Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ФУЕРЕ: СО НАТПАРТИСКА ПРОПАГАНДА ПРОТИВ ЕВЕНТУАЛНИОТ БОЈКОТ НА ЕДНА ПАРТИЈА

September 4, 2018 Filed Under: Македонија

Ирците преку референдум се откажаа од Северна Ирска, тоа беше победа за мир и просперитетна иднина = потсетува поранешниот амбасадор на ЕУ во земјава

ШАНСА Македонија може да исплива само ако влезе во клубот на ЕУ

Поранешниот амбасадор на ЕУ во Македонија, Ерва Фуере, и препорачува на Владата да спроведе голема информативна кампања во пресрет на референдумот, во која ќе се вклучат невладините организации, академската заедница, медиумите и сите засегнати страни во општеството. Само на тој начин, вели тој, може да се неутрализира можната закана од бојкот од страна на опозицијата.

Фуере вели дека предизвикот ќе биде да се прекине традицијата, луѓето да гласаат исклучиво по партиска или по етничка линија и да се охрабрат да гласаат за основаноста на договорот и за тоа што тој значи за иднината на Македонија

Ситуацијата во Македонија ја споредува со референдумот спроведе во Ирска во 1998 година каде мнозинството од граѓаните гласаа за договор со кој се откажуваат од Северна Ирска, со што дојде до промена и на ирскиот Устав.

„Граѓаните на цела Ирска имаа можност да гласаат на референдум што се одржа истовремено во северниот, и во јужниот дел, во мај 1998 година, за исходот на преговорите и за договорот. Копија од договорот им беше доставена на сите домаќинства, со молба да излезат и да го остварат своето демократско право на глас. Ова беше пропратено со голема информативна кампања низ Ирска. Од 56 отсто од гласачите што излегоа да гласаат на референдумот во Ирска, 94 отсто гласаа за договорот, додека во Северна Ирска на гласање излегоа 81 процент од гласачите, од кои 71 отсто гласаа „за“. Тоа беше победа за мир и просперитетна иднина“, вели Фуере во колумна објавена на „Призма“.

Фуере додава дека и покрај многуте недостатоци што ги содржи договорот за „името“ што го постигнаа Македонија и Грција, тој, сепак, дава надеж дека многу билатерални спорови што продолжуваат да го мачат целиот регион, можат да бидат решени со дијалог и со политичка волја.

АКТИВИСТИ Ирски активисти на референдумот во Ирска во 1996 година со кој Република Ирска доброволно се откажаа од Северна Ирска

„Како и во случајот на Северна Ирска, потпишувањето е најлесниот дел. Најголемиот предизвик за Македонија ќе биде да покаже дека договорот ја отвора вратата за помирување со Грција врз основа на еднаквост и дека тој овозможува почнување преговори за пристап во ЕУ и во НАТО. Владата сѐ уште не ја убедила јавноста дека тоа е така. Користењето на социјалните медиуми нема да биде доволно“, порачува тој.

Поранешниот евроамбасадор во Македонија, Ерван Фуере, во интервју за „Гласот на Америка“ вели дека Македонија нема алтернатива за европската перспектива.

КАКО ГЛАСАА Во Република Ирска на реферемот позитивно се изјаснија нешто повеќе од половината а во Северна Ирска (Алстер) огромен број

– Секако дека тоа е избор на секоја држава. Но, како што сме виделе низ историјата на европската интеграција, предностите и можностите што се нудат се големи. Се додека Македонија не започне со преговорите, ќе биде во тешка ситуација. Членството во ЕУ е единственото решение, вели поранешниот евроамбасадор.

Фуере сметаше постојано дека единсттвено преку дијалог може да се дојде до решение за спорот за името со Грција.

-Грција, со оглед дека е членка на ЕУ, треба да биде пример, меѓу другото и затоа што е автор на Солунската агенда, мораше да стори се’ за да дојде до договор со Македонија. Од друга страна, Македонија треба конечно да ги остави емоциите настрана. Многупати сме рекле дека спорот не е за идентитетот, туку за името. Тоа не е фер, но е реалност, вели Фуере за „Гласот на Америка“.

Фуере смета дека приемот на Хрватска во Европската Унија послужил како добар пример за надминување на сите предизвици преку определеност и комппромис.

(р.г.)

 

Filed Under: Македонија

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet