И не случајно многумина го нарекуваа „Таткото на нацијата“. Во најтешките моменти, кога државата се соочување со предизвици во процесот на независност, донесе мудри политички одлуки – рече претседателот на неговата партија Филипче пред прзникот
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче во средата, на 9 октомври, во основното училиште „Киро Глигоров“, во општина Центар, присуствуваше на свеченоста по повод откривање на биста на првиот претседател на самостојна Македонија, патрон на училиштето. Говорејќи за ликот и делото на претседателот Глигоров, Филипче истакна дека тој оставил силен печат врз историјата на нашата татковина со правецот по кој ја движел земјата.
„Тој беше лидер кој ги постави основите на современата македонска држава, воден од принципите на демократија, мир и соработка. Глигоров е симбол за мудрост и визионерство, затоа и не случајно многумина го нарекуваа „Таткото на нацијата“. Во најтешките моменти, кога државата се соочување со предизвици во процесот на независност, донесе мудри политички одлуки. Глигоров го постигна она што ниту една Република од поранешна СФРЈ не успеа да го направи-Македонија по мирен пат стана независна, суверена и демократска држава.
Тој веруваше во силата на дијалогот и помирувањето, нешто што е особено важно и денес, кога треба да продолжиме работиме на заедничката иднина на државата. Благодарение на Глигоров, Македонија стана дел од најголемото меѓународно семејство на народи- Организацијата на обединети нации“-изјави претседателот на СДСМ, Филипче.
Вредностите и државнички одлуки, на Глигоров, оставија траен белег во нашето општество и се патоказ за идните политики за напредок и просперитет на државата, истакна Филипче.
„Ние, како генерација, сме обврзани да ја продолжиме неговата визија за напредна и демократска Македонија, да ги надминеме сегашните предизвици и да изградиме подобра иднина за сите наши граѓани. Со оваа биста, што денеска се постави во истоименото основно училиште, не само што оддаваме почит, туку и ја чуваме визијата на Глигоров жива во нашето секојдневие, инспирирајќи ја младината да се бори за заедништво, стабилност и просперитет“-изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Истовремено Венко Филипче во изјава за медиумите повторно апелираше до премиерот Мицкоски и Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ на собраниска седница пред пратениците и граѓаните да го кажат планот за европската интеграција на Македонија. Процесот на евроинтеграции на државата е блокиран од страна на Владата, смета Филипче затоа се должни пред граѓаните да го кажат планот со кој би ги подобриле позициите во преговарачкиот процес како што ветуваа во изборниот период.
„Тие кажуваа дека имаат некаков план, некаква поддршка од некои земји, за тоа дека ќе ги подобрат нашите услови во процесот на преговори меѓутоа ние досега од тоа не видовме ништо.
Ниту видовме некој обид да се подобри нашата преговарачка позиција, ниту имаме временска рамка кога тоа ќе се случи и затоа е неопходно што побрзо да се случи таа собраниска седница за да владата и премиерот го кажат планот за нашиот евро интегративен процес“ изјави Венко Филипче, претседател на СДСМ.
Филипче е дециден дека СДСМ ќе даде поддршка на секоја владина стратегија која е значи подобар живот за граѓаните, но нема да прифатат „митингашки пароли“ и празни ветувања.
„Нас не ни требаат ниту флоскули, не ни требаат ниту митигашки пароли, ни треба конкретен план во Собранието Премиерот и ВМРО-ДПМНЕ дојдоа на власт со огромни ветувања дека ќе ја подобрат нашата позиција во тој преговарачки процес, дека ќе обезбедат подобри услови. Имајќи предвид дека тоа не се случува а тие го блокираа европскиот интегративен процес а тоа не го кажаа за време на кампањата. Доколку тоа не се случи, ќе стане очигледно дека станува збор за една голема лага.
Во таа смисла ние ќе чекаме да видиме како ќе се одвива тој процес, ќе ја поддржиме секоја стратегија на Владата која што ќе ни обезбеди подобри услови во процесот на преговори. Но нема да служиме за алиби ниту ќе гледаме како тие ја манипулираат и ја лажат јавноста и граѓаните“-рече Филпче.
Во тој контекст треба да се спомене дека Филипче во изјава за медиумите истакна и дека во Владата има спротивставени ставови за евроинтегративните процеси на Македонија и тоа е уште поголема причина за собраниска седница на која премиерот Мицкоски треба да ги каже плановите на Владата за напредокот на земјата. Филипче смета дека спротивставените ставови на премиерот Христијан Мицкоски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани, се потврда за неспособноста на Владата да обезбеди јасен план за евроинтегративниот процес на државата.
„Многу најави има од премиерот за некаква поддршка од некои држави, за менување на преговарачката рамка, нешто што наводно би ја подобрило нашата положба во процесот на евроинтеграции. Меѓутоа сето тоа е обвиено со мистерија и не знаеме никакви детали. Премиерот има обврска тоа да го соопшти, прво пред Собранието, пред народните избраници а понатаму и пред граѓаните. Да знаеме, сега кога еднострано го запре евроинтегративниот пат, нешто за што сметам и ќе повторам, нема никакво право, ниту политичко, ниту етичко, морално, напротив има обврска пред граѓаните да го продолжи тој пат којшто го очекува огромно мнозинство на граѓаните, и потврдено преку огромната поддршка на граѓаните на сите анкети направени досега наназад. Тоа е местото каде што се дискутира“-изјави Венко Филипче, претседател на СДСМ.
Филипче истакна дека во Собранието треба да се расчистат овие „дисонантни тонови“, бидејќи тоа е местото каде што треба да се дискутира за иднината на државата и клучните прашања во врска со патот на Македонија кон Европската унија.
„Жалам што неговиот министер Муртезани го демантира во неговите најави и изјави дека наводно има некаква поддршка да се донесат уставни измени со одложено дејство. Самиот министер кажа дека воопшто во ЕУ во ниту една држава нема расположение за таква работа.
Сметам дека тие конфузни изјави, тие дисонантни тонови во Владата коишто оставаат впечаток дека таму владее една целосно бесперспективност, мора да се расчистат во Собранието. Мора да знаеме кој е планот на Владата ако воопшто го има и како ние ќе го продолжиме евроинтегративниот пат“-изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Тој додаде дека СДСМ секојдневно покажува конструктивност по прашањето за продолжување на евроинтегративниот пат на државата, но за жал одговор од премиерот во таа насока нема.
„Нема никакво вработување на 600 лекари во здравството,“ меѓу другото изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во своето гостување на „Клик плус“ на ТВ21, демантирајќи ги владините тврдења за нови вработувања во здравствениот сектор.
Филипче потсети дека на крајот на јуни, Владата донела заклучок со кој се забранува спроведување на веќе започнатите постапки за вработување на млади лекари. „Напротив, има заклучок на Влада донесен некаде на крајот на јуни, со кој се забранува спроведување на веќе започнатите постапки за вработување на млади лекари,“ истакна тој.
Според информациите кои ги сподели Филипче, голем дел од здравствените работници кои требало да бидат вработени, веќе заминале во приватниот сектор. „Требаше да се вработат околу 1.200 здравствени работници, но голем дел од нив веќе се заминати во приватниот сектор,“ рече тој, нагласувајќи ја сериозноста на ситуацијата.