Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ФИЛИПЧЕ СО НОВА ИН ИЦИЈАТИВА ЗА ОТВОРАЊЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ СО БРИСЕЛ

September 3, 2025 Filed Under: Македонија

Потребен е државнички пристап за одблокирање на евроинтеграциите, Мицкоски одбива секаков предло – смета шефот на најголемата опозициона партија

ФИЛИПЧЕ Навистина жалам што премиерот еднаш бара конструктивност, а другпат било каков предлог одбива

Потребен е државнички пристап за одблокирање на европските интеграции, жалам што премиерот еднаш бара конструктивност, а потоа одбива секаков предлог, рече денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање коментирајќи го одбивањето на предлогот за заедничка Резолуција во македонското Собрание за црвените линии како механизам за заштита на државните и национални интереси од страна на премиерот Мицкоски.

Навистина жалам што премиерот еднаш бара конструктивност, а другпат било каков предлог одбива. Дали е тоа дел од предизборниот фолклор или не имајќи предвид каква кампања водеа минатата година, сега јас навистина не можам да кажам, но факт е дека ништо не се случува на полето на евроинтеграциите, а регионот оди напред. Оди напред Албанија, оди напред Црна Гора со веќе конкретен план дека до 2027 или 2028 година преговорите тие целосно ќе ги завршат. Ние практично сме во фаза како практично преговорите да сме ги напуштиле. И тоа е најлошото нешто што може да ни се случи, рече Филипче, кој денеска присустуваше на настанот на откривање на муралот во чест на 40 години од првото емитување на култната детска серија „Бушава азбука“.

Тој најави дека СДСМ ќе изготви документ со јасни позиции за европските интеграции.

-Ќе спремиме еден документ којшто ќе биде работна верзија, кој ќе го понудиме во текот на оваа недела, во којшто сметам дека ќе влезат сите аспекти коишто се важни за државата. Ќе ги споменеме сите претходни декларации, ќе ги споменеме обврските коишто се преземени во рамките на Францускиот предлог и ќе дадеме предлог како ние како СДСМ сметаме дека треба да се продолжи понатаму, со јасни и точни црвени линии, конечно да знаеме сите на една маса за што зборуваме и како да продолжиме напред, нагласи Филипче.

Тој предупреди на последиците од блокадата на процесот потенцирајќи дека младите се повеќе ја гледаат иднината надвор од државата.

-Тоа што сега се случува е практично само прво губење време, понатаму огромен раст на разочараноста на граѓаните затоа што ништо не се случува на тоа поле, младите се повеќе ја гледаат иднината надвор, губиме средства поради тоа што не се спроведува ни реформската агенда, посебно во делот на правосудството. Еве околу 80 милиони евра државата изгуби затоа што ниту еден закон којшто требаше согласно планот за раст не беше поднесен од страна на Министерството за правда, рече Филипче.

Тој додаде оти смета дека навистина треба државнички да се настапи за да се одблокира тој процес на евроинтеграција.

Filed Under: Македонија

ЗАПОЧНА СО ДИСТАНЦИРАЊЕ
ЕНЕРГЕТИКАТА ВО МАКЕДОНИЈА КАКО ГРЕШКА ВО ЧЕКОРИ
Воена парада во Кина: Путин, Ким Џонг Ун доаѓаат…
40 ГОДИНИ „БУШАВА АЗБУКА“: ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ СО МУРАЛ ВО ДЕБАР МААЛО
СOВРШЕНИ ЖРТВИ (1)

Најново

  • ЗАПОЧНА СО ДИСТАНЦИРАЊЕ
  • ЕНЕРГЕТИКАТА ВО МАКЕДОНИЈА КАКО ГРЕШКА ВО ЧЕКОРИ
  • Воена парада во Кина: Путин, Ким Џонг Ун доаѓаат…

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet