Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ХАЏИ ЈАНЕВ: ИСПОРАЧУВАЊЕТО НА БЕГАЛЕЦОТ ПАЛЕВСКИ ОЧЕКУВАМ ДА БИДЕ БРЗО

December 12, 2023 Filed Under: Македонија

Случајот со убиството на малата Вања нема никаква политичка конотација и затоа не очекувам да има големо одовлекување на процедурата, смета универзитетскиот професор Методи Хаџи Јанев кој гостуваше во утринската емисија на „Слободен печат“

ХАЏИ ЈАНЕВ Безбедносните служби кои професионално и експресно ја завршија својата работа кога станува збор лоцирање и лишување од слобода на инволвираните лица

Тој во емисијата рече дека за сторените кривични дела во земјава, постојат меѓународни правни процедури кои мора да се испочитуваат и запазат но сепак испорачувањето на осомничениот Љупчо Палевски од страна на турските власти би требало да биде брзо особено кога има билатерален договор како нашиот меѓу РС Македонија и Турција за меѓусебна екстрадиција на лица обвинети за кривични дела.

„Од досегашните информации во предистражната и истражната постапка говори дека нема индикации за политичка вмешаност и поврзаност со осомничениот бегалец. Доколку се направи ретроспектива на бегалците од земјава кои се осудени правосилно во постапки, а кои сè уште не се достапни за нашите правосудни орган како случајот со екс-премиерот Никола Груевски но и останатите, може да се увиди дека станува збор за тотално различни случаи кои се со дебела политичка вмешаност. Во тој контекст овде не очекувам да има никакво пролонгирање на испорачување на осомничениот од страна на турските власти освен ако не станува збор за некоја административна грешка направена ненамерно од наша страна со цел побрзо да се комплетира документацијата за испорака на бегалецот Палевски за која Турција би барала дополнителни информации“ рече професорот Хаџи Јанев.

Познавачот на меѓународните односи посочува дека сега целата процедура се сведува на работата на турските институции и нивната проценка за гонетиот Палевски, а тоа според Хаџи Јанев може да потрае еден месец или повеќе.

Во емисијата Хаџи Јанев зборуваше и за безбедносните служби кои професионално и експресно ја завршија својата работа кога станува збор лоцирање и лишување од слобода на инволвираните лица кои се сомничат за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Павле Жежовски од Велес.

 

Filed Under: Македонија

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet