Пензиониран полковник на едно од најгледаните ток-шоуа даде отрезнувачка слика за развојот на војната во Украина. Водителката не знаеше што да прави
Измислениот наратив на руските државни медиуми за славната војна на Путин во Украина неодамна беше уништен од пензиониран полковник кој даде невообичаено искрена и уништувачка оценка за ситуацијата на првите борбени линии и светската сцена.
Михаил Ходаренок, поранешен командант за воздушна одбрана и дипломец на некои од врвните воени училишта на Советскиот Сојуз, во едно од најгледаните ток-шоуа во Русија предупреди дека војната оди лошо и веројатно ќе се влоши и дека штракањето со нуклеарна сабја – далеку од тоа дека е заканувачко – всушност „изгледа многу забавно“.
Украина, рече тој во шоуто чиј лозунг гласи „Ние говориме за она што другите молчат“, наскоро ќе мобилизира повеќе од милион војници кои ќе бидат обучени од Западот и опремени со модерно оружје, подготвени да се борат и да загинат за да ја заштитат својата татковина од Русија.
Водителката, една од попосветените пропагандисти, Олга Скабеева, тврдеше дека армијата ќе биде составена претежно од регрути, но Ходаренок инсистираше на тоа дека како се регрутира војската е ирелевантно – она што навистина е важно е подготвеноста за борба, а Украина „има намера да се бори до последниот човек“.
Позицијата на Русија на светската сцена не е ништо подобра, додаде тој, посочувајќи дека „ние сме во целосна геополитичка изолација и, колку и да мразиме да го признаеме тоа, практично целиот свет е против нас. И од таа ситуација треба да излеземе“.
Забелешките на Ходаренок, кои стигнаа до милиони Руси кои до сега биле хранети со лажица како наратив за нивната воена моќ и слабоста на Украина, означуваат неверојатен прекин со наративот одобрен од државата.
Говорејќи во вечерното ток-шоу на Скабеева во четвртокот – која толку цврсто ја држи линијата на Кремљ што стана позната како „железната кукла на ТВ Путин“ – Ходаренок го повика својот колега од панелистите да се одвикне од „информативните средства за смирување“ и објективно да гледа на ситуацијата.
Како прво, рече тој, гласините за морален и психолошки пад на украинските вооружени сили кои наводно се на работ на некаква криза во моралот „благо кажано, се лажни“.
„Ситуацијата… е дека украинските вооружени сили можат да вооружат милион луѓе“, додаде тој, кои ќе бидат опремени со западно оружје и обучени како да го користат од армиите кои се дел од НАТО. „Значи, милион вооружени украински војници треба да се гледаат како реалност во многу блиска иднина“, рече тој.
„Желбата да се заштити својата татковина, а таа навистина постои во Украина, ја одредува намерата да се борат до последниот човек“, рече тој. „На крајот победата на бојното поле е одредена од високото ниво на морал меѓу персоналот, кој пролева крв за идеите за кои е подготвен да се бори“.
На светската сцена, додаде Ходаренок, работите тешко изгледаат подобро. „Ние сме во целосна геополитичка изолација“, рече тој, додавајќи дека: „Колку и да не сакаме да го признаеме ова, практично целиот свет е против нас“.
Нуклеарното штракање со сабја, инсистираше тој, ќе направи малку за да ги одврати непријателите и всушност „всушност изгледа доста забавно“ кога целиот свет е поставен против Кремљ.
Повикувајќи ги оние околу него да „задржат чувство за реализам“, тој предупреди дека „порано или подоцна реалноста на историјата ќе ве погоди толку силно што ќе зажалите“.
Ова не е првпат Ходаренок да изрази загриженост. Уште пред да започне војната, тој напиша дека Украинците ќе се борат како пекол за да ја одбранат својата земја и дека Русија влегува во подолг, покрвав и многу поскап конфликт отколку што се подготвува.
Не е ни првпат да зборува на државната телевизија. Пред говорот на Путин за Денот на победата на 9 мај, тој предупреди дека масовна мобилизација на војници нема да ги реши проблемите со кои се соочува руската војска.
Но, неговите последни забелешки се најдолгата, најдлабока анализа на аголот во кој се поддржа Москва и се чини дека има намера да поттикне разговор за тоа како точно земјата ќе се извлече.
Она што останува нејасно – сепак – е дали некој, а особено оние во Кремљ, го слушаат.
Тој се огласи по повеќекратните брифинзи од западните разузнавачки агенции дека офанзивата во Донбас е запрена и дека сега се појавува патот до победата на Украина.
Трите неуспешни обиди за се премине река во Донбас и во кои загинаа 485 руски војници и беа уништени 80 возила предизвика гнев кај руските воени блогери. Кажете ни го името на „воениот гениј“ пишуваат тие
Сателитските снимки од местот Билохоривка, на околу 25 километри северозападно од украинскиот град Луганск, каде Русите го доживеаја едцен од најтешките порази во војната при три обиди да постават понтонски мост раскажуваат приказна за уништување и лудило, пишува „Гардијан“.
Насекаде беа уништени руски тенкови, оклопни возила и камиони. Според една проценка, обидот на Русите да ја преминат реката чинел 485 животи и 80 возила. Русите, секако, молчат за тоа, но и за другите загуби.
Како што стана јасно минатата недела какви загуби претрпеа Русите во Билохоривка, дури и некои жестоки поддржувачи на политиката на Кремљ почнаа да ја доведуваат во прашање мудроста на руските воени водачи. „Додека не го дознаеме името на ‘воениот гениј’ кој ја стави тактичката група покрај реката и тој не одговара јавно за одлуката, никогаш нема да ја реформираме војската“, вели еден руски блогер и поранешен војник кој на комуникациската платформа Телеграм се јавува под псевдонимот Владлен Татарски. Неговиот канал на Телеграм има повеќе од 300.000 претплатници и досега во голема мера ја поддржуваше руската инвазија на Украина. „Како во овој момент да не се прсетиме на другарот Сталин, кој и покрај тешката ситуација во која се наоѓаше, сепак направи тешки кадровски потези? Ако тоа не се направи, ниедна мобилизација нема да нѐ спаси“.
Според последната проценка на Институтот за проучување на војната „разочарувањето кое го чувствуваат проруските воени блогери наскоро би можело да се пренесе и на самата Русија, особено ако Москва продолжи да испраќа недоволно обучено топовско месо на бојното поле“, се вели во соопштението на Институтот. Покрај тоа, Институтот тврди дека односите меѓу руските власти и нивните локални соработници во окупираните делови на Украина стануваат се понапнати. Според Институтот, конфликтите се сведуваат на „меѓучовечки конфликти“ за „позиции на моќ“.
Западни воени извори синоќа рекоа дека Путин сега микро-менаџира со воените напори – донесува одлуки кои обично им се препуштени на полковниците додека неговиот борбен план пропаѓа.
Генералот Валери Герасимов, исто така, се вели дека носи слични тактички одлуки, микро-менаџирање на војната со ситни детали, што вообичаено би го правел полковник.
„Сметаме дека Путин и Герасимов се вклучени во тактичкото одлучување на ниво на кое вообичаено би очекувале да бидат преземени од полковник или бригадир“, рекол западен воен извор, според The Guardian.
Руските сили досега не успеаја да ги постигнат своите воени цели во источна Украина, каде што руските сили се обидуваа да направат пробив со цел да ги опколат украинските војници во регионот на Донбас. (Според агенциите)
Херојството на бранителите на Мариупол овозможи да се потиснат руските трупи околу Киев и да се запре офанзивата врз регионите Запорожје и Доњецк, изјави министерот за одбрана на Украина, Олексеј Резников на новинарите, информира Еспресо.
„Благодарение на херојството на гарнизонот Мариупол, успеавме да ги потиснеме руските окупатори околу Киев. Тие [бранителите на Мариупол] ја послушаа наредбата да се ограничи група од 20.000 руски напаѓачи и да ги спречат да напредуваат во насока Запорожје и Доњецк. Сите се херои. Сега имаат нов поредок – да си ги спасат животите.
Според министерот за одбрана, главната цел е да се спаси животот на гарнизонот на бранителите на Мариупол, кој го сочинуваат маринци, припадници на силите за територијална одбрана, полицајци, граничари, припадници на Националната гарда, борци на Азовскиот полк. .
„Денес се одвиваат многу комплицирани процеси, вклучително и преговори, со помош на Црвениот крст. Ова е евакуација на тешко ранетите и другите ранети. Нашиот план е да ги спасиме нивните животи, а потоа и слободата“, истакна Резников.
Како што беше соопштено, евакуацијата на украинските бранители од челичарницата Азовстал започна на 16 мај.
Педесет и тројца тешко ранети војници се пренесени во медицинска установа во Новоазовск. Други 211 бранители беа евакуирани преку хуманитарниот коридор до Оленивка, а потоа вратени на територијата под контрола на Украина преку процедурата за размена.
На 17 мај,вицепремиерката Ирина Верешчук, министерка за реинтеграција на привремено окупираните територии, рече дека Украина работи на следните фази од хуманитарната операција во Азовстал.