Неговите фанови веќе не го споменуваа, уморени од кампањата тој да се закинити со Нобеловата награда за литература. И тој самиот не се јавуваше. Ама одднаш излезе неговата нова книга и се појавија редици прес книжарниците во Токио!
По шест години чекање, обожавателите на Харуки Мураками го пречекаа „Градот и неговите несигурни ѕидови“, новиот роман на овој светски популарен писател. Точно, засега само на јапонски. На сдругите јазици че го има подоцна..Многу долга низа обожаватели на Харуки Мураками се формирала пред една книжарница во центарот на Токио пред полноќ меѓу среда и четврток за да го купат неговиот нов роман.
Да појасниме – „Градот и неговите несигурни ѕидови“ е првиот роман на Мураками по пауза од шест години и затоа фановите го зборуваат како долгоочекуван. Неговиот издавач на јапонски е Шинчонса.
„Возбуден сум затоа што мислам дека оваа книга повторно ќе не одведе во нов свет“, изјави Мизумото, член на читателската група на делата на Мураками, за агенцијата АП, една од многуте луѓе кои чекаа да го купат новиот Мураками. .
Ексклузивен издавач на сите дела на Харуки Мураками во соседството, на српски јазик е белградската издавачка куќа „Геопоетика“. Кај нас се објавени поголем дел од делата на овој писател.
Харуки Мураками, еден од најпознатите современи јапонски и светски писатели, е роден во 1949 година, во Кјото (Јапонија). Добитник е на повеќе престижни книжевни награди, меѓу кои се и наградата „Франц Кафка“, наградата за кратка проза „Френк О’Конор“, инаку најзначајна меѓународна награда за овој жанр, наградата „Ерусалим“ за слободата на поединецот во општеството, најголемото признание што во Израел им се доделува на странски автори, и наградата „Ханс Кристијан Андерсен“.
Досега, покрај другите, ги објавил и следниве романи: Флипер (1973), Слушни ја песната на ветрот (1979), Авантура во врска со една овца (1982), Закоравената земја на чудата и Крајот на светот (1985), Норвешка шума (1987), Играј Играј Играј (1988), Јужно од границата, западно од сонцето (1992), Хроника на птицата која го навива часовникот (1994), Спутник љубов (1999), Кафка на брегот (2002), Длабоко во ноќта (2004), 1Q84, во три тома (2009), Безбојниот Цукуру Тазаки и неговите години на аџилак (2013); потоа книгите раскази: Повторниот напад врз пекарницата (1993), По потресот (2000), Токиски мистерии (2005) и документаристичката книга Метро (1997/98). Ги има преведено на јапонски Фицџералд, Карвер, Ирвинг, Селинџер и други значајни американски писатели. По повеќегодишните престои во Америка и во Европа, сега живее во Јапонија. Ангажиран е како гостувачки професор на Универзитетите Принстон, Тафтс и Харвард.
Касј нас се преведи десет наслови од овој писател од кои едниот е издаден во Три тома (IQ84).