БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
А ние продолжуваме да се однесуваме по старо. Националниот идентитет го загубивме во интензивното абљудување и во желбата да го замрзнеме во просторот и времето што е особено глупаво и штетно
Македонците го претворија националниот идентитет од зрела овошка во скиселен компот кој полека добива отровна нијанса. Од мирис на јоргован во ефтин парфем од цистерните на ВМРО. Тоа што денеска го браниме истиот миг е нешто друго. Нашата одбрана е бесмислена и глупава. Освен за ВМРО за кој глупоста на нацијата е тоа што е стапот за Дуплантис.
Зошто е тоа така?
Јас би рекол дека хајзенбершкиот принцип за материјата важи и во духовната сфера. Односно дека секое продлабочување на сознанијата повлекува модификација на објектот.
Со поимот на сознанието се менува самиот поим на објектот, бидејќи објектот не е повеќе појава на една независна работа, откриена со една неопиплива и неделувачка светлина, туку самата нејзина конституција.
Светот, драги мои, не е повеќе наша претстава, туку слика, флуоресцентна трага на нашето делување.
А ние продолжуваме да се однесуваме по старо. Националниот идентитет го загубивме во интензивното абљудување и во желбата да го замрзнеме во просторот и времето што е особено глупаво и штетно.