Како тргнало со оваа површност во професијата, наскоро технологијата целосно ќе го исфрли човекот од новинарството, кое и онака се сведува само на тоа да имате паметен телефон кој се снима и сам си прави вест
МАЈА НИКОЛИЌ
Лајковите денес се сведени на показател на читаноста, иако се што е лајкнато не мора да значи дека е релевантно, не мора да е значајно, вели во интервјуто за Радио Слободна Европа повеќекратно наградуваниот новинар Драго Хедл. Тој има пишувано за многу медиуми, па и за весници како „Гардијан“ или „Тајмс“ Има објавено десет збирки на есеи и репортажи, па и три романи. Моментно е вработен како колумнист на порталот „Телеграм“.
Што е со денешното новинарство, ако голем број новинари, дури и во војната го чува образот на новинарството, зошто многу од нив сепак паднаа на испитот?
– Се плашам дека новинарството денес падна во еден ќорсокак од кого не може да излезе. Технолошките решенија со брзина на со која денес е можно да испратиш било која информација во било кој дел од светот, создадоа една мерка кога мора да бидеме први кога нешто ќе објавиме и на некој начин најголем потфат во занаетот да објавиш прв некоја информација. При тоа се губи од вид нејзината точност. Таа трка со времето често доведува до голема површност, доведува некогаш и до катастрофални грешки во таа работа, што секако го руши угледот на професијата и доверба во информациите кои ги пласирате.
Денес информации можете да добиете практично секаде. Од вашиот мобилен, во исто реално време, бидејќи работите се виртуелни, се дигитализирани. Пред 15 години со автобус испраќав фотографии од Осиек во Сплит, а денес тоа се решава во секунда. Речиси се што ќе се случи на планетата е снимено. Не можете да верувате што се’ денес човекот ќе направи. Таа трка со времето се плашам дека сериозно ги тресе темелите на новинарството. Пред се неговата веродостојност кога нешто се нуди на читателите, слушателите и гледачите.
Дали новинарите се држат до етичкиот кодекс?
– За жал, не многу. Секогаш е битно информацијата да биде точна. И не само да е точна, туку да се заштитат некои личности кои имаат право да останат анонимни. Се разбиrа, ако се работи за новинари, треба да се разголуваат. Кога се во прашање обични луѓе, нивната интима не треба да се допира, а често гледаме дека се е обратно од ова. Некои детали за обилчниот свет се откриваат, иако се небитни а се кријат детали од работата на политичарите, бидејќи, постои страв од нивна одмазда.
Понекогаш се чудите колку зло можеме ние како новинари да нанесеме некому и не водиме сметка за тоа, а обратно, за некој што тоа го заслужува не сме остри и праведни.
Медиумските куќи ја сакаат информација веднаш. Како Вие денес им објаснувате на своите уредници дека новинарската сторија не исчезнува или не се раѓа веднаш? Вашите стории се многу читани, иако се темелени на информации стари дури и неколку денови. Дали заради таa втемелeност на вистината вие имате прилика да бидете темелни и аналитички во пристапот кон темата?
– Секоја сtорија има повеќе слоеви. Првиот е оној заради кој сите ја помниме и на сите ни боде очи. Ама под тоа се крие многу нешто, тоа е всушност тој дел од мразот кој е под вода, кој во значитeлна мерка е поголем отколку оној што е над водата. Мене секогаш ме занима контекстот на една сторија, ме интересира да имам се поголем број на учесници во таа приказна а кои, кога ќе ги откриете ќе го замаглат она претходното, што го предизвикала вашиот интерес за сторијата.
Тоа е она што мене како новинар ме радува, ми се вовлекува под кожата, влегува подлабоко, пошироко, бидејќи само така сме на вистинската насока.
Имав среќа што работев во една голема редакција како што е Јутарњи лист, пред тоа во Ферал, кој не беше голема редакција, но имав исклучителен слух за тој тип на стории. Имав среќа што бев во редакции кои го овозможуваа тоа што мене силно ме радуваше.
Денес има многу мали уредници кои имаат години колку вие работен стаж. Како се носите со нив?
-Јас ги разбирам. Денес тоа новинарсtvо за кое говорам e старомодно. Јас сум старомоден новинар, мое пrавило e како кај копачите на златото. Златото е таму некаде во реката, sе знае дека има грутка злато ама и пет тони јаловина. Никогаш не знаеш што носи некоја сторија.
Имам трпение да разговарам со оние кои ми велат дека имаат интересна сторија. Се разбира дека 90 отсто од тоа се незанимливи стории, на кажувачите секако им се, ама не се за поширока публика. Секако ги има и оние 10 отсто, ама за да дојдете до нив треба да ги ислушате оние 90 отсто.
Ги разбирам младите колеги кои чукаат текст на мобилниот истовремено кога нешто се случува, за да бидат први, да покажат што се случува во реално време. Тоа не е за нив лесна работа .. Се плашам дека она моето новинарство исчезнува. Новинарот има се помалку време за подлабоки стории, истражувачки теми, за анализи кои откриваат многу работи кои ги нема на прв поглед..
Медиумите некогаш беа школи на новинарството, една форма на образование. Шо денес можете да научите од редакциите?
– За жал не премногу, таму има многу површност и периферност. Се вели – што побизарно, толку поударно. Остануваат отфрлени многу интересни стории, такви кои можат да го променат јавното мислење, а се плашам дека новинарите во време кога тешко се наоѓа работа а редакциите сакаат да се покриваат со што помалку новинари ова правило за темелноста не минува. Новинарот е свесен дека не смее да навреди некого кој е моќен, биодејќи тој може лесно да затвори некоја редакција или пак да и наштети дури и на многу моќна редакција! Ги разбирам тие луѓе – имаат два кредити, имаат дома деца… Имав прилика да се сретнам со многу млади луѓе, студенти по новинарство. Тие оваа професија ја замислуваат како некој вид на авантура, многу патувања, срдби со интересни луѓе. Ама редакциите немаат пари да испораќаат новинари на лице место, се’ се презема од агенциите, каде пак се работи на начин кој многу малку е новинарски. Повеќе е протоколарно записнички.
Кога е новинарстото во прашање, дали сте оптимист?
– Не сум. Мислам дека се повеќе работите ќе ги презема вештачка интелигенција.Дури тогаш ни се пишува лошо. И сега сме близу до тоа- ској може да биде новинар ако има мобилен кој снима, не му треба ни молив или бележник, има програма која сето тоа го лиферува брзо, сама го уредува како вест.