Големиот противник на „бугаризацијата на земјава“ имал содружничка фирма во Бугарија! За ова во јануари јави Инфомакс а сега потврдува и Фокус
„Не против бугаризацијата на Македонија“ – ова е премисата поради која претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја оправдува својата одлука против промена на Уставот, со цел влез на нешто повеќе од 3 илјади Бугари во Македонија во истиот – констатираше во јануари годинава Инфомакс ((https://antropol.mk/2024/01/16/infomaks-janushev-iljadnici-evra/). И потоа се констатира дека „како секој добар трговец за да гласа за внесување на Бугарите во Уставот тој постави неколку услови кои доколку би се исполниле тој би немал проблем неговите пратеници да кренат рака и да ја завршат таа работа“.
Јасно, не се работи за некој непознат човек кој случајн о има име исто име и презиме со генералниот секретар на Владата, поседува компанија во Бугарија заедно со уште двајца партнери. Станува збор за друштвото „Флугбан Транс“, кое, според податоците од бугарскиот трговски регистар, е основано во 2015 година со седиште во Ќустендил, со дејност за изградба и тргување на недвижности, купување и продажба на стоки, комерцијално застапување и брокерство…, пишува Фокус.
Имено, оваа компанија ја основал Јанушев заедно со уште еден македонскиот државјанин – Кире Гешоски. Сепак, тие поседуваат малцински удели во фирмата, додека мнозинскиот удел во основачкиот влог го поседува Сашо Апостоловски. Тој е роден во Скопје, но во договорот за основањето на компанијата во Бугарија е заведен како државјанин на Чешка, со адреса во Прага.
„Генералниот секретар е содружник во компанија основана пред 10 години во Бугарија. Игор Јанушев ги пријавил сите негови сопственички удели во соодветните анкетни листови и е отворен за соработка со надлежните институции за секоја
Во Фпкус покажале итерес за ставот на Владата во врска со дејствувањето на јавни функционери во бизнис-секторот во Бугарија, бидејќи своевремено актуелната власт, во улога на опозиција, го проблематизираше тоа што тогашниот премиер Зоран Заев и членови на неговото семејство поседуваат фирми во Бугарија?
„Генералниот секретар е содружник во компанија основана пред 10 години во Бугарија. Игор Јанушев ги пријавил сите негови сопственички удели во соодветните анкетни листови и е отворен за соработка со надлежните институции за секоја дополнителна проверка. Јанушев нема никаков приход остварен од таа компанија.
Владата го поддржува легитимното дејствување на јавните функционери во приватниот сектор, но секогаш инсистира на строго почитување на законот и на начелата на целосна транспарентност.
Читателот може да заклучи дека е необично што никако не се појавува анкетниот лист на Јанушев како владин генсек, но достапни се негови анкетни листови како републички пратеник, но и како директор на ЈСП Скопје, функција на која беше именуван во 2015 година или истата година кога е основана бугарската фирма.
Притоа, во последно објавениот анкетен лист – констатирата потрегата на Фокус – наведен е стан од 148 квадратни метри во Скопје стекнат во 2023 година вреден над 17 милиони денари, возило Лексус во вредност од скоро милион денари, но не е наведен удел во приватна компанија.
Затоа, се обративме и до Антикорупциската комисија, од кадешто ни одговорија дека оформен е предмет за проверка на податоците од анкетниот лист на Јанушев и дека постапувањето е во тек. По утврдување на фактичката состојба, додаваат од таму, ќе биде донесена одлука на јавна седница.