Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ХОТЕЛЧЕТО НА СТОЈАН МИШЕВ ВО АСАМАТИ – НИКУЛЕЦ НА ТУРИЗМОТ НА ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО

July 16, 2019 Filed Under: Македонија

Малото хотелче на Стојана Мишев од Асамати по војната било национализирано, а, покрај другото, била конфискувана и можеби најдобрата маса за билијард во тогашната Бановина Вардарска

ЕДНА ВОДА, ТРИ НАРОДИ Преспанските убавини се ушт со цврсти државни граници

Стојан Мишев од Асамати, пред Втората светска војна, беше еден од најпознатите претприеамачи – трговци во Преспа.

,,Хотелчето .. или како што беше попознато како „Кафеаната на Стојана Мишев“ во Асамати на источниот брег, е првиот туристичко угостителски објект на Преспанското Езеро.

Објектот изграден пред Втората светска војна на самиот езерски брег со прекрасна плажа, кој сега на внукот на Стојана му служи како магацин за јаболка, имаше кафеана со летна тераса и неколку соби, како и билијард сала. Веднаш до него во 1928 година беше иградена ,,морнарицата“ односно касарната во која воениот рок го служеа регрути од цела тогашна Југославија.

Пред кафеаната се усидруваа патролните бротчиња на морнарицата на војската на Кралството Југославија. И ден денес до самата кафеана се наоѓа некогашниот светилник според кој ноќно време се ориентирале морнарите со патролните бротчиња надгледувајќи ја „водената“ граница со Грција и Албанија.

КАКО НЕКОГАШ Некои објекти се постари од многуте државни промени – панорама на Преспа

Малото хотелче на Стојана Мишев од Асамати по војната било национализирано, а, покрај другото, била конфискувана и можеби најдобрата маса за билијард во тогашната Бановина Вардарска. Со специјална нарачка билијардот бил изработен од еден од најпознатите производители на билијард маси во Виена. Едно време, по војната овој билијард, на кој се уште стоело името за кого и од кого е изработен, бил виден во Клубот на полицијата во Скопје, а, се прикажуваше, дека подоцна бил однесен во Белград.

Тргнувајќи од принципот „ако не си со нас или си малку поимотен, ти си против нас“ на пионерот на туризмот и угостителството во Преспа, Стојан Мишев, завалијата, на ѕверски начин му било „пресудено“ без судски докажана вина.

НЕОТКРИЕНО Колку тајни кријат овие длабоки води

Пред неколку децении внукот Љупчо, заедно со татко му Ристо, кога туризмот во Преспа беше во забрзан развој, повторно ја отворија кафеаната и таа неколку години успешно функционираше, но потоа се повлече Езерото, ја снема плажата, се изменија околностите. Но таа остана симбол на зачетоците на развојот на туризмот во Преспа. Во 1948 година затвореници почнаа да ги градат Отешево и патот преку Галичица, а кон крајот на педесеттите години започна изградбата и на првите објекти на туристичката населба Претор

Filed Under: Македонија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet