Овој албански репрезентативец е роден во Гнилање, на Косово а игра за рускиот клуб Зенит. Со оглед на тоа што ги навредувал и Србите можно е да се соочи со своите клупски навивачи
Еврпопската фудбалска федерација УЕФА покрена дисциплинска постапка против Хрватска и Албанија поради случувањата на натпреварот меѓу овие репрезентации во Хамбург.
„Согласно член 31(4) од Дисциплинските правила на УЕФА, беше назначен инспектор за етика и дисциплина да спроведе истрага за можното расистичко и/или дискриминаторско однесување на навивачите на Европа 024 меѓу репрезентативните тимови на Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС). и Албанската фудбалска федерација (ФСХФ), одиграни на 19 јуни во Хамбург“, соопшти УЕФА.
УЕФА покрена истрага и против албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку кој недолично се однесуваше по мечот со Хрватска.
Претходно Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) изрази „длабока загриженост и недвосмислена осуда“ во врска со националистички скандирања од репрезентативецот на Албанија Мирлинд Даку насочени против македонската држава.
Реакцијата дојде токму по мечот на 19 јуни кој Албанија го одигра 2:2 против репрезентацијата на Хрватска, а на кој Албанија постигна гол во судиското продолжение. Додека навивачите го славеа освоениот бод, Даку земал мегафон и од теренот скандирал против Македонија.
УЕФА веќе го казни Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) со 87.875 евра поради однесувањето на дел од хрватските навивачи на натпреварот од првото коло од групата Б на ЕП, меѓу Шпанија и Хрватска на 1 јули.
Фудбалскиот сојуз на Србија е казнет и со 14.500 евра поради фрлање предмети на теренот и испраќање провокативни пораки недолични за спортски настан на натпреварот против Англија. Исто така, изречена е и казна на албанската Федерација поради однесувањето на навивачите на мечот со Италија им е изречена казна од 37.375 евра.
Притиснет со можната санкција албанскиот репрезентативец Мирљинд Даку се извини откако ги навреди Македонците по мечот со Хрватска.
По завршувањето на натпреварот со Хрватска (2:2), Албанецот роден во Гњилане, истрча кон трибината на која се наоѓаа навивачите на Албанија и преку мегафон водеше срамно навивање против Македонците. Некои портали објавија дека тој ги навредувал и Србите на национална основа.
По тој срамен чин, Даку набрзо се најде на удар на јавноста. Рускиот клуб Рубин, каде настапува на клупско ниво, го осуди однесувањето на својот фудбалер, а наводно била побарана и казна од УЕФА, па момчето родено во јужната српска провинција решило да се извини.
– Најпрво сакам да им се заблагодарам на оние кои не поддржаа и во добри и во лоши моменти. Само оние кои се на терен знаат какви емоции ве носат и какво е чувството кога играте за репрезентацијата со нашето мото „Албанија без границите“. Ако навредив некого по мечот со Хрватска, барам прошка, напиша Даку на Инстаграм.
Без разлика на неговото извинување, реакцијата на УЕФА е очекувана и не би било изненадување доколку Албанецот добие посериозна казна.
Следниот дуел на ЕП, Албанија го игра против Шпанија.
„Однесувањето е неприфатливо и спротивно на основните вредности на спортскиот дух и меѓусебното почитување што ги промовира фудбалот. Спортот, особено фудбалот е основа за здржување на луѓето од различна национална припадност и средина за соработка и почит. Националистичката реторика, сепак, ги поткопува овие принципи, поттикнувајќи поделба и непријателство меѓу навивачите и општествата“, порачаа од ФФМ.
Принципите на политичка неутралност се вградени во регулативите на меѓународните асоцијации како што се ФИФА и УЕФА. Фудбалската федерација на Македонија за ваквото скандалозно однесување прати официјален допис до УЕФА. Тие ги повикаа релевантните институции да го истражат овој инцидент и да преземат соодветни дисциплински мерки за зајакнување на стандардите на однесување што се очекуваат од сите спортисти.