Перењето на пари во Алфа телевизијата се гледа во парите добиени за рекламирање на производ кој кај нас не се продава!
Македонската финансиска полиција го истражува досието со црните пари од Унгарија со кои се финансирале медиуми во Скопје, наклонети на ВМРО ДПМНЕ. Сомнежите се дека нелегалните пари се обезбедуваат преку кривичното дело „перење пари”, а се отвара и сомнежот дека тие се од унгарските државни фондови за финансирање на медиуми. Главна фигура која се истражува е Петар Шац, Унгарец, сопственик на телевизија Алфа од Скопје, приврзаник на Виктор Орбан, според пишува ИРЛ.мк.
Директорот на финансиската полиција Арафат Муареми деновиве потврди („Слободен ечат“) дека истрагата е во тек и дека се во координација со финансиското разузнавање кое што е во комуникација со службите во Словенија со цел да целосно да ја откријат трагата на парите за да се утврди од каде се обезбедуваат и како стигаат до македонските медиуми. Финансиската полиција го известила Јавното обвинителство дека парите во македонските компании на Петар Шац, инаку сопственик на телевизија Алфа, се со неутврдено потекло, па дури и инситира на замрзнување на сметките на фирмите на Шац. Јавното обвинителство сега треба да преземе мерки да целосно расветлување на случајот.
Во 2017 година словенечката компанија во сопственост на Шатц, Рипост, потпишала договор за рекламирање со Таргет Медиа, главната фирма за медиумските компании во Македонија. Документот има само две страни и е објаснето како Рипост треба да и уплати на Таргет медиа 2,94 милиони евра за реклами и други услуги во период од 21 месец.
Од Финансиската полиција во Скопје пренесуваат дека словенечката компанија на Шац на неговата Таргет медија во Македонија во период од август 2017 до февруари 2019 и пренела вкупно 2,85 милиони евра. Тие пари наводно се користеле за реклами на производи низ македонските медиуми, а практично преставуваат корумпирање на медиумите на ВМРО ДПМНЕ.
Првиот производ кој се рекламирал е маслиновото масло на Оливери. Се шпекулира и дека тоа масло се произведува во фирма на остров во Хрватска. Ова масло го нема на македонскиот пазар, но затоа имаше реклами на медиумите. Тоа е една од главните траги на истражителите- како се давале пари во медиумите да рекламираат производ кој не постои. Втора фирма за која се емитувале реклами е Бони Арт Дизајн, фирма за украсни производи. Интернет шопот на оваа компанија нуди приврзоци за клучеви, магнети за фрижидери, кристални чаши… Од македонската царина за ИРЛ потврдиле дека немаат податоци дека биле увезени продукти од Оливери или Бони Арт во Македонија. Со тоа се потврдува дека рекламите се емитувале залудно, односно имале цел само да ги оправдаат црните пари во медиумите.
Според последниот финансов извештај кој беше јавно објавен од страна на Финансовата полиција (јуни 2019 година) а ден 21.06.2019 година, Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми одржа прес-конференција на која беа презентирани резултатите од работата на Управата за периодот од 01.01.2019 до 20.06.2019 година. На прес-конференцијата беа презентирани и три кривични пријави поднесени до Основното јавно обвинителство и Јавното обивнителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Управата за финансиска полиција заклучно со 20 Jуни 2019 година, до надлежните Јавни обвинителства во Република Северна Македонија поднесе вкупно 28 кривични пријави против 51 физичко лице како одговорни лица во правните субјекти и против 28 правни субјекти, за сторени 48 кривични дела, со кои е причинета штета на Буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 8.367.281.050,00 денари.