Лидерот на најголемата опозициона партија Мицковски е снимен два пати во еден фитнес клуб, забрането место за време на справувањето со корона вирусот. За првиот пат (4 април) истакна дека бик да си ја земе опремта а вториот пат, неодамна, на 24 април е фатен како истата си ја враќа, во придружба на бодигарди и висок полициски функционер
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Македонската јавност по втор пат е соочена со потребите на лидерот на опозицијата Христијан Мицковски да води спортски живот. И во тоа секако нема ништо лошо, но тој таа практиката да ги вежба мускулите во теретана го прави во време кога тие објекти мораат да бидат се затворени односно не смеат работат. Барем еднаш од двете јасни снимки, едната на 4 април, втората на 25 април годинава се гледа и часот кога таа активност е правена, ама „олеснувачки“ момент е што друштво му прават високи полициски функционери. Фатен ин флагранти Мицковски не најде аргументи за да ја објасни својата ситуација, туку се обиде да ја „префрли топката“ на политичкиот противник, небаре се наоѓа во дуел со некој претставник од друга партија на телевизија по општи теми!
СПИН Еве што изјави Мицковски по повод снимнката од 24 април, на прес конференцијата одржана на 25 април а пренесена во порталот „Курир“, по повод правот што се подигна од сснимката каде тој заедно со мала група луѓе се гледа дека влегува во теретана во недозволено време (https://kurir.mk/makedonija/vesti/mickovski-za-laznata-vest-snimkata-e-stara-tuku-shto-pravime-so-tenderite-vo-drisla-so-pljachkata-koja-ja-pravite-so-novata-akciza/)
„Не е толку срамно што објавуваат без да прашаат, туку е срамно што лажат континуирано и бесрамно. И нема ниту една лага да не им се распрсне и дознае. Веќе е совршено јасно дека зад ваквите лаги стојат повеќе квази пиарџии платени со државни пари, и еден центар на моќ сместен на Бихачка, реагира на објавената лажна вест во некои медиуми блиски до власта лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски…
Дечки повторно грешка, снимката е стара најмалку половина година, туку сега што правиме со тендерите во Дрисла, со новата блокада на патот кон ЕУ, со пљачката која ја правите со новата акциза, со економската криза и нарушеното здравје на граѓаните. Незрелото однесување на СДСМ значи ново пробиено дно. Сосема на крај, сепак има разлика. Да, јас спортувам, а вие крадете. Да, јас планинарам, а вие ја срамите и распродавате Македонија и да, ќе продолжам да вежбам кога ќе се создадат услови, а вие сепак на крајот од денот ќе останете ситни луѓе и јас ве жалам! – вели во својата реакција Мицкоски.
КОНТРАСПИН Она што е единствено релеватно во реакцијата на Мицковски по повод снимката која може да се види од јавноста (https://gragjanskizbor.mk/glasot-na-javnosta/mickoski-sinokja-placheshe-zagrizhen-za-zdravjeto-na-gragjanite-denes-pak-vo-teretana-ama-so-bodigardi/?fbclid=IwAR18iGkG2JTFn6atxDYUyW7XKRd2oW4dqxKbPDLitrfmxEGD4pCcCuo9qkI е дека таа е стара најмалку 6 месеци. Факт е дека лицата кои влегуваат во теретаната имат ракавици и маски кои се во фаза на симнување односно се држат под мишките, што говори дека тоа никако не може да биде стара снимка. Ова се доволни детали да покажат дека одбраната со времето не е добра. Не е јасно дали часовникот на снимката покажува десет часот навечер или претпладне бидејќи петок навечер е веќе и време кога ниту едно лице не смее да биде надвор од својот дом. Јасно е дека теретаната се отвора само за Мицковски а уште поптоварувачки е фактот што според соопштението на СДСМ (https://360stepeni.mk/sdsm-za-snimkata-od-teretana-shto-bara-nachalnikot-na-tigrite-so-mitskoski-i-zoshto-nosat-rakavitsi-i-maski/?fbclid=IwAR2W8Wiv67_064nSC_H2Sga5YTGTicIkEojxu8A3ob2V5yO9H8MSI-NOUag) во придружба на шефот на ВМРО ДПМНЕ е и командирот на единицата Тигар, Ивица Бисовски, кој претходно е поставен од министерот Наќе Чулев?
Во изјавата по повод снимката на која Мицковски излегува од теретана на 4 април (кога теретните мораа да бидат затворени) лидерот на ВМРО ДПМНЕ истакна дека „бил да си ја земе опремата“ (демек нема повеќе да се бави со таква дејност во специјализирани објекти). Сопственикот на фитнес-клубот Мирко Перовски на својот Фејсбук профил истакна дека „тој (Мицковски – н.з.), како и многу мои пријатели, вежба во мојата теретана, се до почетокот на заразата со корона, кога јас, како и многумина од оваа бранша, ставивме клуч на врата. Но, тоа не значи дека моите контакти престанаа. Мицкоски дојде во тетретаната да си ја земе опремата и да ја усогласиме програмата за исхрана и тренинг“,
(https://360stepeni.mk/mitskoski-ne-bil-vo-teretana-da-vezhba-tuku-za-da-si-ja-zeme-opremata/).
Како може да му верува народот на лидерот на опозицијата кога тој ги повикува да бидат дисциплинирани и да се придржуваат до пропишаните мерки? Дали ситуаицјата не е како во описот од приказните за попот кој вели „не гледајте што правам, правете што ви говорам“. Оваа лицемерност секако може да се прошири и на поширок фон – зошто народот да верува во други работи за кои говори Мицковски ако веќе е толку пати фатен како лаже (да се сетиме само на збороовите за магистратурата во Италија и докторатот во Германија, кажани на бугарскиот премиер Борисов?!).
Посебно е непримерна навиката на функционерите на демохристијанската партија да не ја градат одбраната на соочување со факти, туку да се прави секогаш обид да се промени темата (на пример Мицковски би сакал да говори за некои концесии за Дрисла во мигот кога е соочен со сосема јасни докази дека во непримерено доба бил на погрешно местои дека тоа е кзнива постапка). Тоа е секако спротивно на правилата за дебата во демократска земја, со јасни одговорности на функционерите.