Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ФIИЛИПЧЕ: БУЏЕТОТ Е ОСАКАТЕН ВО ДЕЛОТ НА ЕНЕРГЕТИКАТА И ЖИВОТНА СРЕДИНА

November 20, 2024 Filed Under: Македонија

Во Предлог Буџетот за 2025 година нема никаква визија за енергетска независност на државата. Владата на Христијан Мицкоски направи цело Министерство за енергетика, што ќе нема што да работи – вели лидерот на опозицијата

НЕДОЗВОЛИВО Не смее да се оди на дефицит од 4 отсто, тоа не е дозволиво!

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на првата седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет на која што се разгледува Предлог Буџетот за 2025 година и остро ја критикуваше Владата и во делот на буџетските проекции за енергетиката и за заштитата на животната средина.

Како што потенцираше Филипче, во Предлог Буџетот за 2025 нема државни проекти за модернизација на енергетските капацитети или нови инвестиции во енергетската ефикасност. Средствата за гасификација се речиси преполовени, додека за енергетска трансформација нема ништо.

„Пред некој ден премиерот Мицкоски најави гасна когенеративна централа со која ќе се намали загадувањето. И министерке, ве прашувам: Каде се овие гасни централи во буџетот? Во која ставка се алоцирани овие средства? Да ве потсетам, во буџетот што вие го браните овде, во делот на енергетика има помалку предвидени средства за развој на енергетиката од 406.331 на 243.100 милиони денари. Но, затоа имате предвидено повеќе средства за искористување на природните ресурси“, потенцираше Филипче.

Тој ја праша министерската за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска дали под искористување на природни ресурси се подразбира отворање на нов рудник, но и до каде е ветерниот парк во Штип најавуван од премиерот Мицкоски.

„Министерке, сте биле ли во Штип да видите дали има 680 милиони евра инвестирани за ветерен парк или има ледина каде се движат животни? Нема ниту парк на терен, ниту во буџетот“, истакна Филипче.

Филипче упати критика за планирањето на буџетските средства и за Министерството за животна средина каде што, како што потенцираше, повеќе средства се одвојуваат за плати и вработувања, а помалку за заштита на животната средина. Министерке, со повеќе пари за плати, а помалку за проекти ќе се борите против загадувањето?, праша Филипче на Комисијата за финансирање и буџет.

„Заштита на животната средина, намалување од 611.387 на  442.065 милиони денари, или намалување од: 27,7%, за квалитет на воздух: намалување од 46.415 на 22.771 милиони денари, или намалување од: 51%. Тука не се правдајте со донации од надвор, прашањето е: зошто Владата не издвојува повеќе средства за решавање на овој горлив проблем“, праша Филипче.

Филипче ја потсети министерката за финансии на Планот за чист воздух, донесен на почетокот на мандатот на Владата на СДСМ, поддржан од Европската Комисија и со акционен план и алоцирани средства од 1,5 милиони евра и праша, дали проектираните 368.000 евра за 2025 година се доволни за справување со загадувањето.

Фискалната политика што ја предлага власта во Буџетот за 2025 година ќе ја  уништи финансиската стабилност на земјата, порача претседателот на СДСМ Венко Филипче, на денешната собраниска Комисија за финансирање и буџет, на која на дневен ред за расправа е Буџетот за 2025 година.

Зборувајќи за фискалните политики предложени во новиот Буџет, Филипче потенцираше дека нереалните високи стапки за економски раст не се ништо друго освен изговор за планираната зголемена буџетска дупка и нови задолжувања.

„Владата предвидува раст на БДП од 3,7% за 2025 година. Народната банка го проектираше растот на 3,3%, а Светската банка е уште попесимистична со 2,5%. Буџетскиот дефицит е поставен на 4% од БДП, што директно го нарушува Законот за буџетите. И ова мора да биде јасно, таквиот пристап не значи развој. Тоа значи дека Владата планира да троши повеќе отколку што заработува. И кој ќе го враќа тој долг? Ќе ги зголемиме ли даноците? Ќе ги скратиме ли јавните услуги? Ќе се задолжуваме?“, посочи Филипче.

При тоа, Филипче нагласи дека ваквите планирани параметри упатуваат на тоа дека Македонија е единствена земја во регионот која не планира фискална консолидација.

„Сите други земји од Западниот Балкан уште во 2024 година, буџетскиот дефицит го сведоа под 3% од БДП. Јавниот долг веќе годинава силно ќе ја помине границата од 60%. Со еден збор ова е фискална политика за уништување на финансиската стабилност на земјата“, нагласи Филипче.

Во обраќањето пред пратениците, Филипче порача вака како што е скроена новата буџетска каса, јасно е дека и во наредните години ќе ги има истите нереални проекции, истата безидејност и истото неодговорно трошење.

Filed Under: Македонија

СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (136): ПРИХОДИТЕ ОД НАФТА СЕ ТОПАТ, ШТО ЗНАЧИ ТОА ЗА МОСКВА
ГОРДОСТА МИ УДРИ ВО ЧЕЛО – И МИ ИЗВАДИ ОКО

Најново

  • СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
  • РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
  • КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet