Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ХОЛИВУДСКИТЕ СЦЕНАРИСТИ ИЗВОЈУВАА ПОБЕДА НАД ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

October 10, 2023 Filed Under: Ревија

Од студијата се бараше да им кажат на писателите дали некој материјал што им е даден е генериран од вештачката интелигенција

ЦЕНТАРОТ НА ШТРАЈКОТ Синдикатот на сценаристите извојува голема победа

ЏЕНИЈА ДУЛО

Холивудските актери кои штрајкуваа сакаа да ја ограничат употребата на вештачка интелигенција во снимањето филмови, надевајќи се на ист успех како холивудските писатели, кои минатата недела го прекинаа својот петмесечен штрајк по постигнатиот договор со големите студија.

Договорот пак со кој се стави крај на штрајкот на писателите вклучува заштита од студијата што користат вештачка интелигенција за „пишување или препишување литературен материјал“. Членот на Унијата Ангела Јоргенсен вели дека тоа е „исклучително важно“.

„Со ограничувањата на количеството на вештачката интелигенција, работа што ние писателите ја работиме, ќе се заштитат нашите работни места“, додава авторката Јоргенсен.

Од студијата ќе се бара да им кажат на писателите дали некој материјал што им е даден е генериран од вештачката интелигенција, а писателите ќе имаат слобода да користат програми како што е „Чет Џи Пи Ти“ ако сакаат. Писателот Ал Септиен вели дека тоа е победа.

„Можеме да користиме вештачка интелигенција ако сакаме, но не сме принудени. Користењето на вештачка интелигенција не може да ја намали компензацијата или заслугата на писателот- човек, така што тоа е огромна работа“, вели Септиен.

Некои писатели сè уште ги поддржуваат актерите кои штрајковаат, чии грижи ја вклучуваат и употребата на вештачка интелигенција. Актерот Рон Сонг вели дека борбата за согласност околу употребата на „дигиталните“ реплики на актерите започнува со создавањето.

Новиот тригодишен договор за писатели вклучува и зголемување на платите и бонуси за стриминг содржина. Писателката Јасмин Пек беше охрабрена од одредбите што ги прошируваат можностите за недоволно застапените писатели.

„Тоа се Афроамериканци, писатели од ЛГТБ заедницата или било кој писател што не е дел од веќе рефлектираното мнозинство… писатели со посебни потреби и секој што доаѓа од популација која историски не била во првите редови на пишувањето приказни во оваа индустрија“, вели Пек.

Алијансата на филмски и телевизиски продуценти досега не излегла со реакција околу деталите од договорот со писателите.

Filed Under: Ревија

БИТИЌИ: ИНФЛАЦИЈАТА НЕ Е ОД ПЛАТИ И ПЕНЗИИ, ВЛАДАТА ПРЕФРЛА ВИНА
МИЦКОСКИ – МЕЏИТИ: ЕТНИЧКА ПОЛАРИЗАЦИЈА НА НИВО НА ПРЕМИЕР И ВИЦЕПРЕМИЕР
АКАДЕМСКИ ГЛАСОВИ, ПРИОПАГАНДНО ЕХО: КАКО ИНТЕЛЕКТУАЛЦИТЕ НА БАЛКАНОТ ШИРАТ ПРОРУСКИ НАРАТИВИ
СОРЕНТИНО И СТРУГАР МИТЕВСКА ЈА ОТВОРААТ ФИЛМСКАТА СМОТРА ВО ВЕНЕЦИЈА: БУНТОВНИОТ ПАНК-РОК ДУХ И ЖЕНСКИОТ СВЕТОГЛЕД НА МАЈКА ТЕРЕЗА ВО ФИЛМОТ „МАЈКА“
ПРЕДИЗБОРНИ „ПОТЕМКИНОВИ СЕЛА“ НА ВЛАСТА ИЛИ ВИСТИНСКА НАМЕРА ДА СЕ ПРАВАТ ШТЕТИ НА ДРЖАВАТА?

Најново

  • БИТИЌИ: ИНФЛАЦИЈАТА НЕ Е ОД ПЛАТИ И ПЕНЗИИ, ВЛАДАТА ПРЕФРЛА ВИНА
  • МИЦКОСКИ – МЕЏИТИ: ЕТНИЧКА ПОЛАРИЗАЦИЈА НА НИВО НА ПРЕМИЕР И ВИЦЕПРЕМИЕР
  • АКАДЕМСКИ ГЛАСОВИ, ПРИОПАГАНДНО ЕХО: КАКО ИНТЕЛЕКТУАЛЦИТЕ НА БАЛКАНОТ ШИРАТ ПРОРУСКИ НАРАТИВИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet