Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ФИЛИПЧЕ ПРОТИВ КОЧОВСКА ОКОЛУ РАСТОТ НА ПЛАТИТЕ

June 10, 2025 Filed Under: Македонија

Очевидниот маневар на Владата да ги вклучи своите сателитски синдикати во расправата за социјалните прашања е само отворање на пат во стопирање на расправата за стандардот и потрошувачката кошничка. Што вели за оваа тема министерката за финансии а што лидерот на СДСМ

ФИЛИПЧЕ Граѓани, будете гладни за да нема инфлација – ви кажува министерката

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на неодамнешната прес конференција, како одговор на новинарско прашање, рече дека растот на просечната национална плата врши притисок на инфлацијата и поради тоа таа тешко се зауздува во земјата.

– Просечната плата ќе расте поради тоа што нема доволно работна сила и компаниите во приватниот сектор имаат проблем со ова. Кога се трудите да привлечете добар работник од некоја друга компанија, бидејќи се вртат истите работници, а немаме ние нова работна сила која што би ја понудиле, сега се трудиме еве нешто да направиме во тој дел со преквалификации, одредени промени на закони, но за сето тоа треба време.

Проблемот со инфлацијата и просечната плата – рече таа – е комплексен и треба време да се среди. Кажувам и повторувам дека ние работиме во континуитет во тој дел и не сме застанале, рече министерката.

За Димитриеска Кочоска единствено решение е да се стимулира вработувањето меѓу оние 100.000 невработени лица.

Таа додаде и дека се подготвуваат измени со увозни олеснувања заради финансиски олеснувања на преработувачката индустриуја во прехранбениот сектор.

Министерката рече дека загрижува тоа што храната и натаму е скапа иако многу средства се одделуваат за субвенционирање во земјоделството.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, како своевиден одговор на денешната средба со граѓани во Прилеп, остро ја критикуваше економската политика на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

КОЧОВСКА Нема доволно работници и стопанството мора да ја качува плата ама…

Филипче истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е пример за водење лоши економски политики кои ја туркаат државата во криза.

„Како ВМРО-ДПМНЕ ја менаџира државата? Никако. Тие се класичен пример за тоа како не се води држава – со лоши економски политики. Со цени коишто растат, без никаква иницијатива од Владата и покрај сите механизми коишто ги имаат да ги исконтролираат. Дадено им е на маркетите отворени раце да прават што сакаат. Нема никаква иницијатива за да растат платите,“ рече Филипче.

На маалската средба, Филипче ја осуди изјавата на министерката за финансии дека инфлацијата не може да се контролира ако растат платите.

„Излегува министерката за финансии и вели: ако растат платите, не може да се контролира инфлацијата. А што им кажува на граѓаните? Бидете гладни за во државава да нема инфлација. Јас не знам како не ѝ е срам. Не знам со кој образ излегува да го каже тоа. Ние ги зголемувавме платите во најголемите кризи,“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

 

Filed Under: Македонија

БЛУМБЕРГ: ДА НЕ СЕ ЛАЖЕМЕ ЗА МИГРАНТИТЕ
ДАЛИ ДА ГЛАСА ДИЈАСПОРАТА НЕ Е ВИСТИНСКОТО ПРАШАЊЕ
ЖИЖЕК: ДАЛИ СТЕ СВЕСНИ ДЕКА ДЕНЕШНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ СТАНУВААТ СЕ ПОГЛУПАВИ СЕКОЈ ДЕН!
ЦРНОБУКИ ГО ПРИВЛЕКУВА ИНТЕРЕСОТ
КОГА БИЗНИС И ПОЛИТИЧКИТЕ МОЌНИЦИ СТАНУВААТ УРЕДНИЦИ: ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ КАМЕРИТЕ?(1)

Најново

  • БЛУМБЕРГ: ДА НЕ СЕ ЛАЖЕМЕ ЗА МИГРАНТИТЕ
  • ДАЛИ ДА ГЛАСА ДИЈАСПОРАТА НЕ Е ВИСТИНСКОТО ПРАШАЊЕ
  • ЖИЖЕК: ДАЛИ СТЕ СВЕСНИ ДЕКА ДЕНЕШНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ СТАНУВААТ СЕ ПОГЛУПАВИ СЕКОЈ ДЕН!

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet