Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ФИЛИПЧЕ: ПЕНЗИОНЕРИТЕ СЕ ИЗЛАЖАНИ ОД ОВАА ВЛАСТ

April 21, 2026 Filed Under: Македонија

Дупката во ПИОМ изнесува 50 отсто. За зголемување веќе никој не зборува а оваа власт дојде на кормилото на државата токму со ветувања за зголемување на пензиите – вели шефот на опозицијата

ИЗМАМЕНИ Миџкоски дојде на власт со лажни ветувања за пензионерите – вели Филипче

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервјуто во емисијата „На Подиум“ на Ора24.тв, нагласи дека пензионерите се излажани од владата на ВМРО-ДПМНЕ, која со лажни ветувања ја доби нивната поддршка, а потоа им скрати од пензиите.

„Да потсетам дека со една лажна кампања ги придобија премиерот и ВМРО-ДПМНЕ симпатиите на пензионерите за да после ги излажат. За практично парите да им ги скратат и им ги украдат. Нема соодветно зголемување на пензиите сега. За зголемување веќе никој не зборува. Ќе им дадат линеарно 1.000 денари, а ако се задржеше нашиот систем, најниската категорија, ќе добиеше 1.300 до 1.400 денари, и ќе одеше до 2.500 или 3.000 денари зголемувањето“, рече Филипче.

Во интервјуто тој предупреди и на сериозната состојба во пензискиот фонд, потенцирајќи дека постои ризик за исплатата на пензиите во иднина.

„Нашите анализи кои што се од експерти во финансии, со реални прогнози, се дека ќе има огромен недостаток на финансиски средства за да се исплатат плати и посебно пензии, затоа што дупката во пензискиот фонд е 50%. Ние ја оставивме со 30%. За 20% се зголеми дефицитот од пари во пензискиот фонд, не знам како ќе оди исплатата на пензиите.“, рече Филипче.

Притоа, Филипче посочи дека од сегашната криза се погодени и пензионерите, особено оние со најниски пезнии и потсети дека СДСМ во најголемите кризи имаше антикризни мерки и за пензионерите.

„Имаше посебни пакети финансиска помош директна до одредени категории на граѓани. Конкретни соодветни суми на пари добиваа пензионерите“, рече Филипче.

Filed Under: Македонија

АНАЛИЗА: ИНФЛАЦИЈАТА САМО КАЈ ХРАНАТА СКОРО 7 ОТСТО
ФИЛИПЧЕ: ПЕНЗИОНЕРИТЕ СЕ ИЗЛАЖАНИ ОД ОВАА ВЛАСТ
ДАЛИ Е РАДЕВ УМЕРЕН ОРБАН? – КАКО ГО ОЦЕНУВААТ СТРАНСКИТЕ МЕДИУМИ ПОБЕДНИКОТ НА ИЗБОРИТЕ
ВОЈНА БЕЗ ВИДЛИВ ФРОНТ Размена на исфрлени ракети е клулна карактристика на послдната војна на Блискиот исток
НОВО ЗАOСТРУВАЊЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК: ПРИМИРЈЕТО ТОНЕ ВО ВОДИТЕ НА ОРМУЗ

Најново

  • АНАЛИЗА: ИНФЛАЦИЈАТА САМО КАЈ ХРАНАТА СКОРО 7 ОТСТО
  • ФИЛИПЧЕ: ПЕНЗИОНЕРИТЕ СЕ ИЗЛАЖАНИ ОД ОВАА ВЛАСТ
  • ДАЛИ Е РАДЕВ УМЕРЕН ОРБАН? – КАКО ГО ОЦЕНУВААТ СТРАНСКИТЕ МЕДИУМИ ПОБЕДНИКОТ НА ИЗБОРИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet