Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ФРИДМАН: МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ОТСЕКОГАШ ПОСТОЕЛ И ЌЕ ПОСТОИ

August 15, 2023 Filed Under: Ревија

Наградата на овој лингвист му беше доделена во Kуќата на Уранија во Охрид, како што беше посочено, поради трудот за поставување на македонскиот јазик на светската лингвистичка мапа

НАГРАДЕНИОТ Оваа награда се додели годинава по 16-ти пат

Фридман, кој е еден од најголемите американски и светски слависти и македонисти, рече дека не ја очекувал но и дека наградата за него има големо значење. Додаде дека македонскиот јазик е посебен и тоа никој не може да го негира

Професорот Виктор Фридман од Универзитетот во Чикаго, САД, денеска во Охрид ја прими Светската награда на хуманизмот за 2023 година.

Фридман, кој е еден од најголемите американски и светски слависти и македонисти, рече дека не ја очекувал, но и дека наградата за него има големо значење. Додаде дека македонскиот јазик отсекогаш постоел и ќе постои.

„За македонскиот јазик имам зборувано цел живот. Кога почнав, не бев свесен дека има толку многу проблеми со соседите. Сегашниве проблеми ќе се решат некако, а најважно е дека македонскиот јазик постои и ќе продолжи да постои. Македонскиот јазик е посебен и тоа никој не може да го негира. Тој се разликува и од српскиот и од бугарскиот на секое лингвистичко ниво, од фонологија преку морфологија, со лексика и со синтакса“, вели Фридман.

Европа сега мора да има принципи за да стави крај на ваквата ситуација, рече Фридман одговарајќи на новинарско прашање за негирањето на македонскиот јазик од Бугарија.

„Во времето на фашизмот кога Бугарите ја окупирале Македонија, ги тепале децата кои зборувале македонски. Еден мој стар пријател бил дете од Битола и учителот го тепал затоа што зборувал на македонски. Тоа е фашизам, а во времето на фашизмот македонскиот бил бугарски дијалект. Сега кога Бугарите велат дека македонскиот е бугарски дијалект, е исто како во фашистичко време. Европа треба да стави крај на сето ова, да има принципи и да не отстапува. За македонскиот јазик сите ние треба да стоиме цврсто на ставот дека македонски јазик е македонски јазик и готово“, рече Фридман.

Наградата му беше доделена во Kуќата на Уранија во Охрид, како што беше посочено, поради трудот за поставување на македонскиот јазик на светската лингвистичка мапа.

Наградата годинава беше доделена по 16. пат од Охридската академија на хуманизмот и се доделува на истакнати личности од различни области.

 

Filed Under: Ревија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet