Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ФРЧКОСКИ: ВТОРИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ Е ПОДОБАР ОД ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА ВО 2019 ГОДИНА

June 24, 2025 Filed Under: Македонија

„Смешни се овие слики дека премиерот е Св Ѓорѓија кој ја убива аждајата односно корупцијата“ – реагира поранешниот министер за надворешни работи

ФРЧКОСКИ Целта на ВМРО-ДПМНЕ е да се повлечат од ЕУ интеграциите и да се изолираат

Поранешниот министер за надворешни работи и професор Љубомир Фрчковски во Аргумент плус рече дека пред да се размислува за Уставни измени со одложено дејство, потребно е владата на ВМРО-ДПМНЕ да го разгледа вториот француски предлог кој според него е најдобрата опција која Македонија некогаш може да ја добие.

„Не разбирам што значи поимот Уставни измени со одложено дејство, бидејќи доколку се донесат измените и Бугарија почне да поставува и други услови, Уставните измени можат да се вратат назад. Јас мислам дека од Владата го немаат прочитано вториот француски предлог кој е многу важен бидејќи има две важни ставки за нас а тоа е дека во иднина Бугарија  нема да поставува прашања за идентитот туку ќе прифатат да бидат малцинство во нашата држава и вториот е за принавање на јазикот како единствен без никакви додатоци“, рече Фрчковски и додаде дека барањата за нова преговарачка рамка во овој момент се непотребни.

Според него, очекувањата на ВМРО-ДПМНЕ да добијат гаранции од земјите членки на ЕУ дека после Уставните измени Македонија ќе влезе во унијата, се невозможни, бидејќи, такво нешто не е предвидено во статутот на ЕУ.

„Европската унија има статут кој им овозможува на земјите членки да стават вето во било кое време за прашање кое го сметаат дека е важно. Мислам дека Бугарија нема да се повлече од овај процес и сметам дека целта на ВМРО-ДПМНЕ е да се повлечат од ЕУ интеграциите и да се изолираат“, изјави Фрчковски и потенцираше дека процесот на изолација е инспирација од новите случувања во САД со кои новиот претседател Доналд Трамп сака да ја изолира Америка.

Тој објасни дека од новите ветувања на Трамп кои се однесуваат и на цела Европа, најмногу треба да не плаши тоа што регионот ќе остане без својот стратешки партнер.

Професорот и поранешен министер за внатрешни работи Љубомир Фрчковски во Аргумент плус рече дека одговорни за внесувањето и употребата на пиротехниката во дискотеката во Кочани се полицајците.

Според него, тие требало да го конторлираат тој цел процес на употреба и давање дозвола за користење во затворен простор.

Одговорноста е директно поврзана со случајот и околу нас се одговорните лица кои дозволиле тие пиротехнички средства да се запалат, морало да се даде дозвола за употреба. Тука е одговорна полицијата. Тие имаат должност да дознаат бидејќи настанот е од таков тип и треба да има анализа на настанот. Полицијата тоа секогаш го прави.

Да претпоставиме дека дискотеката имала легална лиценца и повторно не смее да се запали внатре и повторно можело да настане трагедија и со легална лиценца. Тука е одговорно МВР. Тие треба да влезат и да забранат употреба на било што.  Независно кој ги донел матријалите, може да се купени или донесени, МВР е задолжено да го блокира тоа и да види дали има злоупореба внатре, дозволата е страничен доказ дека местото не е океј. Нема кривична пријава за тоа.

На пресот на Јавниот обвинител има за се друго но нема за злоупотребата и не давањето дозвола за пиротхнички материјал. За тоа е одговорно министерството“, рече Фрчковски.

Тој објасни и дека оваа ситуација ќе биде залепена на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во оваа ситуација трагедијата ќе биде залепена на оваа влада и тие мислат дека со ова хистерично удирање насекаде ќе ја тргне одговорноста но ќе биде залепено за нив. Не може вината да ја префрлат на друг. Смешни се овие слики дека премиерот е Св Ѓорѓија кој ја убива аждајата односно корупцијата“, додаде Фрчковски.

 

Filed Under: Македонија

КOГА ЈАГНИНАТА ЌЕ СТИВНАТ, ВОЛЦИТЕ ПОБЕДИЛЕ
ФРЧКОСКИ: ВТОРИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ Е ПОДОБАР ОД ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА ВО 2019 ГОДИНА
БЕЗ НИВ СЕ’ ЌЕ СЕ СРУШИ: БРИТАНИЈА И МИГРАНТИТЕ
MАЛА ФОРМА, ГОЛЕМА ПРЕТСТАВА: БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ ЗА МОЌТА НА МОНОДРАМАТА И СИЛАТА НА ЕДЕН АКТЕР
ЗОШТО СИТЕ ПУКААТ ПО ПП-ДБ?

Најново

  • КOГА ЈАГНИНАТА ЌЕ СТИВНАТ, ВОЛЦИТЕ ПОБЕДИЛЕ
  • ФРЧКОСКИ: ВТОРИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ Е ПОДОБАР ОД ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА ВО 2019 ГОДИНА
  • БЕЗ НИВ СЕ’ ЌЕ СЕ СРУШИ: БРИТАНИЈА И МИГРАНТИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet