Тактиката на ВМРО ДПМНЕ со филибастеринг на нејзините пратеници во Собранието да глумат дека се активни, ама да ги блокираат сите активности во него, имала едне проблем: полната бешика на говорниците. Да незаборавиме дека терминот филинастер доаѓа од поимот – пирати!
„Вчера мојата колешка држеше говор 10 часа и не и дозволивте да оди во тоалет, можеби треба јавно да извршиме нужда врз вашите предлози за уставни судии кога веќе не ни давате пауза среде говор?!“
(https://www.topm1.net/пратеничката-дафина-стојановска-се-з).
Дафина Стојановска, пратеничка за која многумина ќе потврдат дека е со убедливо највалкан јазик во историјата на парламентот, се бунеше што претседателката на Комисијата за именувања ја прекина седницата вчера откако по 10 часа говор пратеничка на ВМРО ДПМНЕ заминала во тоалет.
Навистина, зошто тоа се дозволува – говорите во Парламентот подразбираат дека се насочени кон изложување на ставиови во врска со прашања од дневниот ред (па и за самиот дневен ред) и подразбираат рационалносдт во дебатите, бидејќи на крајот на краиштата одлука мора да се донесе, односно да се гласа!
Нашите пратеници после 30 години од политичкиот плурализам го открија терминот филибастеринг и започнаа демонстративно да го применуваат, пред се кога се сигурни дека нема да го убедат мниознството во Парламентот да ги прифати нивните ставови.
Инаку терминот филибастер во законодавниот процес значи право на неограничена расправа за одредено прашање. Користејќи го правото на филибастер, можно е да се одложи или целосно да се спречи гласањето за закон или друг предлог. На тој начин, „филибастер“ претставува еден вид опструкција во собранието или друго тело за одлучување (Википедија).
Зборот филибастер доаѓа од холандскиот и шпанскиот јазик, а во 19 век означувал – пирати.. Значи и тогаш имал приѕвук на застрашување, бидејќи, го претворала „правилото на право за мирна пловидба за сите“ во можност на своевидно ограбување на тоа право, метафорично говорејќи, од страна на некој со црна прекривка преку окото и една дрвена нога која тропа на палубата.
Во денешна смисла, зборот првпат бил употребен во 1854 година во Конгресот на САД, кога противниците на Законот за Канзас и Небраска се обиделе да го одложат неговото донесување.
Еден од првите познати практичари на филибастерот бил римскиот сенатор Маркус Порциус Като Помладиот. Во дебатите околу усвојувањето на законите на кои тој бил противник, Катон Помладиот често го попречувал гласањето со непрекинато иззлагање до самрак. Бидејќи римскиот сенат имал правило дека сите работи мора да се завршат до паѓање на ноќта, долгите говори на Като биле ефективно средство за спречување на гласањето.
Во поново време, зборот филибастер се користи главно за тактики за опструкција во Сенатот на САД, иако слични тактики се користат и во други држави.
Во Сенатот на САД, правилата му дозволуваат на сенаторот, или на група сенатори, да зборуваат колку што сакаат за која било тема што ќе ја изберат, сè додека не бидат избројани на говорницата „три петтини од сенаторите кои положиле заклетва“ (обично 60 од 100 сенатори ) па морало да се пријде на гласање односно да се затвори дебатата..
Историјата помни дека наводно најдолгиот филибастер во американскиот Сенат го одржал сенаторот Стром Турмонд од Јужна Каролина. Во обид да го спречи усвојувањето на Законот за граѓански права од 1957 година, Турмонд зборувал непрекинато 24 часа и 18 минути, но законот сепак бил усвоен.
Практиката на парламентарниот живот не кажува дали дебата можела да се прекине за да се задоволат нечии итни потреби, во кои спаѓа секако и одењето во тоалет, но такво правило да речеме нема, споредбено, во натрепреварите за говорништво каде се цени должинаѕа на говорот (покрај некои други мерила). Уште помалку пак е познато дека некој се помочал во салата каде се дебатира, инаку тоа секако би се запомнило и пред се би се опишало.
Како и да се земе филибастерот мора да има ограничувања, па и биолошки! Впрочем, на некој начин тоа е мачење и за слушателите – што ако тие заминат во тоалет, да речеме а говорникот или говорничката види дека нејзинииоот став во тој миг би имал повеќе подржувачи во салата и го прекине маратонското излагање и побара гласање? Би било ли пак тоа фер?
Диктатурата на бешиката секако е нештѕо на што корисникот на бесконечните говори мора да се навикне и да се самодисциплинира, иако е тоа ѓаволски тешко. Професор Чедомир Чупиќ, од Факултетот за политички науки во Белград, гостувајќи на програмата Н1 неодамна раскажа еден интересен случај. Повикувајќи се на записите на социјалниот утопист од времето на Француската револуција – Сен Симон, раскажа за своевидна литија во дилижански на кралот Луј ХVI. Имено, големиот број жители на Версај морале качени во кочии и дилижанси за 48 часови да стигнат од Париз за Лион. Патем, не било забрането застанување, па и одење во тоалет. Се застанувало, но само на неколку места за молитви во локални цркви. За мажите можеби било и полесно ама дамите, со сите оние компликуванив тоалети, то не доаѓало во предвид. Па тие ги сквернавеле деловите на црквите каде инаку се вршеле исповеди со свештениците. После нивните „молитви“ останувал смрад кој барал темелно чистење а дури и понов осветување на тие делови од црквите. На еден од мажите му пукнал стомакот бидејќи тој носел на своите коленици одреден товар означен како свет и тој не можел да се помрдне. И така дошла – револуцијата и гилјотината!
Пратеничката Стојановска е веќе рековме позната по својот недозволив вокабулар, но и по своето несоодветно (благо речено) однесување. На една од седницата, се чини на Комисијата за избори и именувања, таа направи своевиден актерски перформанс, трудејќи што подолго да говори. Се шеташе во просторот меѓу пратеничките места и говорницата (не стоеше зад неа) за да може од време на време да се потпре на клупите каде седат нејзините колеги. Таа низ тој чин покажуваше некаква супремација во однос на нив а секако и некултура. Имено, ако задоцните во театар или кино и треба да минете меѓу два реда и ги подигнувате од местата оние кои дошле пред вас, треба да одите со очите завртена кон нив а не да им го покажувате грбот. Во овој слуѕчај на изведување драмулетка на седница на Комисијата за избори и именувања таа себе си си направи олеснување, се одмараше говорејќи потпрена на клупите и си правеше при тоа паузи ама на колегите во Комисијата им покажуваше грб, да не речеме и некој друг анатомски дел од своето тело (патем бепе во фармерки, ако е тоа олеснувачка околност).
Таа пратеничка не е целосно виновна. Не се работи за диктатура на бешиката и заморот што треба да го издржи заради филибастерингот. Се работи на диктатура која, во стилот на споменатиот крал кој заврши на гилјотина а кој неа и на другите им наредува такво однесување, од кое, за жал страдаме сите жители на оваа држава, особено кога треба да се донесат неодложни одлуки во Собранието од што зависи и опстанокот на сите граѓани.