Ова се должи на тоа што ја имаме Русија и Кина, две автократски држави кои минатите години добро минаа а ги имаме САД и ЕУ кои минале низ голема економска криза и стагнација. Ова покажува дека равнотежата малку се оддалечила од демократијата
МАЈА ПИШЧЕВИЌ – МАРКО ПРЕЛЕВИЌ
За Френсис Фукујама велат дека е најважен американски мислител и политички економист, но кога се разговара со авторот на „Крајот на историјата“ се сваќа дека тој е пред се – професор. Тој е од оној тип на професори кој недостасуваат насекаде, кој мирно и сталожено објаснува
„како стојат работите“, кој отвора нови слики за иднината и возбудено говори за тоа.
Со такви соговорници – а тоа тоа е колнтоста на новинарството – сите подготвени прашања паѓаат во вод. С се претвора во разговор, крајно нерамноправен ама поучен. Разговорот е воден интернетски и траеше половина час. Се говореше за Балканот а приликите тука ги знаеше Фукујама и тоа доста добро.
Овој професор од Стендфорд (роден во 1952 година) стана популарен на стартот на 90-тите, кога веднаш после падот на Берлинскиот ѕид констатираше преку книгата „Крајот на историјата“ дека ширењето на неолибералните идеи и слободниот пазар шреставува крајна цел на развојот на општеството. Тоа беше доовлно да стане икона на неоконзервативизмот, иако веќе во следната книга се
Фремнсис Фукујама е роден како Американец и работел најнапред на Универзитетите Џонс Хопкинс и Џорцџ Мејсон. Неговата последна книга „Политичкиот поредок и политичкото трулење“ е преглед на корупцијата од Француската револуција се до „арапската пролет“, говори и за дифункцијата на политичкиот систем и се смета за најважно дело на политичката мисла на неговата генерација. Па сепак разговорот го започнуваме со „крајот на историјата“.
Првата асоцијација и натаму е теоријата за „крајот на историјата“. Знам дека и натаму ја сметате дека либералната демократија е дестинација на која ќе заврши историјата, но колку сме далеку од неа?
– Постојат многу предизвици a дефинитивно е ова лош период за демократија. Дел од тоа е што ја имаме Русија и Кина, две автократски држави кои минатите години добро минаа а ги имае САД и ЕУ кои минале низ голема економска криза и стагнација. Ова покажува дека рамнотежата малку се оддалечила од демократијата. Но, постои и еден друг феномен: постои проблемот на нееднаквоста во рамките на демократијата, што придонесе за развојот на расизмот, па и популизмот, особено во Европа, ама и во Америка. Прво прашање е дали некоја од тие популистички, националистички влади нуди решавање на било кој проблем со кој народот се соочува? Мислам дека наскоро ќе се види дека тие националистички, популистички влади нема да бидат интересни за некое време како алтернатива. Русија во мигот е во криза – не успева да ја модернизира економијата. Таа е целоно зависна од цената на енергентите а сега се цените главно ниски, а тоа се лоши вести за нив. Кина има поразновидна економија, но ниту тие на долги патеки нема да издржат и ќе стагнираат, нема да можат да побегнат од законите на економијата и пазарот и тој модел нема да биде атрактивен.
Kога говорите за Кина и Русија, мислите ли дека ќе дојде до промени во нивните режими со јакнење на средната класа?
-Мислам дека тоа на длги патеки е веројатно извесно. Популарноста на одделни режими зависи од нивот економски успех. Ако не изгледа дека нема прогрес, луѓето ќе реагираат. Се разбира мојата теоприја никогаш не беше детерминистичка економска теорија, за да речам дека постои неизбежен од во историјата кон демократијата. Демократијата зависи од луѓето, идеите, зависи од многу избори кои ги прават луѓето, а тие ожат да прават погешни избори. Некои ме обвинуваат дека сум либерален марксист, ама мојата теорија никогаш не била детерминистичка.
(продолжува)