Лидерот на СДСМ оценува дека одлуката на Парламентот бараше одговорност и зрелост од пратениците

Денешната одлука на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери да не го поддржат Законот за помош на семејствата на загинатите и повредените од Кочани, за мене е вистинско разочарување, ова беше можент на одговороност и зрелост а не за политички инает, истакна претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, по денешната собраниска седница на којашто пратениците од ВМРО ДПМНЕ не го подржаа предлог законот на СДСМ да се најде на дневен ред.
„Од првиот ден по трагедијата во Кочани, СДСМ се однесува со целосна почит, сочувство и одговорност за семејствата на загинатите и повредените.
Не ловевме политички поени, не обвинувавме и дадовме целосна поддршка за институциите да ја завршат работата. Го ставивме страдањето на нашите сограѓани над политиката. Покажавме емпатија и конструктивност – и како партија, и како поединци.
Во тој дух поднесовме закон со кој се обезбедува финансиска помош за семејствата на загинатите и повредените. Без никакави политички намери, со јасна цел – да им помогнеме на оние што изгубија најмногу.
Денешната одлука на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери да не го поддржат овој закон за мене е вистинско разочарување. Не можам да најдам разумно објаснување за оваа постапка. Не станува збор за политика, туку за човечност, морал и совест кои очигледно пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги немаат.
Државата мора да покаже дека стои зад своите граѓани кога е најмногу потребно. Ова не беше момент за политички инает, туку за заедничка грижа. СДСМ ќе продолжи да се бори за вистински вредности и да нуди и дава поддршка таму каде што најмногу треба“, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Со жалење мораме да констатираме дека политичката матрица на ВМРО-ДПМНЕ се граничи со секташтво па дури и по цена да се дотура сол на раната на семејствата на починатите и повредените од трагедијата во „Пулс“ во Кочани, оценуваат социјал демократите.
Неверојатно тешко и мачно беше да се слуша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани Миле Лефков кој со неверојатна леснотија и ноншалантност констатираше дека носењето на Закон за помош на семејствата на загинатите и повредените во Кочани било „поддржување на корупцијата“. Срамота е ВМРО-ДПМНЕ да посочува некој за корупција, кога токму во ваше време благодарение на партиските кадри и расцветаната корупција во Кочани резултираше со оваа трагедијација на семејствата на загинатите и повредените. Срамота е ВМРО-ДПМНЕ да посочува некој за корупција, кога токму во ваше време благодарение на партиските кадри и расцветаната корупција во општина Кочани, ОВР Кочани, ДПИ и УЈП резултираше со оваа трагедија.

Со корупција се обидувате да ги сокриете одговорните.
Забеганоста да биде уште посериозна, Лефков без срам и перде зборува за „кадровско освежување“ во Кочани. Без срам Лефков најавува нови партиски вработувања, нови тендери и повторно злоупотребување на трагедија за нивно лично богатење и партиски интерес.
Достоинствен човек би се сокрил и би престанал да се занимава со политика по ваква трагедија во неговиот град, наместо да мудрува и дополнително да ги разјарува раните и тагата на родителите на починатите од трагедијата во „Пулс“.
Жалам што ВМРО-ДПМНЕ не смогна сили да излезе од тесно партиските интереси и да го поддржи законот за помош на настраданите во трагедијата во Кочани, во која животот го загубија 62 лица, а повеќе од 200 беа повредени, истакна пратеникот на СДСМ Миле Талески во дебатната емисијата „24 Анализа“ на ТВ24.
Талески нагласи дека целта на овој закон е веднаш да им се излезе во пресрет на граѓаните, на семејствата, на повредените, на сите коишто настрадаа во оваа трагедија и никому не му паѓа на памет да го политизира или да лови некакви политички поени на целиот овој настан.
– Предлог законот предвидува да им се помогне на семејствата кои изгубиле член, да им се помогне на повредените со сериозни средства од 1,5 милиони до 5 милиони денари, врз основа на степенот на инвалидитет, да им се помогне на семејствата полесно да се справат и во делот на работните обврски, предвидува 6 месеци платен одмор, да им се помогне на учениците кои подолго време отсуствуваат од настава, рече Талески.
Пратеникот на СДСМ уште еднаш упати апел да се донесе законот додавајќи законското решение во собраниска процедура може да се допрецизира со амандмани, бидејќи на овие граѓани подршката им е потребна час поксоро.
– Не треба да има некакво политичко надмудрување. Без разлика дали сме власт или опозиција, треба да се излезе надвор од тие теснопартиски интереси, на оние граѓани им е потребна помош и поддршка, рече Талески.

Талески го запраша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани Миле Лефков дали сега може да им погледне во очи на сограѓаните од Кочани откако не го поддржа ова законско решение.
– Безобразно е вие да седите во Собрание, да се предлага закон за Кочани, да им се помогне на семејстава, на кои им настрадале најблиските и има 200 повредени, а вие да молчите. Беше потребна мала човечка доблест од ваша страна да го поддржите законот, не да чекате наредби од Бела палата, нагласи Талески.
Во врска со истрагата за трагедијата во Кочани, Талески истакна дека сите бараат правда и правдата колку и да е спора мора да излезе на виделина.
– Џабе декларативни заложби од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Ја пропуштија шансата да им веруваме, нагласи пратеникот на СДСМ Миле Талески во емисијата „24 Анализа“ на ТВ24.
Пратеничката од СДСМ, Јована Тренчевска, остро реагира на срамната и небулозна изјава на Миле Лефков, кој по два месеци молк излезе со став дека со предлог-законот за поддршка на семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани се рушел правниот поредок.
„Преслушај се уште еднаш, Лефков, верувам ќе се засрамиш од вакви изјави.“ – реагираше Тренчевска.
„Закони за интервенција во случаи на вакви трагедии постојат насекаде во светот. Тоа е суштината на законодавството – да се создадат механизми за брза реакција и институционална поддршка за семејствата кои се соочуваат со ваква голгота. Да потсетиме, постои и Закон за бранителите кој предвидува конкретни поволности за одредена категорија граѓани – и никој тогаш не зборуваше за „рушење на правниот поредок“. – пишува на својот Фејбук профил Тренчевска.
Таа вели дека очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ нема ниту чувство за срам, ниту одговорност. Лефков ја отвори вратата, а сега сите по ред од ДПМНЕ ќе ја повторуваат истата мантра.
„Ништо не научивте од трагедијата во Кочани. Не само што не понудивте решение, туку не успеавте ниту да се соочите со болката на семејствата, ниту да му помогнете на градот. Наместо поддршка – навреди. Наместо одговорност – политички игри. Дното одамна е пробиено“ – завршува Тренчевска.