Режирајќи филм за славниoт чешки режисер која направи голем успех во Холивуд, Хелена Трестикова открива дека токму заради него и неговите дела е вклучена во филмот, но и колку и помогнале неговиот син и са,опт Форман во снимањето на еден толку необичен документарен филм.
ТАМАРА МАРКИЌ
„Форман против Форман“ од чешката режисери Хелена Трестикова и Јакуб Хајн е документарна приказна за делото на познатиот чешки режисер и сценарист Милош Форман, а ќе се прикаже на годинашниот 13-ти Меѓународен фестивал на документарен филм „Белдокс“ од 3 до 10 септември, на повеќе локации во Белград.
Според режисерката Хелена Трестикова, главниот критериум според кој тие снимале е дека мора да биде разбирлив не само за луѓето кои веќе се запознаени со ликот и делото на Форман, туку и за оние кои за прв пат го среќаваат. Така, публиката ќе има можност да се доближи до ликот и делото на еден од креаторите на најголемите ремек-дела на киното од дваесеттиот век во рамките на изборот Профил. Но, и повеќе од тоа.
Филмот не зборува само за бесмртните дела што ги остави зад себе, од „Гори, моја госпоѓице“, преку „Летот над кукавичкото гнездо“, „Коса“, „Амадеус“, „Луѓето против Лари Флинт“, „Човекот на Месечината“ и други, туку и за неговото приватно битие и внатрешниот живот.
Во разговорот во таа пригода, режисерката Хелена Трестикова се осврна на клучното влијание што самиот Форман го имал врз нејзината струка, процесот на работа на овој документарен филм и новиот проект на кој работела во текот на претходните 17 години.
Која беше вашата инспирација за овој документарец?
Со оглед дека филмовите на Милош Форман ме инспирираа уште од мојата младост, јас бев многу среќна што го прифатив овој документарен портрет. Проектот е создаден по понудата на Чешката телевизија и францускиот канал АРТЕ. Го поканив мојот пријател, колега уредник Јакоб Хејн, да работи со мене како координатор. Милош Форман беше запознаен со проектот. Тој беше задоволен од тоа и го одобри концептот на филмот. Во тоа време беше прилично болен и не сакаше да го снимаме. Тој почина додека сè уште работевме на проектот.
Како Форман влијаеше врз вас како креатор?
Ги гледав раните дела на Форман како дете и благодарение на нив решив да станам режисер. Толку ме „фати“. Милош Форман и т6ој е, според тоа, клучна фигура во мојот живот.
Насловот Форман против Форман звучи многу интригантно. Која беше идејата зад насловот – кој Форман е против кој Форман?
Идејата беше да се користи името на филмот за да се предложат различни форми на Милош Форман. Неговиот живот беше полн со противречности, но не е конфликт во вистинска смисла на зборот. Се работи за нагласување на многу различни фази во неговиот живот: Форман како сираче и целосен губитник, против Форман како многу успешен победник. Чешки режисер шротив американски режисер и така натаму.
Се чини дека е голем предизвик да се прикаже животот и кариерата на Милош Форман во документарна приказна од само 78 минути. Кои критериуми ги следевте при изборот на материјалот?
Долго работевме на филмот, затоа што за време на монтажата повторно откривме нови материјали од разни земји. Тоа влијаеше на последната верзија. Тоа беше како археолошка работа. Филмот се менуваше со текот на времето, имавме неколку верзии додека сите не се договоривме за онаа што ќе излезе пред гледачите. Главниот критериум беше дека филмот мора да биде разбирлив не само за луѓето кои веќе се запознати со ликот и делото на Форман, туку и за оние кои за прв пат го среќаваат. Беше напорна, но прекрасна работа!
Што научивте за Форман додека работевте на филмот?
Главната тема на сите филмови на Форман е слободата. Го наоѓам во различни форми на сè што направи. Во трансформацијата на неговите искуства од тоталитарните режими, во кои ги помина детството и младоста, во форма на уметност. Имајќи предвид дека ова искуство никогаш не било експлицитно во преден план, неговите филмови се уште поимпресивни. Тоа беше мојата главна реализација додека работев на овој филм.
Наратор во филмот е синот на Милош, Петер Форман. Зошто се одлучивте за неговиот глас и како реагираше на таа идеја?
Петер Форман има глас многу сличен на неговиот татко. Тоа е главната причина зошто тој ги изговара мислите на Милош во филмот. Петар учествуваше многу интензивно во изработката на филмот и многу ни помогна да се доближиме до ликот на неговиот татко.
Што е најфасцинантното во ликот и делото на Милош Форман и што го издвојува од другите режисери?
Се обидов да им покажам на странските гледачи како влијае потеклото на Милош Форман врз неговата работа – неговото родно место во Бохемија и сите историски превирања низ кои помина неговата земја. Начинот на кој сето тоа влијаеше врз неговиот живот и дело.
Кој од филмовите на Форман би ги издвоил како најважен за него?
Во ерата на создавање во Чешка тоа би бил филмот „Гори, моја госпоѓице“. Во него, Форман ја доведе темата апсурд и работата со натуралистите до совршенство. Во американската ера, тоа е „Летот над кукавичкото гнездо“, каде тој успеа да ги искористи своите искуства од тоталитаризмот најмногу и каде ја изрази својата главна тема – потребата за слобода.
(Илустрациите се на Глобус).