Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ФИЛИПЧЕ УКЛАЖУВА ДЕКА ПУЧИАСТИТЕ ОД НЕГОВАТА ПАРТИЈА СЕДАТ СО ЛЕВИЦА

October 8, 2026 Filed Under: Македонија

Тоа е проруска партија која вели дека „НАТО убива за профит“, а сега бараат промени во СДСМ! Фво меѓувреме пучиститњ се обидуваат да ги нападнат и другите „ривали“ од другите партии ама од Левица – не!

ТОА СЕ ТИЕ Во мигот т.н. пучисти се оградуваат од другите партии но не и од Левица

Пучистите кои бараат промени во СДСМ седнаа на иста маса со Левица, партија која отворено застапува руски и кинески интереси и која, при посетата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Собранието истакна транспарент „НАТО убива за профит“, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
„Вчера видовме на едно место мала група на поранешни функционери на СДСМ, но и членови на други партии, на ЛДП, луѓе од ЗНАМ и Левица, партијата која што има целосно спротивни вредносни политики од нашите. Партијата која што при гостувањето на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, држеше транспарент во Собранието: „НАТО се убијци“. Сите тие седнати на едно место, сите сателити на Христијан Мицкоски“, рече Филипче.
Тој посочи дека поранешните функционери една година наназад работат против партијата, роварат, зборуваат со луѓе, шират невистини, клевети и лаги, а сега излегуваат во јавноста, токму во момент кога СДСМ открива скандали и криминали на власта.
Филипче ги посочи прашањата поврзани со дата-центрите, водата за земјоделците, петте нови рудници, економските и финансиските политики, задолжувањето, состојбата во земјоделството, минималната плата и пензиите, како и Ходник дипломатијата на Мицкоски.
„Ете затоа излегуваат сега и затоа ги праќа Христијан Мицкоски да нè дефокусираат, за да ни го одземат вниманието. Ама нема да успеат. И овој обид и овој дефокус, овие пучисти, овие шемаџии, ништо нема да направат. Се среќаваат и седат на маса со Левица. Левица, партијата која што отворено соработува со Русија и со Кина. Тоа ли се нивните принципи и вредносни политики?
Оваа партија дала заменик генерален секретар на НАТО, а тие седат со луѓето кои што во Собрание држеа транспарент дека НАТО е убиец“, рече Филипче.

Како одговор на овие обвиненија Платформата за смена на Филипче „удри“ и по ЗНАМ, Заев, Црвенковски и ВМРО-ДПМНЕ, но не се забележа критика кон Левица!

Инаку обвинетиот Ќурчиев од Платфопрмата (дека добил „масен тендер“ од власта) најави кривична пријава за тие тврдењата дека е управител на фирма што добила привилегија.

Платформата за промени во СДСМ, која сака да го смени Венко Филипче од лидерската позиција, претходната недела уверуваше дека е „јасна, гласна и опозициска“, а како потврда го нарече владеењето на ВМРО-ДПМНЕ катастрофално, ЗНАМ го оцени како клиентелистичка партија создадена со политички инжинеринг,  се огради од политичкото наследство на Зоран Заев, но се огради и од Бранко Црвенковски – со кого најчесто ја поврзуваат.

Според објавата во Независен, СДСМбилае на „егзистенционален минимум“ со рејтингот и, ако не си оди актуелниот лидер, ќе исчезне како партија поради што се решени да помогнат така што ќе ја обединат опозицијата и без Филипче на лидерската функција, ќе ја направат предводник на промените во државата.

„Ние никогаш нема да повикаме да се гласа против СДСМ. Нема да формираме ни политичка партија, нема да излеземе со независни листи, а зад нашата платформа не стои ниту пак ќе стои бизнисмен што нѐ финансира“, порачаа во кратки црти Игор Ивановски, Емилијан Станковиќ, Славјанка Петровска, Александар Ќуркчиев, Андреј Петров и Гордан Георгиев на една прес-конференција.

Според нив, целта е да ја преземат партијата додека има време да ѝ се поправи рејтингот, но тоа нема да го направат организирајќи „Панорама два“, туку ќе дејствуваат во СДСМ со демократски средства. Најавија нов собир за в сабота на кој ќе ги претстават идните чекори, а ако Филипче не одговори така како што бараат, ќе ги објаснат следните чекори подоцна.

