Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ФИЛИПЧЕ АЛАРМИРА: СО МИЦКОВСКИ СЕ ЗАГРОЗЕНИ ОСНОВНИТЕ ЧОВЕКОВИ ПРАВА

July 30, 2026 Filed Under: Македонија

Социјал-демокрaтите бараат итна контрола на сите водоводни системи по градовите бидејќи очевидно таму не постои добра контрола а некаде и не била во ред

ЖЕСТОКО Филипче побара комплетна и итна аналиа на квалитетот на водата по градови – постојат сериозни сомнежи за институционални пропусти кои мора да бидат расчистени

Со Мицкоски на власт загрозени се основните човекови права на здравје и здрава вода, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во изјава за медиуми во Гостивар.

Филипче посочи дека одговорноста на Владата е прашање на заштита на здравјето и безбедноста на граѓаните.

„Очигледно е дека со оваа власт на Христијан Мицкоски и неговата организирана криминална група, повеќе нема прашање во сферата на политичката или моралната одговорност. Очигледно е дека се во прашање елементарните човекови права, граѓански права, тоа е правото на здравје и во тој контекст здравата почва, здравата вода“, рече Филипче.

Притоа, Филипче укажа дека постојат сериозни сомнежи за институционални пропусти кои мора да бидат расчистени и побара одговорност за тоа што кризата не е навреме откриена и менаџирана иако за тоа имало јасни сигнали. Филипче побара одговори зошто не се вршеле редовни контроли на водата, зошто не била направена навремена епидемиолошка анализа и кој сега ја менаџира кризата.

Тој додаде дека Владата нема право да молчи за важните прашања во однос на епидемијата во Гостивар,  додека граѓаните се соочуваат со сериозна здравствена криза.

„Не можат здравствените власти, Министерството за здравство, министерот и премиерот да молчат по овие прашања. Треба јавно да ги објават резултатите од контролата и сите параметри на водата. Нема што да ја загрози истрагата, бројките се тие, фактите се тие, органите нека си постапуваат, ама граѓаните мора да знаат. Тоа е нивно човеково право, навремен пристап до јавна информација“, истакна Филипче.

Во изјавата за медиуми Филипче нагласи  дека наместо функционален систем кој ќе ги заштити граѓаните, Владата на ВМРО дозволи да се создаде состојба во која се загрозени основните човекови права, а институциите не обезбедуваат ниту заштита, ниту навремени информации за ризиците по јавното здравје. „Во ваква ситуација, кога овој систем го менаџира само малата група на луѓе околу Христијан Мицкоски, граѓаните се оставени на себе да се справуваат со последиците од тој страшен систем“, рече Филипче.

Мицкоски вели дека од денес техничката вода во Гостивар е чиста. Дали му верувате, прашуваат од СДСМ.

„Над 4.070 граѓани во Гостивар побарале медицинска помош. Вчера беа регистрирани уште 125 прегледи на лица со симптоми, а едно дете е хоспитализирано во болница. Водата била загадена со фекалии. А институциите молчеле. Симптомите почнале на 14 јули. Епидемија е прогласена дури на 19 јули. Цели пет дена институциите не ја информирале јавноста навреме и не презеле мерки. Додека граѓаните масовно завршувале по амбуланти и болници. Министерот Клековски потврди дека имало отстапувања во примероците. Но, предупредувањето дојде доцна“, велат од партијата.

„Кога институциите молчат додека илјадници луѓе се трујат, тогаш повеќе не зборуваме за грешка. Зборуваме за однос кон граѓаните. Одговорноста е јасна. Прашањето е само кога некој конечно ќе ја преземе. Мицкоски вели дека од денес техничката вода во Гостивар е чиста. Дали му верувате?“,прашуваат од СДСМ.

Мицкоски во неделата најави дека од понеделникот, 27 јули Гостивар ќе добие технички исправна вода за користење. Во исто време министерот Kлековски призна дека е нивна грешка ова што се случило, за веднаш потоа одговорноста да се префрли на локално ниво. Кско  пинг-понг, илустрираат на Бихаќка – никој не превзема одговорност. Само се префрла. Па по сите настани дали да им се верува дека техничката вода е исправна?

Индикативна е позицијата на „добар доктор“ на министерот за внатеешни! Тој презентира состојби за водата во Гостивар. „Не министерот за здравство. Не министерот за животна средина. Не надлежните од Водовод. Туку министерот за полиција“ – реагираат од СДСМ и додаваат – знаеме дека Тошковски најави хиперхлорирање. Изгледа дека тоа е работа на полицијата. Не пет тони дрога, не масовен убиец, не корупција – туку хиперхлорирање и водоснабдување. Тошковски е познат по тоа што има Пегасус. Систем земен од Израелците, кој автократските држави го користат за следење и снимање на опозицијата.Сега кога веќе го има и може да ги снима сите разговори, се надеваме дека ја снимил и изјавата на премиерот дека од денеска Гостивар има чиста техничка вода. Дали им верувате на Мицкоски и Тошковски?

Инаку се додава декка во неделата се регистрирани уште 125 прегледи на лица со симптоми, а едно дете е хоспитализирано во болница. Водата била загадена со фекалии. А институциите молчеле.Симптомите почнале на 14 јули, а епидемија е прогласена дури на 19 јули. Цели пет дена институциите не ја информирале јавноста навреме и не презеле мерки. Додека граѓаните масовно завршувале по амбуланти и болници. Министерот Клековски потврди дека имало отстапувања во примероците.Но, предупредувањето дојде доцна.Ова не е технички пропуст туку системски колапс. Кога институциите молчат додека илјадници луѓе се трујат, тогаш повеќе не зборуваме за грешка. Зборуваме за однос кон граѓаните.Одговорноста е јасна. Прашањето е само кога некој конечно ќе ја преземе“, стои во реакцијата на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека СДСМ шири паника и пласира неточни информации. „СДС наместо да побара одговорност од своите поставени кадри во Гостивар, се обидува политички да профитира од скандалот со водата, кој кадри на нивната коалиција со ДУИ и Таравари, го создадоа“,се вели во партиското соопштение. Оттаму велат дека владините институции активно работат на стабилизирање на состојбата, а намалувањето на бројот на граѓани што бараат медицинска помош укажува на подобрување на состојбите. „Деновиве се очекува да биде воспоставено редовно и безбедно водоснабдување со технички исправна вода“, додаваат од партијата. Според ВМРО-ДПМНЕ, опозициската партија пласира неточни и непрецизни информации, користи застарени извештаи и создава чувство на несигурност кај граѓаните, иако, како што велат, состојбата е стабилизирана во краток временски рок. Во реакцијата се осврнуваат и на случајот со водата во Валандово, посочувајќи дека вонредните анализи ги демантирале тврдењата на СДСМ дека водата не е безбедна за пиење.

„Дополнително, и покрај нивните тврдења дека водата во Валандово не е безбедна за пиење, вонредните анализи ги демантираа тие наводи. Ова не е првпат СДС да биде демантирана со официјални факти. Сепак, продолжува со ширење лаги и дезинформации, со цел да создаде неоснована загриженост кај јавноста“,посочија од партијата. Го повикаа СДСМ наместо да се занимава со спинување на информациите и ширење паника, да побараат одговорност од градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани. „Граѓаните треба да бидат спокојни, бидејќи владините институции преземаат конкретни мерки за стабилизирање на состојбата, а процесот на нормализирање е при крај“, велат од партијата.

Но од СДСМ, бара вонредни анализи на водата за пиење во Велес и околните населени места. Конкретно во Велес СДСМ побара да се проверат сите водоводи бидејќи последните наоди и стручни мислења коишто се јавно објавени покажуваат дека скоро секаде во селските водоводи има ешерија коли, индикатор за фекално загадување, па дури и во училишта. „Нема никаква информација каква е сега состојбата, дали општината и централната власт нешто презела?Советниците на СДСМ бараат и посебна точка на дневен ред за состојбата со водата во Велес. Откако за неколку дена добивме загадена вода во Гостивар, Валандово, Лешок и Крушево, не може да се молчи.Сега СДСМ бара итна и целосна проверка на водата за пиење во сите градови и општини во Македонија. Без исклучок, без селективност и без прикривање на резултатите.Нема да дозволиме Мицкоски и ВМРО-ОКГ да ја отрујат цела земја.

Граѓаните имаат право да знаат што пијат. А оваа власт има обврска конечно да одговори – не со изговори, туку со факти и со чиста вода“, реагираат од СДСМ.

За ВМРО-ДПМНЕ ваквите барања се ширење паника и воајеризам.

„СДС и Венко Филипче повторно ја злоупотребуваат кризата за ширење паника. СДС продолжува со истата политика да шири паника кај граѓаните, дезинформации и конструкции.СДС исто како со пожарите минатата година, денес ликува на водата. СДС и Филипче собираат политички поени врз грбот на граѓаните во Гостивар. СДС и Филипче немаат одговрност, не нудат решенија туку креираат став и вознемиренозт кај граѓаните.

Filed Under: Македонија

РАСПАД НА СИСТЕМОТ А ПРОВЕРКА ВО ВАР-СОБАТА НЕ Е ПОТРЕБНА
ФИЛИПЧЕ АЛАРМИРА: СО МИЦКОВСКИ СЕ ЗАГРОЗЕНИ ОСНОВНИТЕ ЧОВЕКОВИ ПРАВА
КOКАИНСКИ ПАРИ ЗА ГОЛЕМАТА ИНВЕСТИЦИЈА ВО АЛБАНИЈА
„ДОБРИ ЛУЃЕ“ ВО ТРКА ЗА „СРЦЕТО НА САРАЕВО“
ШТО СЕ КРИВИ ДЕЦАТА – BO ПОСЕТА НА ИРАНСКОТО УЧИЛИШТЕ КАДЕ ЗАГИНАА 120 ДЕЦА

Најново

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ А ПРОВЕРКА ВО ВАР-СОБАТА НЕ Е ПОТРЕБНА
  • ФИЛИПЧЕ АЛАРМИРА: СО МИЦКОВСКИ СЕ ЗАГРОЗЕНИ ОСНОВНИТЕ ЧОВЕКОВИ ПРАВА
  • КOКАИНСКИ ПАРИ ЗА ГОЛЕМАТА ИНВЕСТИЦИЈА ВО АЛБАНИЈА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet