Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

„ФИЌО“ НА СТРУЈА ТРОШИ ПОЛОВИНА ЕВРО НА СТО КИЛОМЕТРИ

June 1, 2021 Filed Under: Фељтон

Малку на број, но атрактивни електрични „фиќовци“ од Скопје се возат низ ЕУ. Следна цел – да се направи електричен автомобил од сстара „буба“

ПРИНЦИПОТ НА „ТЕСЛА“ Иноваторите го следеле принциопот на работа на електро-автомобилите од типот „Тесла“

ТОДОР ОГЊАНОВ

На одмор, по риба, на излет. Легендарниот автомобил „Застава 750“ царуваше на патиштата во осумдесеттите години од минатиот век. Беше дел од речиси секое семејство. „Првиот автомобил мене ми бил ‘застава 750’, на мојот татко исто првиот автомобил му беше ‘застава 750’“, вели Милорад Китановски, Сопственик на „ББ Класик карс“.

Но, легендата не си заминува туку така. Автомобилот, популарно наречен „фиќо“ продолжува да се тркала и денес и тоа како електрично возило. Заслугата е на иноваторот Милорад Китановски, кој не се откажал од љубовта кон класичните возила.

„Нашиот автомобил е полн со емоции. Нашиот автомобил е полн со изразена љубов кон него. Зашто, за да го изработиме ни беа потребни 400 часови рачна работа – вели Китановски. Поголемиот дел од процесот се изведува во погонот на „ББ Класик карс“ во Скопје. Сè почнува речиси од нула, до целосна реставрација.

„Комплетно реставрирана школка, на којашто ѝ се заменети сите витални механички делови. Од подвозјата направени се измени со кои ќе се подобрат перформансите на тоа возило“, објаснува Китановски.

Автомобилот се движи со електромотор направен во соработка со германска компанија. Изработен е по теркот на оригиналниот модел.

„За да се направи тоа возило електрично, како што ние сакавме и истото тоа да добие сертификат за сообразност, односно А-тест. За да може да се вози на улиците во градовите и за да биде безбедно за сообраќај, направивме да ги има скоро истите возни перформанси и сила на моторот колку што ги имал неговиот претходник“, вели иноваторот ентузијаст.

Батеријата, пак, работи по истиот принцип како и батериите во возилата „тесла“. Едно полнење е доволно за 100 километри, животниот век им трае со години, а трошокот е изненадување.

„Дали ви се верува дека јас за да го наполнам овој автомобил од три часа и да го возам следните 100 километри, јас треба да потрошам половина евро“, истакнува Китановски.

ЕДНОСТАВНО Гледајќи го „кок-питот“ се е дноставно, како кај стариот „фиќо“

На економичноста и емотивната приврзаност кон моделот, се додава и еколошкиот бенефит. Тој е клучниот момент во создавањето на автомобилот. Поради тоа дошла и поддршката и од „Фондот за иновации“.

„Овој проект не беше само лична сатисфакција да го направиме. Туку сакавме да ја разбудиме целата оваа јавност, граѓанството на Скопје и на Македонија. Да ги разбудиме и да кажеме дека секој може да придонесе за екологијата“, укажува производителот.

Некогашното „фиќо“ веќе има три електрични верзии. Основната, наречена Г20, и два модела со спортски одлики, ТЦ20 и ТЦР20. Од погонот во Скопје до сега излегоа пет автомобила. Еден се вози низ македонските патишта, а другите се во Хрватска, Германија и во Белгија.

Следен предизвик на тимот на Китановски е електрична верзија од популарниот „фолксваген буба“. Работата допрва почнува.

 

(ВОА)

Filed Under: Фељтон

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet