Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ФРЧКОВСКИ: ВО СПОРОТ СО БУГАРИЈА НИЕ ГО ОДБРАНИВМЕ НАШИОТ ИНТЕРЕС КАЈ ЈАЗИКОТ

January 25, 2022 Filed Under: Македонија

Професорот гостуваше во емисијата „Во центар“ и оцени дека зад предлогот „пет плус еден“ стојат Американцирте и дво него лежи целта на преговорите – да се спаси гордоста на Софија во нивното повлекување на ветото

ЗАЕВ Заминувањето на Заев секако треба да се поздрави, тој многу стори, смета професорот

Фрчкоски во емисијата ,,Во центар” : СДСМ има демократски капацитет но тие имаат друг проблем, кога ќе ги видите резултатите проблемот е што СДСМ ги баталува своите гласачи од кога ќе дојде на власт што ВМРО никогаш не го прави бидејќи ВМРО е комунална партија и партија сервис и за себе меѓутоа и за гласачите и така се држат тие 300.000 нивни гласачи редовно.

СДСМ има и друг проблем, таа своите гласачи ги подзаборава и тие ја казнуваат бидејќи практично ВМРО има добиено помалку од 2017-та година кога има доживеано катастрофален пораз за 20.000 гласа помалку, и се колатерални победници. СДСМ има 60% помалку гласови од нивното гласачко тело, затоа СДСМ освен сервисирање на државата треба да се посвети на нејзините гласачи.

Говорејќи за отставката на заев тој рече дека од мала дистанца тој потег делува дека е добро см ислен. Како и да е Заев направи добри работи за сите нас и тоа мора да се признае. Ниту еден друг политичар не го напави тоа за државата, па дури и да ги собереш на куп, рече професорот.

Тој рече дека паѓањето на Заев не е врзано за надворешен непријател – тој има направено некаква рококо структура на која се проговара, тој свршил една битна работа во преговорите со Бугарија. Драмата која ги мобилизира националистите во Македонија е пробламизирањето на македонскиот јазик. Се вели од наша страна дека тоа не е предмет на преговори. Во таа смисла ние сме победници, како наш концепт и тоа во тие рамки пет плус еден. Вио првата точка чисто се користи нашиот јазик и тој се користи на меѓународен јазик. Факти се кога се кодифицирани обата јазици. Македонската јазилчна норма значи не се споменува, исто така

РИК Америкаците ги извлекоа ОНА од Аеачиново, откако ние не успеавме да го исчистиме селото нидејќи ќе имаше жртви, вели Фрчковски

Овие што не биле избрани за министри сега го враќаат ова на парламентарните документи ама тие во формулата пет плус еден се успешно избегнати. Сето ова е завршено од Заев. Има работи кои можат да се „пеглаат“. Не треба да се скандализираме бидејќи ние сме си народ со респектибилно минато. Ние мораме да си имаме самодоверба.

Фрчковски говореше за улогата на американските трупи во ослободувањето на Арачиново од паравоените единици во 2001 година. Најпрвин тој потсети дека strancite (Solana) му дале на претседателот Трајковски ррок од 12 дена да ги исчисти присутните борци на ОНА и дека тие би се правеле дека не гледаат што се користи во таа прилика од страна на нашуте единици. Идејата биле да се напаѓа Арачиново со тешка артилерија ама непријателот бил во ровови и подруми – би страдале куќите но потоа кога таму ќе се упатела пешадијата пак би имало жртви. Единствен начин за реално чистење би било одење од куќа до куѓа, но одново би имало големи ѓртви!

И по поминувањето на рокот Американците дошле во Арачиново, ги собрале од таму борците на ОНА ги однеле на Косово. „Да не се фалиме, така беше“ – спомена во сеќавањето Фрчковски.

Filed Under: Македонија

ШТО СЕ’ СЕ КРИЕ ЗАД ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРНЕРСТВО СО БРИТАНЦИТЕ?
ПОЛИТИКА КОЈА НЕ Е ЗА ЕУ, ЗЕМА И АНТИЕВРОПСКИ КРЕДИТИ
СИ ЏИПИНГ: РУСИЈА Е НАШ ВАЗАЛ ОТСЕГА ПА НАТАМУ
КАНСКА КОНКЛАВА: БРАК ОД ЉУБОВ
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ (129): КРЕМЉ ЌЕ БИДЕ ОБЕСХРАБРЕН, САМО УКРАИНА Е ВООРУЖЕНА ДО ЗАБИ

Најново

  • ШТО СЕ’ СЕ КРИЕ ЗАД ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРНЕРСТВО СО БРИТАНЦИТЕ?
  • ПОЛИТИКА КОЈА НЕ Е ЗА ЕУ, ЗЕМА И АНТИЕВРОПСКИ КРЕДИТИ
  • СИ ЏИПИНГ: РУСИЈА Е НАШ ВАЗАЛ ОТСЕГА ПА НАТАМУ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet