Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ФИЛИПЧЕ: УШТЕ СЕГА НИ НЕДОСТАСУВААТ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА ВО БУЏЕТОТ

January 21, 2026 Filed Under: Македонија

Има пари коишто се зимаат само за да се троши без никаква инвестиција во капитални објекти, имаме ризик од мигранти коишто треба да дојдат за пари, коишто исто така нема сериозен демант – коментира шефот на социјал-демократите

ВИСТИНА Во Парламентот требаше да се донесат 12 закони а се донесе само еден на крајот на годината и тоа парцијално донесен – вели Филипче

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, нагласи дека власта нема вистинска волја за суштинска дебата и решенија кои ќе го подобрат животниот стандард на граѓаните, додека државата секојдневно се презадолжува и економската состојба се повеќе се влошува.

„За жал, ние не видовме волја од оваа власт за нешто вистински да се дебатира. Имавме многу повици, имавме многу предлог-закони за раст на платата, стандардот тоне на граѓаните од ден на ден, државата се презадолжува. Секој ден е ново задолжување, имаме 2 милијарди коишто недостасуваат само сега во буџетот“, рече Филипче.

Притоа, Филипче укажа дека власта ги троши буџетските пари без јасен развоен ефект и без инвестиции во капитални проекти.

„Има пари коишто се зимаат само за да се троши без никаква инвестиција во капитални објекти, имаме ризик од мигранти коишто треба да дојдат за пари, коишто исто така нема сериозен демант, ниту пак ја потпишаа нашата предлог-декларација“, изјави  Филипче.

Тој додаде дека сите суштински прашања може и мора да се дебатираат доколку постои вистинска политичка волја.

„Така што, ако има вистинска волја да се води државата така како што треба, така како што стратешките правци биле изминативе 30 години вистински кон Европската Унија, се може да се дебатира во Собранието. Ние ќе ги иницираме оние аспекти коишто се важни и кои се во интерес и корист на сите граѓани, а не само едни аспекти коишто им одговараат само на оваа тендерска власт“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање нагласи дека на владата не и се важни реформите за европската иднина на државата и нема искрена намера да ја води земјата кон Европската Унија, туку единствено се грижи за бизнис-интересите на мала група блиска до ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа што ништо не исполнија од договореното досега и тоа што еве полека ја разоткриваме нивната власт, е дека само еден голем бизнис за една мала група на луѓе блиска до ВМРО-ДПМНЕ, значи дека немаат намера, исто како и досега, да сработат нешто од реформската агенда“, рече Филипче.

Тој додаде дека на граѓаните треба да им е јасно дека со оваа влада нема реформи, туку само лажна пропаганда и спроведување на нивните бизниси.

„Се е една лажна пропаганда со цел нивните бизниси во позадина да тераат. Нема збор за сомнителниот капитал од АЛТА банка, нема збор за тендерите 161 тендер милионски тендери за компании вчера регистрирани на луѓе блиски до ВМРО-ДПМНЕ, средби со луѓе на вицепремиерот, со луѓе блиски до Путин. Премиерот кажува реформската агенда. Сега требаше многу работи да се случат, за жал разоткриени се“, рече Филипче.

Притоа, Филипче посочи дека владата на ВМРО-ДПМЕ целосно ја закочи европската иднина на државата.

„Имаа можност, 12 закони требаше да се донесат во 2025 година. Се донесе само еден на крајот на годината и тоа парцијално донесен, без сите препораки од Европската Унија, што е доказ дека тие само сакаат нешто да направат, евентуална реформа, колку да се каже дека нешто се работи од временската агенда, но не вистински да се реформира“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Премиерот Мицкоски треба да каже зошто спиеше две години и ништо не исполнија од реформската агенда, укажа претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање. Филипче потсети дека Мицкоски со досегашните политики покажа дека целосно ја закочи европската иднина на државата.

„Имаа можност, 12 закони требаше да се донесат во 2025 година. Се донесе само еден на крајот на годината и тоа парцијално донесен, без сите препораки од Европската Унија, што е доказ дека тие само сакаат нешто да направат, евентуална реформа, колку да се каже дека нешто се работи од временската агенда, но не вистински да се реформира, посебно овој дел, во делот на правосудството, каде што граѓаните навистина очекуваат нешто вистински, позитивно да се случи“, рече Филипче.

Тој додаде дека владата на ВМРО-ДПМНЕ нема направено ниту еден чекор за почеток на преговорите со ЕУ.

„Значи, оваа влада, освен што по пола мандат, којшто веќе е поминат од четирите години од мандатот на Владата, не направи ништо со реформите, не направи ништо ниту пак со уставните измени за да ние почнеме вистинските преговори и отворањето на кластерите и поглавјата со Европската Унија“, рече Филипче.

Притоа, Филипче укажа дека во новиот извештај којшто е стигнат и најавата за работата на новото кипарско претседателство не е спомната Македонија.

“Се спомнува кратењето на фондовите од Европа, поради тоа што е владата ваква каква што е. Премиерот кажува реформска агенда. Сега требаше многу работи да се случат, за жал, разоткриени се. Ние ќе поддржиме сè што треба да се поддржи за да земјата тргне напред“, нагласи Филипче.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека разговорите со Али Ахмети биле во врска со локалната самоуправа во Гостивар.

„Со Али Ахмети, прво разговаравме во врска со локалната самоуправа во Гостивар. Таму заеднички го поддржавме кандидатот од Алијанса. Градот има сериозни проблеми, потреби имаат граѓаните соодветни, реорганизација во однос на тоа како ќе се постави градоначалникот сега откако оваа наша поддршка му донесе и на него победа“, изјави Филипче.

Филипче, потенцираше дека нема никаква коалиција и изрази жалење што дел од политичките партии со тоа што отидоа на лидерската средба, летигимираа една власт која е навлезена во корупција и ја држат земјата во изолација.

„Јас кажав во неколку наврати, жалам што партиите што отидоа таму легитимираат за една ваква власт, навлезена длабоко во корупција, којшто ја држат земјата во изолација и на некој начин во медиумски мрак благодарение на кампањите со лажни вести коишто ги прават преку своите медиуми. Мислам дека ниту една политичка партија не треба да даде поддршка на ваква власт, затоа што со оваа власт тендерска коалиција на ДПМНЕ и ЗНАМ, Македонија нема иднина.“ рече Филипче.

Filed Under: Македонија

ТРЕНЧЕВСКА: БУЏЕТОТ ЗА ГОДИНАВА Е ИНДИКАТОР ДЕКА ЌЕ ИМА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ
И ЛАНИ ПИШУВАЧИТЕ НА РОМАНИ БЕА АКТИВНИ
НЕУСПЕШНИОТ „САМИТ“  ВО КЛУБОТ НА ПРАТЕНИЦИТЕ АКТИВИРА ОБВИНИТЕЛСКИ АМБИЦИИ КАЈ ВЛАСТА
ЦРНА ПРОГНОЗА АКО САД ГО ЗАЗЕМАТ ГРЕНЛАНД
ЕВРОПСКИ ОСКАР: ГЛАВНИТЕ НАГРАДИ ЗА НОРВЕШКИ ФИЛМ

Најново

  • ТРЕНЧЕВСКА: БУЏЕТОТ ЗА ГОДИНАВА Е ИНДИКАТОР ДЕКА ЌЕ ИМА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ
  • И ЛАНИ ПИШУВАЧИТЕ НА РОМАНИ БЕА АКТИВНИ
  • НЕУСПЕШНИОТ „САМИТ“ ВО КЛУБОТ НА ПРАТЕНИЦИТЕ АКТИВИРА ОБВИНИТЕЛСКИ АМБИЦИИ КАЈ ВЛАСТА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet