Првиот човек на СДСМ како да го концентрираше своето внимание на единството во партијата, со што некако докажува дека власта усепа данаметне тема преку нејзините должници, некогашни функционери во партијата

Кога се знаат оние поранешни претседатели на партијата кои не дојдоа на последниот Конгрес на СДСМ а кога се гледаат и оние поранешни високи функционери кои станаа – условно – дисиденти, заначи не идеолошки неистомисленици туку просто како приврзоци на оние кои ги направиле „падобранци“ на Бихаќка, тогаш е лесно да се дискутира каде водат трагите на неединството, без да се драматизира обемот на таа појава, ниту да се дискредитира нивниот отпор. Но ниту на времено Грчева (родена Шопова, за да ви бидат работите појасни), арогантниот Шилегов (и тој штипјанец), па екс-диртекторот на ТИРЗ-овите Деспотовски, покажуваат дека се дел од истата персонална кујна! Тоа е онаа политика која не барала тркачи, туку само лица на кои убаво ќе им стои круната на функциите, што секако дека ја намалува дури и инерцијата по која треба да ја имаат големите партиски механизми. Има тука и најмалку еден кој просто не доби на избори на кои беше кадидат а по поразџот тој одби да соработува со своите сопартијци. Но, се чини дека најмалку двајца од споменатите се подготвени да соработуваат со обвинителите кои ги следат аоримите на можните злоупотреби на некогашните сдсм-овски функционери. Тие со обемна помош на најсилното оруѓжје кое со сол децении го држи ВМРО ДПМНЕ – медиумите, успеаа да дојдат до одредено деконцентрирање на дискусиите на последниот конгрес на најголемата опозициона партија.
„За да го победиме ова зло надвор, мора прво да бидеме челични внатре“ порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на 31-от Конгрес на СДСМ. Филипче нагласи дека вратите на СДСМ за секој што и мисли добро на државата.
„Знам дека во минатото имавме турбуленции. Знам дека имаше разочарувања. Некои си заминаа, некои се вратија, а некои сè уште стојат на прагот и калкулираат. Сакам денес да бидам кристално јасен. Вратите на СДСМ се ширум отворени за секој чесен социјалдемократ, за секој работник, за секој интелектуалец кој ѝ мисли добро на државата. За да го победиме ова зло надвор, мора прво да бидеме челични внатре “, порача Филипче. Ова е се чини најсилниот наслов кој бисе извлекол од говорот на Филипче, по што доа доаѓа заклучокот – партијата не е место за пазарење функции, туку е армија на вредности.
„Дозволете ми да испратам една порака до оние кои мислат дека можат да седат на две столчиња – предупреди претседателот – до оние кои мислат дека можат да бидат во СДСМ, а да работат за интересите на власта, или да формираат фракции, нови движења и сето тоа само за нивни лични интереси. Тоа време заврши. Денес ставаме точка на разединувањето. СДСМ не е пазар за пазарење функции. СДСМ е армија на вредности. Кој сака да се бори рамо до рамо со нас добредојден е вистински, искрено, братски. Но, кој планира да нè поткопува од внатре, кој планира да биде „тројански коњ“ на ВМРО или на некои други интересни групи нека си замине веднаш. Денес ставаме точка на разединувањет – продолжи Филипче -СДСМ не е пазар за пазарење функции, СДСМ е армија на вредности.
Во обраќањето, Филипче ги повика членовите на партијата да излезат на терен меѓу граѓаните, да разговараат со нив за реалната состојба во државата. „Нема пишување статуси на Фејсбук од удобни фотелји. СДСМ е на терен! Одиме во секој град, во секое село, во секое маало. Ќе чукнеме на секоја една врата. Не да молиме за гласови, туку да ја разбудиме Македонија.Ќе им кажеме на луѓето за долгот од 2 милијарди евра. Ќе им кажеме за долгот од 6 милијарди евра кој ќе го враќаат многу следни генерации. Ќе кажеме и за изолацијата од Европа и од Америка, поради корупцијата и пљачката. За предавството од националните интереси и безбедност со мигрантите“ – рече Филипче, додавајќи дека граѓаните треба да знаат дека не се сами, дека СДСМ е тука да се бори за нив. порача дека на државата ѝ е неопходна јасна визија и програма што ќе понуди излез од состојбата во која се наоѓа.
„Критиката не е доволна. Лутината е гориво, но потребна ни е визија. Ние, нудиме нешто друго, ново, поинаку. Мора да понудиме засолниште од ова лудило.“, рече Филипче на 31. Конгрес на СДСМ. Тој нагласи дека платформата и програмата на СДСМ се темелат на директен договор со граѓаните и на економски модел што го става човекот во центарот на политиките.
Во однос на она што беше круцијално треба да се потенцира делот во кој се осврна на програмските цели. На пример она – „нашата платформа и програма е договор со секој граѓанин. Ние нудиме економија на достоинство, економски модел во кој централна фигура е човекот и неговите потреби. Економска стратегија која се фокусира на тоа како парите кои вие ги плаќате во буџетот да се вратат повторно кај вас преку повисоки плати, подобро образование, подобро здравство, повисоки пензии“ – порача претседателот на СДСМ.
Во тој контекст тој потенцираше дека СДСМ нуди системски решенија за работниците, младите и пензионерите, засновани на социјална правда и европски вредности.
„СДСМ се залага не само за едноставна минимална плата, туку за достоинствена плата за живот. Систем каде што профитот не е забранет, но алчноста е оданочена. Враќањето на парите кај граѓаните, не преку лажни мерки, туку преку системски инвестиции во секој аспект на приходите и услугите кои вие како граѓани ги добивате од државата. За младите, држава која е дигитален центар, а не извозник на евтина работна сила или на наши креативни умови. За пензионерите, престанок на милостината пред избори. Гарантиран раст на пензиите кој ја следи инфлацијата, за да не мораат да бираат меѓу лекови и храна. За работниците, ќе бидеме штитот кој ќе ги брани од самоволието на газдите кои оваа сегашна власт ги штити, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, додавајќи дека задолжувањето што го прави владата на ВМРО-ДПМНЕ не е грешка, тоа е финансиско злосторство врз иднината на нашите деца. „Да бидеме целосно искрени за тоа што ни го прават. Ова не е само неспособност. Кога не чистиш снег или ѓубре во Скопје, тоа е неспособност. Но, кога го креираш Буџетот за 2026 година со дупка од две милијарди евра и за тоа треба да стигне ново задолжување, тоа не е грешка, тоа е осмислен невооружен грабеж на оваа држава“, истакна Филипче. Тој додаде дека ваквото задолжување е сериозно финансиско злосторство со долгорочни последици. Тоа е финансиско злосторство против иднината на децата. Тие пари не исчезнуваат во воздух. Тие пари се прелеваат во џебовите на нивната олигархија, додека граѓаните ќе ја плаќаат сметката преку инфлацијата која им го јаде лебот“, рече претседателот на СДСМ“, рече Филипче.
ја живеат граѓаните е далеку од сликата што ја пласира Владата.
„Дали некој се чувствува како да живее во четвртата економија во Европа, денес јавно прашувам. Одговорот сите многу добро го знаете. Што ни донесоа за овие речиси две години власт? Ни донесоа брутално отрезнување. Тие ветија гордост, а ни донесоа до питачки стап. Ветија реформи, а донесоа грабеж од епски размери. Донесоа тендери за своите блиски луѓе, донесоа грабеж на европски пари од кои сите ние се срамиме“, рече Филипче.
Претседателот на Ссоцијалдемократскиот сојуз на СДСМ, Венко Филипче, во обраќањето на 31- от Конгрес на СДСМ, порача дека партијата има јасна и недвосмислена одговорност кон татковината и дека нема да дозволи Македонија да биде третирана како плен.
СДСМ, добро знае што значи зборот одговорност кон татковината. Другите ја гледаат Македонија како плен, како територија за владеење, ние ја гледаме како дом – рече Филипче.
„Денес, не стојам тука пред вас само како претседател на партија. Стојам како човек кој со жалење гледа како се спушта една тешка, оловна завеса над нашата татковина“, рече Филипче, предупредувајќи дека „се враќаат духови од минатото за кои мислевме дека сме ги победиле“.
Тој додаде дека токму СДСМ има обврска да застане на браникот на државата.
„И знам, исто како што знаете и вие, дека ако ние, наследниците на партизаните, на државниците, на визионерите не ја кренеме таа завеса, никој друг тоа нема да го стори. Ова е собир за спас на македонското достоинство и за одбрана на она што е наше“, порача Филипче.
Во своето обраќање на Конгресот, Филипче повика на соочување со вистинската реалност во која живеат граѓанитем, осврнувајќи се на политиките на власта, која како што каже се што вети претвори во длабоко разочарување.
„Дали сме подготвени да ја прифатиме таа битка? Погледнете што се случува надвор. Погледнете ја реалноста, не онаа од лажниот ПР на Владата, туку онаа од фрижидерот на работникот. Донесоа тендери за своите блиски луѓе, донесоа грабеж на европски пари од кои сите ние се срамиме“, рече претедтелот на СДСМ, Венко Филипче.
Филипче: СДСМ нема да биде контролирана опозиција
На 31. Конгрес на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, претседателот Венко Филипче испрати јасна и недвосмислена порака дека СДСМ нема да дозволи да биде поделена, замолчена или претворена во контролирана опозиција, нагласувајќи ја историската улога и одговорноста на партијата во клучни моменти за државата.
„СДСМ, другари и другарки, е имунолошкиот одбранбен систем на оваа држава. Кога национализмот ќе почне да го јаде ткивото на општеството – ние сме лекот. Кога омразата ќе се обиде да нè скара сосед со сосед – ние сме врзивното ткиво. Кога режимот ќе се обиде да ја замолчи слободната мисла – ние сме гласот што грми. Низ историјата, кога и да се спуштел мрак, кога и да завладеел страв, СДСМ бил факелот што го покажувал патот кон излезот. Така беше во 90-тите, така беше во 2016-та, и ви ветувам – така ќе биде и сега!“ рече Филипче.
Во обраќањето, Филипче остро предупреди на обидите за создавање контролирана опозиција и за разбивање на СДСМ преку нови движења и „тројански коњи“.
„Првиот напад се случи во 2021 година. Се формираше движењето ЗНАМ, гласачите се збунија. Поверуваа во пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ. Сега планот е повторно ист. ВМРО сака контролирана опозиција во Македонија, опозицијата да се подели и да се раситни за да може секој еден сегмент само тие да го контролираат. Целосни и потполни послушници, подизведувачи на власта. Со ЗНАМ успеаја, сега јасно и гласно кажувам – нема планот да ви успее. СДСМ од ова излегува посилен, подобар и покомпактен. Порачувам од овој конгрес: нема да нè скршите, нема да нè замолчите, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија никогаш не била и нема да биде контролирана опозиција.“ додаде тој.
Од поранешните претседатели на партијата, на конгресот присуствуваа Владо Бучковски и Димитар Ковачевски. Отворениот дел госледеа и делегации од ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, како и од нивните помали коалициони партнери
(Љ.К.)