„Имаме обврска да разговараме за внатрешните состојби во СДСМ“, рече Ивановски, оценувајќи дека сега има парадоксална ситиација: имаме влада со висок рејтинг кој не е резултат на мерливи резултати и постигнувања. Според него, оваа влада е кандидат да биде запаметена како една од најлошите што ги имала Македонија изминатите 35 години,, бидејќи не води никаква борба против корупцијата, затајува во сервисните политики кон граѓаните, ја изгуби битката со инфлацијата, Македонија се соочува со висока неликвидност бидејќи не ги плаќа обврските кон компаниите, бидејќи е зависник од краткорочни позајмици од реалниот сектор, со порака – ако првите две години од мандатот некој не прави реформи, какви се шансите да направи последните две?

Парадоксот, пак, дека и натаму има највисок рејтинг го најде во немањето алтернатива, обвинувајќи дека има „тотално осмислена и договорена политика меѓу власта и опозицијата (Христијан Мицкоски и Венко Филипче), првиот да купува време, а вториот да купува слобода“. Затоа, според него. се вулгаризира политиката и се држат како што рече циркус прес-конференции, при што бескрајно се злоупотребува прашањето со Бугарија како дефокус на  јавноста.

„Не можат сега да едрат против ветерот“, ја опиша оваа состојба Емилијан Станковиќ, а Игор Ивановски го дополни со оценката дека во СДСМ сега треба да влезат подобри и попаметни луѓе, откако претходно се оградија и од Заев и од Црвенковски. Како потврда на тврдењето дека СДСМ функционира како штит на ВМРО-ДПМНЕ тој го отвори и прашањето: зошто никој не го бара Васко Ковачевски, покрај останатите што требаше да одговараат за криминал, а се на слобода?

Андреј Петров, пак, посочи дека има случаи човек што работел со министер на една страна да стане министер на друга, но нема случај –  да стане лидер на политичка партија. Особено што, како што наведе, кога тие биле дел од Пленумот и биле тепани за тоа, Филипче бил дел од режимот, т.е. контрапленумот, а кога штрајкувале тој исто бил контра штрајкувачите.

Тој посочи сепак дека не ја гледа одговорноста за состојбата со СДСМ само во Филипче и дека за неа придонеле и другите претходно, па и дека има девастација во партијата исто како и во општеството, така што останато е само што е клиентелистичко, дотаму што тие што се на функција денес претходно не би биле ни дел од помошниот персонал.

„Ние нема да бидеме мршојадци. Подготвени сме  сега да ја преземеме СДСМ, иако знаеме дека оди кон пораз. Ќе направиме подобар резултат. СДСМ е на егзистенцијален минимум, нема да чекаме“, рече Петров.

Filed Under: Македонија

МИНИМАЛНАТА ПЛАТА НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ ПОТВРДА НА СИРОМАШТИЈАТА!
МИЏКОСКИ УШТЕ НА СТАРТОТ ГО ПОСТАВИ ДИЈАЛОГОТ СО СОФИЈА НА СТАКЛЕНИ НОЗЕ
ОСТАВКАТА НА АЛЕКСАНДAР ВУЧИЌ. СОЛЗИТЕ СЕ ВО РЕД
ЛОШИ ПЕРСПЕКТИВИ: ГЕНЕРАЦИЈАТА Z САКА МИЛЕН ИУМЦИТЕ ДА СЕ ПЕНЗИОНИРААТ ЗА ДА ИМААТ РАБОТНИ МЕСТА
ЧЕТИРИЕСЕТ ГОДИНИ ОД МЕМОРАНДУМОТ НА САНУ: СРБИЈА НА ПАТ ИЛИ НА ЗАОБИКОЛЕН ПАТ

Најново

  • МИНИМАЛНАТА ПЛАТА НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ ПОТВРДА НА СИРОМАШТИЈАТА!
  • МИЏКОСКИ УШТЕ НА СТАРТОТ ГО ПОСТАВИ ДИЈАЛОГОТ СО СОФИЈА НА СТАКЛЕНИ НОЗЕ
  • ОСТАВКАТА НА АЛЕКСАНДAР ВУЧИЌ. СОЛЗИТЕ СЕ ВО РЕД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet