Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ХАРЛИ ДЕЈВИСОН: ГОЛЕМИОТ ПОРАЗ НА ТРАМП

July 2, 2018 Filed Under: Свет

Американскиот производител на мотоцикли Харли Дејвидсон извлекува консеквенции од трговскиот спор меѓу САД и Европа и има намера да пресели дел од своето производство во странство

ИЗДРЖЛИВИ Овие моторцикјли се покажаа издрживи на сите кризи на пазарот

Американскиот производител на мотоцикли Харли Дејвидсон извлекува консеквенции од трговскиот спор меѓу САД и Европа и има намера да пресели дел од своето производство во странство. Реакцијата на американскиот претседател Доналд Трамп следуваше брзо. Тој на Твитер напиша дека е „изненаден што од сите компании токму Харли Дејвидсон крева бело знаме“.

Трамп, потенцирајќи дека „многу се борел“ за Харли Дејвидсон, оценува дека царините се само изговор и од компанијата бара „трпение“.

Концернот кој е со седиште во американската сојузна држава Висконсин неодамна најави дека производството на мотоцикли за европскиот пазар ќе биде префрлено од САД во странство. Тоа е реакција на царините кои ЕУ ги воведе како одговор на американските казнени царини за челик и алуминиум од ЕУ и партнерски држави како Канада и Мексико.

Царините на ЕУ врз мотоциклите од САД се зголемија од 6 отсто на 31 отсто што за Харли Дејвидсон значи зголемување на цената по мотоцикл за околу 2.200 долари (1.900 евра).

Освен во САД, Харли Дејвидсон има фабрики и во Бразил, Индија и Тајланд. Тие фабрики сега би требало да се прошират. Додека производството не биде префрлено во странство – што треба да се случи за 9 до 18 месеци – концернот ќе преземе голем дел од дополнителните трошоци, кои за годинава се проценуваат на 30 до 45 милиони долари.

Харли Дејвидсон минатата година во Европа продаде околу 40.000 мотоцикли. Тоа ја прави Европа втор по важност пазар за Харли Дејвидсон по САД, соопшти компанијата.

ЕУ инаку возвраќа со решителен одговор во трговскиот спор со САД – од неодамна се воведени заштитни царини на неколку американски производи, меѓу кои за виски, џинс облека, мотоцикли и путер од кикирики. Со ова ЕУ реагира на заштитните царини кои ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп: 25 проценти на алуминиумски и 10 проценти на челични продукти од Европа. Од новата американска регулатива се погодени и Канада и Мексико, кои како и ЕУ, сметаат дека воведените трговски бариери не се во согласност со правилата на Светската трговска организација, СТО.

ПОСЕТА ВО 2017 Доналд Трамп и Мајк Пенс на пат кон средба со раководството на Харли Дејвидсон во февруари 2017 година

ЕУ-дополнителните царински давачки се однесуваат при првиот чекор на годишниот увоз од САД од 2,8 милијарди евра. „Не беше наша желба да се најдеме во ваква ситуација“, истакна еврокомесарката Цецилија Малстром, но поради едностраниот режим на САД, на ЕУ не ѝ останува друга можност. ЕУ преку разговори на сите нивоа долго се обидуваше да ги спречи американските заштитни царини, истакна еврокомесарката.

Комисијата за трговија во Европскиот парламент го поздрави воведувањето на контрамерките од страна на ЕУ. „Оној кој со нозе гази по нашето партнерство, ткаено со децении, не може да смета на разбирање од наша страна“, изјави претседателот на Комисијата, социјалдемократскиот политичар Бернд Ланге. За потрошувачите во Европа воведувањето на дополнителни царини врз американски производи може да значи зголемување на цените. Покрај прехранбени производи, облека и мотоцикли, меѓу другото ќе бидат засегнати и американски преработки од челик, бродови и чамци. Планираната царина за сите нив изнесува 25 проценти.

ЛОГО Дури 0,8 отсто од приходите на Харли доаѓаат од користење на лиценцата

Претпријатието Харли Дејвидсон,Х-Д или Харли е американски производител на мотоpцикли.Ова претпријатие е основано во Милвоки, Висконсин за време на првата декада на 20ти век и е една од двете амерички производители на мотоpцикли кои ја преживеаја големата депресија. Харли Дејвидсон исто така преживеа и период на слаб квалитет и конкуренција од страна на јапонските производители. Оваа компанија продава мотоpцикли од тешка категорија (над 750 кубика) дизајнирани за возење по автопат.

Мотоpциклите на Харли Дејвидсон (популарно познати како „Харл“) имаат претпознатлив дизајн како и издув.Тие се особено познати по нивната традиција од менувањето на изгледот на мотоpциклот како и произведување на мотоцикли по нарачка што го поттикна чоперскиот стил на мотоpциклите.Освен моделот на модерната ВРСЦ фамилија, сегашните мотоцикли на Харли Дејвидсон се огледуваат на стилот класичните Харли дизајни .Обидите на Харли Дејвидсон за да се претстави во маркетот на лесни мотоrцикли се покажаа со ограничен успех и беа напуштени од продажбата на италијанскaтa Аермачи филијала во 1978. Харли Дејвидсон одржува лојален бренд кој е активен преку клубови,настани,и еден музеј

Лиценцирањето на брендот и логото на Харли Дејвидсон беше изнесува 40 милиони долари (0.8 отсто од нето приходите на компанијата).

Filed Under: Свет

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet