Не треба да бидеме арогантни и менторски. Не треба да бидеме ни рамнодушни кога примитивните луѓе во нашата земја ја туркаат Бугарија назад кон балканизацијата. За жал, Северна Македонија е сè уште плен на балканизацијата
Бугарскиот профeсор социолог Георги Фотев во интервју за „факти.бг“ тврди дека Бугарите, откако влегле во ЕУ, ја напуштиле „балканизацијата“ и дека над 80 отсто од нив имаат позитивни чувства кон Македонија,а обратниот впечаток се должи на тоа што пристап до медиумите имаат некои „неодговорни и глупави луѓе“. Податоците тој ги црпи од Студијата за европски вредности на ЕУ, мега проект во кој биле вклучени и ставовите на возрасната популација во Бугарија.
– Кога ги добив обработените податоци, буквално бев изненаден од промените во бугарското општество. Во Бугарија се случи де факто крај на „балканизацијата“, како што велам. Околу 80 отсто се позитивни ставовите на нашето возрасно население кон одделните земји од регионот и соседите. Позитивните вредности се највисоки во однос на Северна Македонија. Не можам да навлезам во детална и длабинска анализа на податоците овде, но сепак, не е важно кој што зборува во медиумите.
Манипулирањето со јавното мислење не е за потценување. Тешко е да се изгради довербата, но релативно лесно да се наруши од неодговорни и глупави луѓе кои имаат привилегиран пристап до медиумите. Северна Македонија има тешки проблеми со доцниот и многу комплициран национален устав. Не треба да бидеме арогантни и менторски. Не треба да бидеме ни рамнодушни кога примитивните луѓе во нашата земја ја туркаат Бугарија назад кон балканизацијата. За жал, Северна Македонија е сè уште плен на балканизацијата. На браќата треба да им се помогне на братски начин, не со галење, туку строго, искрено и со љубов. Проблемот не е кај огромното мнозинство на бугарски граѓани, туку во оние кои донесуваат колективно обврзувачки одлуки и кои имаат пристап до јавната дебата во општеството“, вели Фотев.