Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ХИТОВИ: СЕ СНИМА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА „КОЈ ПЕЕ ЗЛО НЕ МИСЛИ“

June 22, 2020 Filed Under: Ревија

Госпоѓа Шафранек повторно запеала. Режисер е Винко Брешан а автор на серијата е Ачбино Уршиќ. Станот во кој се снима серијата е копија на оној од филмот од пред 50 години

АМБИЕНТ Сцените главно ќе се снимаат во куќа која треба да потсетува на „оргиналното време“ – средината на 60-тите

ТЕНА ШАРЧЕВИЌ

„О, Маријана, слатка мала Маријана!“, запеа на 8 јуни Мирјана Боханец Видовиќ и Отокар Левај, кој го игра братот на господинот Фулир, на сетот на првата сцена од серијата „Дневникот на Големиот Перица“, во продукција на Кроација филм, која е серијата ја снима за потребите на ХРТ, а која е еден вид продолжение на култниот филм „Кој пее, зло не мисли“, направен пред точно 50 години.

Режисер на серијата е Винко Брешан, автор е Албино Уршиќ, а сценаристите се Ренато Баретиќ, Емир Имамовиќ Пирке и Албино Уршиќ.

– Се будат спомени за тој прекрасен филм и прекрасната работа што ја направивме тогаш во соработка со Крешо Голик. Ми недостасуваат моите пријатели, Реља, Миа и Фрањо, и жал ми е што веќе не се со нас да ја играме оваа серија заедно. Но, се надевам дека ова ќе биде многу интересно за публиката. Сценариото е многу интересно а згора и пееме одново. Јас, исто така, едвај чекам да работам после долго време. Одлично е да се работи со г-дин Брешан и колегите кои се одлични актери. За мене во овие години, ова е голем настан – ни рече г-ѓа Боханец Видовиќ по успешното снимање на првата сцена

Снимањето започна во приватна куќа на Млиминарска цеста во Загреб, но тоа е само една од околу 35 локации каде ќе се снима серијата. Се проценува дека филмската екипа ќе може да ги посети сите овие локации и да има материјали до крајот на август, а „Дневникот на Големиот Перица“, првиот ваков проект што започна во Хрватска по кризата со короната, веројатно ќе се појави на малите екрани есента 2021 година.

ПРОДОЛЖУВАЊЕ Актерите Отокар Левај и Мирјана Боханец во прегратка по првата сцена

Куќата во која е снимена серијата е како времеплов од средината на 60-тите години, односно во 1964 година. „Токму заради таа специфична опеределеност на времето, беше голем предизвик да се создаде автентична атмосфера – вели дизајнерот на сетови, Жљка Буриќ, и продолжува: „Ова беа почетоците на модернизмот, доцните 60-ти се естетски сосема различни – вели тој, додавајќи дека во тоа време градот веќе започна да се развива, ја премина железничката пруга и почнаа да се градат згради во денешната Вуковарска, а потоа и на Улицата на  пролетерските бригади..За мене беше важно да излезам од Горниот град, каде е направен филмот, во однос на локацијата. И тоа ни одговара, во однос на сценариото, затоа што имаме воен персонал, милиција, карактери кои се вклопуваат во некои дури и периферни делови од градот во тоа време“ – ни кажува сценогрфката Буриќ.

Станот каде што започнаа да снимаат е, вели таа, копија на оригиналниот стан од филмот. Тие го изнајмиле станот целосно празен, и го опремиле со меѓу 2.500 и 3000 предмети за снимање, што ги набавувале со месеци за време на рациите од секков вид,

– Со месеци баравме некои работи, а ни помогнаа многу од Музејот на град Загреб, каде што чуваат некои од предметите од оригиналниот филм. Тие не се вредни предмети, но тие се сентиментални. Ова е нашата прва, но и најинтимната локација за снимање, затоа што главните ликови живеат таму, така што просторот кажува многу за нив – вели таа.

Ни открива дека, што се однесува до градските локации, филмот ќе се снима, меѓу другите места, на локации каде е направен „Процес“ на Орсон Велес, снимен во 1961 и 1962 година.

– Значи, некои од локациите потсетуваат на тој филм, во кој Реља Башиќ исто така играше мала улога. Ваквите детали би биле тешки за забележување на просечните гледачи, но интересно е да ги знаат – заклучува Буриќ.

Filed Under: Ревија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet