Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ХОЛАНДСКА ОЦЕНКА: РАБОТИТЕ ВО ПРАВОСУДСТВОТО СЕ ВЛОШУВААТ, СУДСКИОТ СОВЕТ Е НЕЛЕГИТИМЕН

May 30, 2023 Filed Under: Македонија

По превирањата во Судскиот совет околу разрешувањето на претседателката, амбасадорот Коп оценува дека Судскиот совет веќе не е легитимен. Поради тој преседан, како што вели тој, Холандија ставила во мирување еден голем проект поврзан со Судскиот совет

ХОЛАНДСКИОТ АМБАСАДОР ВО МАКЕДОНИЈА Бесмислица е тврдењето на ВМРО ДПМНЕ дека тие ќе направат подобар договор од постојниот

Амбасадорот нља Холандија во земјава Кол уверува дека ако Преамбулата на Уставот се смени, тогаш втората фаза од преговорите е автоматска и не може да има вето таму. Тој додава и дека ВМРО -ДПМНЕ ризикува да биде одложено членството во ЕУ за најмалку три-четири години

Холандскиот амбасадор во земјава, Дирк Јан Коп, оценува дека Владата нема напредок во борбата против корупцијата, туку дека работите се влошуваат. Тој во интервју за Радио Слободна Европа вели дека нема причина за оптимизам.

„Па, не гледаме некој напредок, напротив, сметаме дека работите се влошуваат. Постои корупција насекаде, конфликт на интереси, влијание врз невладиниот сектор, непотизам, клиентелизам, а препораките од Државната комисија за спречување корупција и Народниот правобранител не се почитуваат од никој, ниту од Владата ниту од Парламентот, ниту од Обвинителството. Всушност, годинашниот извештај од Антикорупциската комисија покажува дека 10 проценки од претставките се процесирани, тоа е многу помалку и во однос на 20-те проценти во извештајот од 2021 година, кој патем сѐ уште не е разгледан од Парламентот во последните 2 години, нешто што требаше да се направи. Затоа нема причина за оптимизам. Како што кажав и порано, корупцијата е состојба на умот. Ја има насекаде. Таа е дел од менталитетот и треба да се смени сега, зашто ако сакате да сте во Унијата во процесот на преговори, оваа состојба со менталитетот и политичката волја заедно со неказнивоста која оди со тоа и која е најпрезирана од граѓаните, мора да се смени веднаш. Во спротивно, желбата да бидете дел од ЕУ во 2030 година, ќе биде илузија“,

вели Коп за РСЕ.

Во однос на довербата на граѓаните во правосудството, Коп оценува дека по превирањата во Судскиот совет околу разрешувањето на претседателката и ова тело веќе не е легитимно. Поради тој преседан, како што вели Коп, Холандија ставила во мирување еден голем проект поврзан со Судскиот совет.

„Ако ги слушате ВМРО-ДПМНЕ, ќе забележите дека таа партија нема проблем со содржината на овој договор. Па што е тоа што ги натера да бидат надвор од ова, тоа нема врска со Бугарија. Некои луѓе од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе преговараат за подобар договор. Тоа се бесмислици. Нема подобар договор од овој. Овој е апсолутно најдобриот договор што Северна Македонија можеше да го добие. Според мене, ова што се случува е тоа што ВМРО-ДПМНЕ ризикува да биде одложено членството во ЕУ за најмалку три, четири години и мислам дека тоа не е добар начин на однесување и може да биде разочарувачки, ако тоа се случи. Сега е моментот“, вели Коп за РСЕ.

 

Filed Under: Македонија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet