Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ФИЛИПЧЕ ЈА СПОРЕДИ ВЛАСТА СО ОНАА ВО ИРАН

March 3, 2026 Filed Under: Македонија

САД како стратешки партнер треба да знаат со каква власт имаат работа во Македонија

БРЗ ОДГОВОР Од ВМРО ДПМНЕ стигн брз одговор

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче ја обвини актуелната власт дека покажува карактеристики слични на авторитарните режими во Иран и Венецуела, наведувајќи дека државата се турка кон изолација, со партизирано правосудство и системска корупција. Филипче порача дека САД, како стратешки партнер, „треба да знаат“ со каква власт имаат работа во Македонија.

На овие тврдења остро реагираше ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи ги како манипулативни и бесцелни, и прашувајќи дали, според логиката на Филипче, поранешниот премиер Зоран Заев треба да се смета за „Ајатолах“. Од партијата обвинија дека СДСМ нема визија и дека изјавите претставуваат политички театар, а не конструктивна критика.

Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Во одговор на новинарско прашање за нападите на САД врз Иран, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, истакна дека Соединетите Американски Држави се наш стратешки партнер и дека откако ги исрпија сите механизми за преговори настапија кон еден таков напад, за доброто на народот во Иран, додавајќи дека очекува деескалација на ситуацијата.

„Соединетите Американски Држави се наш стратешки партнер и тие, откако ги исцрпија сите дипломатски механизми на преговори, настапија кон таков еден напад кон Иран и сметам дека таквиот напад и сè што се прави е во истиот контекст како што беше направена интервенцијата во Венецуела, а тоа е за доброто на иранскиот народ, како што беше и за доброто на народот во Венецуела“ рече Филипче.

САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела, додаде тој.

„Меѓутоа, добро е да се каже дека Соединетите Американски Држави, како наш стратешки партнер, треба да знаат дека овде во нашава земја има власт со многу слични карактеристики на тие авторитарни режими со кои тие се справуваат“, нагласи Филипче.

Тој посочи дека актуелната власт ја турка државата во изолација, иако европската интеграција е стратешки интерес и за Македонија и за САД и за целиот регион. Дополнителна загриженост предизвикуваат контактите со структури блиски до рускиот претседател Владимир Путин.

„Внимавајте, вториот човек на Владата не ги крие контактите со Ноќните волци, луѓе блиски до рускиот претседател Путин. Целосна е тотална партизација на правосудството. Премиерот именува, назначува, елиминира обвинители на телевизија. Очигледно е влијанието и партизирањето на судството“, истакна Филипче.

Претседателот на СДСМ потсети и на случајот со враќањето на Артан Груби, оценувајќи дека такви политички договори во кои судството и обвинителството се послушници не носат добро за државата. Тој нагласи дека премиерот дури и јавно најавувал дека ќе го пречека на граница, а истовремено институциите замижуваат пред сериозни безбедносни прашања, вклучително и трансферот на пет тони дрога преку граница, што, како што рече, не може да се случи без знаење на власта.

Филипче истакна дека власта ја гуши слободата на говор преку контрола и влијание врз медиуми, ширење дезинформации и носење резолуции со кои се ограничува просторот за опозицијата во парламентот.

Тој предупреди и на системската корупција, со стотици тендери доделени на фирми блиски до врвот на ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека станува збор за „терминално неспособен премиер и терминално неспособна влада“ без визија и капацитет да ја водат државата.

Во однос на Советот за безбедност, Филипче рече дека е добро е да се разговара но претседателката на државата мора да води сметка за состојбата во Армијата и појавата на шуга. „Меѓу другото, добро е претседателката да ја покрене и темата зошто, како врховен командант на Армијата, има шуга по касарните.“ рече Филипче.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат на изјавите на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го за, како што велат, „манипулативни и бесцелни“ настапи

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче вели Македонија е како Иран, дали Заев е „Ајатолахот“?

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат на изјавите на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го за, како што велат, „манипулативни и бесцелни“ настапи.

„Ако Филипче вели Македонија е како Иран, дали со оглед на тоа што СДС беше на власт 7 години, а во влада скоро 9 со техничката, ова значи дека Заев е Ајатолахот, а Филипче неговиот прв проповедник?“, прашуваат од партијата.

Во соопштението се наведува дека изјавите на Филипче „покажуваат дека не е присутен во реалноста“.

„Загрижувачки е кога гледаме ваква опозиција потоната во свој микро свет каде сите се лоши само тие се добри. Кој мисли дека му верува на Филипче кога кажува дека Македонија е како Иран и Венецуела?“, стои во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат „која беше целта на пресот на Венко Филипче и што е тоа што ново го кажа?“

„Очигледно денес портпаролката Кузеска има слободен ден, па нејзиниот претседател Венко Филипче излезе да го каже истото што го повторуваат како грамафонска плоча. Бесцелни, досадни и манипулативни“, се наведува во соопштението.

Во реакцијата се додава дека кога Филипче зборува за економија, треба да се потсети на периодот кога бил министер во Владата предводена од Зоран Заев.

„Кога Филипче зборува за економија, добро е да се потсети дека е претставник на владата каде тој беше министер а Заев премиер, каде 500 илјади луѓе живееја со само 150 денари на ден, и влада која најави и ги чекаше Фејсбук и Гугл како единствени инвестиции кои никогаш не дојдоа“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

(prva linija)

Filed Under: Македонија

ИМАМЕ БЕЗБЕДЕН ГРАД А ДАЛИ ИМАМЕ БЕЗБЕДНА ДРЖАВА?
КОМПАРИРАЈЌИ ГИ ЕВРОПСКИТЕ ЛИНИИ И СИГНАЛИ ОД СЕВЕР
ИРАН: НАЈВЕРОЈАТНИТЕ СЦЕНАРИЈА ПО СМРТТА НА ХАМНЕИ
СИЛЕН МЕЃУНАРОДЕН ОДЕК ЗА „17“
ВОЈНАТА Е ОПИУМ ЗА ИЗРАЕЛСКИОТ НАРОД

Најново

  • ИМАМЕ БЕЗБЕДЕН ГРАД А ДАЛИ ИМАМЕ БЕЗБЕДНА ДРЖАВА?
  • КОМПАРИРАЈЌИ ГИ ЕВРОПСКИТЕ ЛИНИИ И СИГНАЛИ ОД СЕВЕР
  • ИРАН: НАЈВЕРОЈАТНИТЕ СЦЕНАРИЈА ПО СМРТТА НА ХАМНЕИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet