Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ФОЛСКФАГЕНОВИОТ ЕКС-ШЕФ НА ОБВИНИТЕЛНА КЛУПА ВО САД

May 8, 2018 Filed Under: Ревија

Во дизел-скандалот во Фолксваген, во визир на американските правосудни органи сега е и екс-шефот на концернот, Мартин Винтеркорн. Против него е подигнато обвинение

МАРТИН ВИНТЕРХОРН Фолсфаген беше практично негова фирма, тој беше „патријархот“

САД го стегаат обрачот во дизел-скандалот со германскиот автопроизводител Фолксваген. Министерството за правда ја прошири истрагата и меѓу обвинетите се најде и поранешниот шеф на концернот, Мартин Винтеркорн. Тој се товари за наводно соучество во скандалот со издувните гасови, односно измама и заговор за прекршување на еколошките закони, како и лажење на властите.

„Оној кој се обидува да ги измами САД, ќе плати висока цена“, изјави американскиот министер за правда, Џеф Сешнс. Надлежниот обвинител Метју Шнајдер, пак, рече дека е застрашувачки фактот што криминални кривични дела веројатно добивале „амин“ од највисоките нивоа во раководството на Фолксваген.

Американската истрага смета дека Винтеркорн во мај 2014 година и во јули 2015 година бил информиран за манипулациите со издувните гасови. Потоа, тој заедно со други раквоодители во концернот, донесол одлука за продолжување на илегалните практики.

Винтеркорн е деветти поранешен или актуелен вработен во Фолксваген против кого американските власти покренуваат обвинение во дизел-скандалот.

Од германски правосудни извори се вели дека на Винтеркорн, кој веројатно е во Германија, засега не му се заканува испорака во САД. Доколку биде осуден за делата за коишто се товари, екс-шефот на Фолксваген би се соочил со затворска казна до 25 години и парична казна до 275.000 долари.

Топ-менаџерот Винтеркорн се повлече од раководната позиција во септември 2015 година, непосредно по избивањето на скандалот. Фолксваген успевал да ги испочитува пропишаните гранични вредности за издувни гасови само со помош на софтвер за манипуалција. И покрај тоа што поднесе оставка, Винтеркорн трвдеше дека не постапувал погрешно. Фолксваген соопшти дека ќе соработува целосно со американските власти за расчистување на скандалот, од кој беа погодени околу 600.000 возила во САД, односно 11 милиони возила ширум светот.

МАРТИН ВИНТЕРХОРН Фолсфаген беше практично негова фирма, тој беше „патријархот“

Откритието во 2015 година го ги отвори сите пропусти во комапнијата со голма брзина. Винтеркорн најпрвин сакаше да се бори за угледот на Фолксваген, се бореше за целосна транспарентност и се разбира – за својот добар имиџ. По само 24 часа ерата Винтеркорн стана историја! Тука се работеше за добриот имиџ на целата автомобилска индустрија, воопшто – за добриот углед на гераманската индустрија во светот. За таа цел на Фолксваген му беше неопходен нов почетк.

Мартин Винтеркорн беше менаџер од „стараѕа школа“. Повеќе патријарх отколку претседател на Управниот одбор на еден светски концерн. Тоа одамна не беше соодветно на новото време. Германскиот најмоќен економски раководител мораше да си замине затоа што ја загуби контролата врз „своето“ претпријатие. Претпријатие кое тој го доведе на светскиот врв. Но, успесите од минатото бледееа брзо. Пред една недела тој за членовите на Надзорниот одбор беше „најдобриот можен“ менаџер, а сега тие му откажаа доверба. И тука – загуба на контролата. Веројатно не се прикажал во најдобро светло на кризната седница во централата на концернот во Волфсбург.

ЗАГРОЗЕНИ Дизел возилата станаа масовно загрозени во светот

Претседателството во 2015 година немаше друг избор освен да го остави пред врата столот на врвниот менаџер. Тој не сакаше да си замине доброволно, а за неколку дена претстоеше и продолжување на неговиот договор. Тоа сега би било незамисливо не само поради правните ризици. На крајот сите се најдоа на иста линија: претставниците на работниците беа загрижени за околу 600.000 соработници ширум светот, а страната на капиталот за своите пари и углед.

За успешниот човек тоа е веројатно најгорчливиот ден во неговиот живот. На крајот на една спектакуларна кариера останува куп искршено стакло. Од тоа можеше да биде поштеден ако уште пред половина година направеше место на врвот за некој помлад. Мартин Винтеркорн го пропушти тој момент!

КОНТРОЛАТА Пропустите во техниката лесно се докажуваат при контролата

 

Filed Under: Ревија

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet