Jоханес Хан, по подолг период повторно е во Македонија, но не да решава политички проблеми, туку за да донесе добра вест
Еврокомесарот за проширување минатата недела го повтори наведеното во Извештајот на Унијата дека и покрај тешките предизвици, Македонија успеала да излезе од длабоката политичка криза и да испорача видлив напредок во делот на реформите. Според Хан, земјата е се уште назад на европскиот пат и се чувствува поинаква атмосфера – како што ги нарече „добри вибрации“.
Дури, треб да се исѕакне дека тој ја наведе Македонија како пример во регионот кога станува збор за демократски промени. Сепак, Хан, порача дека моментот мора да се задржи и напорите да се фокусираат на имплементација на реформите.
„Реформите се спроведуваат на отворен, транспарентен и инклузивен начин, но за да се задржи и засили овој позитивен правец, нема простор за попуштање. Моментот на реформи мора да продолжи, особено во важните области, како што е подобрување на независноста на судството. Промените не се само за подобрување на легислативата, туку и за нивна имплементација и конкретна корист за граѓаните“, изјави еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.
За напредокот им честита на сите чинители, вклучувајќи ја и опозицијата од која побара конструктивност.
Премиерот Заев, пак, посочи која е новата цел во наредните месеци:
„Одлуката за почеток на преговорите за членство во ЕУ на Самитот во јуни е нашата следна цел. Владата уште поенергично ќе ги води реформите и политичките процеси во следните два месеца, со цел во јуни земјата да добие датум за почеток на преговорите“, рече премиерот на Македонија Зоран Заев.
Во однос на спорот со Грција, што сега е главниот проблем за старт на преговори, Хан е оптимист дека решение е можно.
„Прашањето за името е важно, не би рекол дека е предуслов, но видовте дека беше пречка во минатото и уверен сум дека решение е можно – не само поради старт на преговори, туку и поради самите добрососедски односи. Моја сугестија е да се искористи оваа прилика и момент за што е можно побрзо да се постигне компромисно и фер решение за двете страни“, изјави Хан.
Хан, не е единствениот врвен европски дипломат што дојде во Скопје непосредно по објавувањето на извештајот за напредокот на земјава. Високата претставничка за навдорешна и безбедносна политика на Унијата Федерика Могерини во вторникот и средата беше во посета на Македонија. Освен средби со државниот врв, таа се обрати и на праетниците во Парламентот.
И Фредерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан, кои му препорачаа на Советот на Европа да ги почне преговорите со Македонија,
Препораката за преговори беше очекувана, многу е сработено, но допрва има уште многу да се работи. Заслугата е на парламентарното мнозинство, но и на граѓаните…Ова се само дел од реакциите по презентацијата на извештајот на ЕК и безусловната препорака да се почнат преговорите меѓу Унијата и Македонија.
Премиерот Зоран Заев по тој повод одржа прес-конфренеција на која истакна дека фактот што препораката е чиста и безусловна, значи дека Република Македонија го исполнува основниот политички критериум за членство во ЕУ и тоа треба да овозможи почеток на преговорите за пристапување во членство во ЕУ. Најголемата заслуга за напредокот тој ја посочи кај граѓаните кои се бореле за демократија, напредок, слобода и правда и избрале нова власт, но и ја задолжиле да спроведе итни реформи.
„17-ти април е голем ден и датум. Ова е ден кој ќе биде запишан на светлата страна на поновата политичка историја на Република Македонија. Никој да не се сомнева. Најголемата заслуга за овој напредок, за ова успешно спроведување на реформските процеси и ова препознавање на вредноста на реформите ја имаат граѓаните на Република Македонија“, рече премиерот Заев.
Тој нагласи дека Владата ќе остане фокусирана на реформите и истакна дека е оптимист дека во следните неколку недели може да се затвори и спорот со Грција.
„Имаме напредок во овој процес, возможно е во следните неколку недели да се најде решение, ние сакаме тоа да се случи пред самитот на ЕУ . Но сепак најважно е да се реши овој проблем кој е децениски и веројатно последното отворено билатерално прашање на Македонија, притоа секако водејќи грижа за достоинството и идентитетот на двете страни“, изјави Заев.
Околу слабостите кои се нотирани во извештајот тој најави дека ќе се работи посветено и по насоките кои се дадџени од Брисел. Тој истакна дека свои придонес имаат и БЕСА, Алијансата на Албанците и ДПА, но и опозициската ВМРО-ДПМНЕ која се врати во Собранието и учествува во работата.
Претседателот на ДУИ Али Ахмети, ја поздрави безусловната препорака и оцени дека тоа се должи на реформското парламентарно мнозинство кое успеало да ги исполни итните очекувања на официјален Брисел и на меѓународните пријатели. Ахмети изрази задоволство од реализацијата и напредокот на реформите во државата и додаде дека ДУИ ќе продолжи со реформите, со напорите за целосно владеење на правото и со борбата против корупцијата и организираниот криминал.
„Храброста за решавање на отворените прашања се наградува, затоа храбро ќе продолжиме во периодот пред нас и кон решавање на спорот со името, како наша последна пречка кон ЕУ и НАТО“, рече Ахмети.
Пред медиумите се обрати и ЕУ амбасадорот Самуел Жбогар. Тој се осврна на извештајот и ја поздрави стратегијата за реформи во администрацијата, за каде рече дека ЕУ бара итни реформи. Жбогар соопшти и дека правосудниот систем има достигнато одредено ниво на напредок, а Македонија има развиено нова и кредибилна стратегија за реформа во правосудството и тие треба да се спроведат.
„Прашањето со името е дефинирано како нешто што треба итно да се реши односно да се работи на тоа. Во таа насока, преименувањата на аеродромот и автопатот беа спомнати како мерки за градење на доверба“, рече Жбогар одговарајќи на новинарско прашање како ЕУ планира да ни` испорача нешто како одговор за резултатите од реформите ако остане само спорот со името.
И во регионот главно добро одекна тоа што Македонија доби препорака за почеток на преговори за членство.Инаку, во пресрет на објавувањето на извештаите за сите земји од Западниот Балкан, два преходни дена, во Белград, во организација на Европскиот фонд за Балканот, се дебатираше за иднината на регионот и брзината со која може да се интегрира во Унијата.
„ЕУ треба да се фокусира на подобро одредување на временската рамка за отворање на пристапните преговори со секоја од земјите од Западен Балкан. Тоа значи дека сакаме сите шест земји од регионот да почнат преговори што е можно побрзо“, вели Срѓан Мајсторовиќ од Европскиот фонд за Балканот.
Министерот за надворешни работи Никола Димитров вели дека „се` е во наши раце“.
„Сакаме други да обвинуваме за нашите проблеми – дали се тоа соседите, Брисел, и велиме никој не не сака, но, се` е во наши раце. Никој не рече дека градењето европска демократија е лесно“, рече Димитров.
Во завршната декларација што ја усвои Европскиот фонд за Балканот, се вели дека приемот во ЕУ не е цел сама по себе, туку можност за целосна трансформација на регионот.
„Ако регионот ја искористи оваа шанса, тој може да стане дел од ЕУ и да го изедначи демократскиот, социјалниот и економскиот развој со земјите членки на ЕУ. Но, ако Западен Балкан ја испушти оваа шанса, ризикува да заостане зад ЕУ, без јасна визија, изложен на дополнителна дестабилизација“, се вели во Декларацијата.
(користени извештаи на редакции и агенции)