Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ФРАНКОВИОТ ДУХ КРУЖИ НАД ШПАНИЈА

December 10, 2018 Filed Under: Свет

Популастите го забија и последното знаме на картата на ЕУ. Абаскал го искористи својот национализам од Билбао, за да победи во Андалузија, на југот на Шпанија

ЖЕЉКО ПАНТЕЛИЌ

ЛИДЕР Абаскал е лидер на баскиската партија „Вокс“ (Народ) и сега го шири својот популизам и во Андалузија

Суверенистите го забија последното знаме што недостасува од картата на ЕУ. Од минатата недела, и Шпанија го има Матео Салдини. Неговото име е Сантијаго Абаскал, лидер на националната партија „Вокс” (Вокс), за прв пат го премина изборниот праг. Успехот на шпанските националисти е голем – освои 11 отсто од гласовите на изборите во Андалузија, уште повеќе е алармантен со оглед на тоа што јужната шпанска провинција традиционално најмалку е наклонета кон екстремната десница.

Абаскал се претстави на изборите за провинцискиот парламент во Севиља како модерен „идалго“ во седло со пиштол „Смит & Весон” на појасот, кој ја најавува новата „реконквиста.”  Само што овој пат на „рееконквиста” не дојде од Ковадонга во Астуриас, туку од Алмерија, градот со најголем број на странци во Шпанија и со најголем пораст на бројот на мали и средни претпријатија, што се должат на градините за производството на овошје и зеленчук под стакленици кои носат вистинско богатство.

Абаскаловиот дедо бил страстен поддржувач на генерал Франко, таткото му бил член на neofфранкистичката власт по падот на диктатурата, додека лидерот на Voks ја тресна вратата на Националната партија во 2014 година, и го обвини поранешниот лидер Маријано Рахој дека ги издал идеите и вредностите на Националната партија. Абаскаловиот национализам се зацврстуваат во Билбао, каде што дури и момчиња кои не се Баскијците, или родени во Баскија не може да играат за Атлетик. Тој не е само националистичка, но, исто така, ултракатоличка партија, иако самиот не се придржува до сите католички догми, меѓу другото оние за бракот, бидејќи тој самиот е разведен. Се залага за затворање на границите, протерување на странци, дури и оние со редовни дозволи за престој, ако тие извршиле злосторства, го промовира затворањето на сите џамии, чие финансирање не е транспарентно и законско.

БАСКИЈА Тука дури и момчиња кои не се Баскијци или не се родени во Баскија не можат да играат за Атлетик

Сепак, вистинското гориво на Aбаскаловата популарноста е заканата од каталонското отцепување, завиткано во ревидиран „неофранкизам.” До минатата година, екстремната десница во Шпанија не надминуваше ниту  половина процент од гласовите, без разлика дали тоа е провинциско или на национално ниво. Со експлозија на прашања во Каталонија, Абаскал за прв пат во кариера можеше да зборува пред публика од 10.000 луѓе со шпански знамиња и да го отстрани правот од францистичкиот лозунг „Бог, татковина и семејство.”

Лошиот резултат на социјалистите на изборите во Андалузија – тие ја изгубија моќта по 36 години – исто така го доведоа во прашање опстанокот на владата на Педро Санчез во Мадрид. Освен Абаскал, и Алберто Ривера, од либералното Граѓанско движење, двојно го зголеми салдото и стана победник на изборите во Андалузија, и практично се  изедначи со Народна партија. Оваа последнава за малку не усопеа да пибеди ама сега има нова шанса на следните избори за Европскиот Парламент, што се прикажува како нова можност.

АНДАЛУЗИЈА Национализмот од северот се пресели на крајниот југ на земјата

Filed Under: Свет

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet