Рот беше жесток сатиричар и бескомпромисен реалист, соочувајќи ги читателите со директен стил кој ги презира лажните чувства. Тој беше меѓу најголемите писатели кои никогаш не добија Нобелова награда. Но, Рот го доби речиси секое друго книжевно признание
Американскиот писател Филип Рот почина на 85 години. Тој го завршил животот од конгестивна срцева слабост, изјавил неговиот агент Ендрју Вејли. Од добитникот на Пулицер, неговите читатели и верници се простуваат на социјалните мрежи. Тој пишуваше за еврејскиот семеен живот, сексот и американските идеали.
Рот е автор на повеќе од 30 збирки раскази и романи, вклучувајќи ги и „Портноевата болка, „Човечката боја”, „Збогум Колумбо” (роман кој беше екранизиран, а во филмот играа Ели Мекгро и Ричард Бенџамин), „Заговор против Америка”, „Професорот на желбата” …
Во 1998 година ја добил Пулицеровата награда за романот „Американската пасторала“.
Филип Рот е роден во Њеварк, во Њу Џерси, во добро ситуирано семејство на американски Евреи. Татко му бил оигурителен агент – и обата родители потекнуваат од Лавов, денес во Украина а татковото вистинско преизме е Козлов. Студирал јазик и книжевност на Универзитетот Букнел и во Чикаго. Бил професор по книжевност на повеќе американски универзитети, а од 1962 година живеел во Конектикат.
Легендарниот Рот, наградуван романсиер и бестрашен раскажувач за секс, смрт, асимилација и судбина најпознат е по комичното лудило во „Портоевата болка“ и елегантниот лиризам на „Американскa пасторала“.
Рот беше жесток сатиричар и бескомпромисен реалист, соочувајќи ги читателите со директен стил кој ги презира лажните чувства.
Тој беше меѓу најголемите писатели кои никогаш не добија Нобелова награда. Но, Рот го доби речиси секое друго книжевно признание, вклучувајќи и две национални награди за книги, два пати прими Награда на националните книги и во 1998 година, спомената Пулицеровата награда за „Американска пасторала“.
„Рот најчесто се бавеше со проблемите на израснувањето и формирањето на личноса во еврејската заедница, но и пошироко. Бидејќи, судбината на тие млади луѓе што тој ги опишувавашесе до таа мерка слиични на судбините на младите насекаде во светот иво другите задници и речиси се универзални- вели Петар Живодиновиќ уредник на издавачката куќа „Паидеја“, што ги превела речиси сите негови дела. – Неверојатна е таа Ротова писателска вештина да го опишува животот, личностите и вистинските настани, истовремено давајќи брилчијантни филозофски, па и религиозни увиди и длабински влегувајќи во проблемите на современото општество, не само американското. Се надевам дека дури и сега, на вистински начин ќе откриваат дела на овој несуден нобеловец.
Пред шест години го најави своето пензионирање, велејќи дека романот „Немеза“, објавен во 2010 година е неговата последна книга.
„Искрено да ви кажам – готов сум“, рече Рот додавајќи дека веќе трета година ништо не напишал затоа што кога наполни 79 години сфатил дека повеќе нема време, па својата енергија ја насочил кон препрочитување на најомилените романи и на своите книги.
„Сакав да видам дали со пишувањето само попусто сум го изгубил времето. Заклучив дека сум прилично успешен. На крајот од својот живот боксерот Џо Луис рекол дека го користел тоа со кое располагал на најдобар можен начин. Токму тоа би сакал да го кажам и за мојата работа. Направив најдобро со тоа што го имав“, кажал Рот.
И во 2014 година на Би-би-си, Рот изјави дека дефинитивно се повлекува.
Рот инаку стана интересен и во својата полемика со Википедија. Причината е врзана за неговиот роман „Човечка дамка”. Се работи за наводниот извор на инспирација за главниот лик во романот, Колеман Силк, афро-американски професор кој себеси во текот на целата академска кариера се претставувал како белец. Според Википедија ликот е базиран на Анатол Бројард (Anatole Broyard), писател и долгогодишен книжевен критичар во Њујорк Тајмс, кој исто така во текот на животот ги криел сопствените црнечки корени. Но Рот во писмото до Википедија е дециден – Силк е базиран врз „несреќен случај во животот на мојот покоен пријател Мелвин Тумин, професор по социологија на Принстон, кој таму предаваше триесет години”. Наводите за врската со критичарот на Тајмс ги отфрла, велејќи дека тие доаѓаат „не од светот на вистинитоста, туку од дрндањето на хипиевските трачари”.
Администраторот во слободната енциклопедија му одговорил на Рот со следниве зборови: „Ја сфаќаме вашата поента дека авторот е највисокиот авторитет кога се работи за неговото дело, но нам ни се потребни и второстепени извори”.
Нормално, Рот збеснал. Зарем некој друг треба да каже од чиј лик бил инспириран? Немајќи друго чаре, тој го објави долгото писмо во Њујоркер, во кое објаснува дека никогаш не ручал со Бројард, не бил на забава со него, не гледал филм со него, не играле карти, ниту пак заедно учествувале на книжевен настан. „Дури ни случајно немав налетано на него на улица, иако еднаш се сретнавме на авенијата Медисон во продавница за машка облека, каде си купував чевли”.
После голема дискусија на социјалните мрежи и на самата Википедија, сега статијата за книгата ги содржи забелешките на Рот. Но дилемата околу тоа кој е ултимативниот „родител” на едно дело и на фактите поврзани со него? Прашајте ја Википедија. Ама за да ви одговори на ова прашање можеби ќе ѝ требаат најмалку двајца консултанти.