Бугарија мисли дека ние во Договорот од Преспа сме клекнале под присила, па сега пак ќе клекнеме, што е погрешно толкување на стварноста
Неодамна професорот Фрчковски гостуваше на предпладневното политичко шоу Студио 10 на Телевизијата 24 вести. При тоа се осврна на актуелчните прашања околу односите Македонија – Бугарија..
– Бугарите се преиграа, и направија лоша проценка,они мислат дека со Македонците треба само сила и стап па да ги клекнеме на колена како со договорот од Преспа, што е голема грешка, ние во Преспа добивме во основа добар договор, но овде со Бугарите ни се нуди тотална капитулација и самоубиство, не се исти тие договори, и Бугарите тоа не го разбираат и затоа имаме проблем.
Професорот и ректор на АУЕ-ФОН, Љубомир Данаилов Фрчковски во гости на ТВ 24.го дообјаснува и прашањето на лустрацијата на експретседателот Иванов, која сега е актуелна и со поднесокот на дузина македонски политичари до Судот за заштита на човековите права во Стразбур.
И-ванов е лубрикант на режимот, излегол од своите надлежности, наместо помилување, се обидувал да помогне, излегол од своите надлежностит, изјави универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски во гостување на Студио 10.
– Она што ќе биде различно од другите прифатени иницијативи се нашите карактеристики околу тоа како се има тоа случено. Бидејќи Иванов е лубрикант на тој режим, се обидувал да му помогне и тоа се обидувал глупаво да го направи, и практично излегол од своите надлежности. Тоа е основната точка на одбрана на државата пред оваа иницијатива. Тој излегол од своите надлежности и наместо да направи помилувања кои Уставот му ги дава во надлежност, тој де факто направил амнестија, изјави Фрчкоски.