи на народов „мазохизам плус“.
П.С. Секој од нас, посредно или непосредно, влече некакви фамилијарни или лични трауми и горчини од минатото, ама да не дозволиме нашите отрови да ги пренесеме и на деца