Постојат правни решенија, не мора да се мешат политички партии. Криминалците мора да одат во затвор – констатира Фрчкоски
Владата треба се што не направила досега да го направат до октомври. Сета таа патетика по Самиот на ЕУ да ја претворат во реална политика. – порача Љубомир Фрчоски во неодамнешното гостување во „24Анализа“ на 24Вести ТВ.
Фрчкоски рече дека климата во овој период е најповолна за тоа и никаква друга расправа не треба да ги интересира.
-Притисок од опоцицијата ќе има доколку Заев се покаже како нокаутиран, приказната за жртва треба да ја остави во Брисел и треба да се врати како што би рекле вмровците како лав. – рече Фрчкоски.
Сите работи се горе доле расчистени. Мора жестоко, како внатре во партијата што направија, така и во администрацијата да направат реформа.
Професорот порача дека програмските ветувања мора да ги завршат, да успеат да ги завршат, а најважен е делот со правосудството и администрацијата.
– Може да извршат смена на 30-тината корумпирани судии кои се влечеа во телефонските разговори, познати како „сваровски судии“. Предметите треба да продолжат, владата да докаже дека криминалните дејствија на претходниците се докажани и докажливи. Владата ќе плати доколку не се консолидираат да најдат правни решенија, постојат правни решенија, не мора да се мешат политички партии. Криминалците мора да одат во затвор. – констатира Фрчкоски.