Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ХEЛАНКИ НАМЕСТО КОМИТСКИ БЕНЕВРЕЦИ

November 18, 2025 Filed Under: Колумни

АНДРЕЈ ЖЕРНОВСКИ

Историјата и понатаму ќе не’ учи дека нема(ло) поштетни политички ликови за нашата држава од оние кои биле големи јунаци и патриоти само кога во раката држеле опозициски микрофон

Не е лесно денеска да си член на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово. Со наведната глава да гледаш како оној за кој партијата те натерала “за уши” да гласаш, одбива да зборува на македонски јазик. Не ти го признава јазикот, но затоа ти го признава гласот на изборите. И така, благодарејќи токму на твојот и гласот на сопартијците, си му подарил нов градоначалнички мандат.

Дали се изненадени? Сигурно не, бидејќи истиот тој Касами претходно има изјавено дека Тетово е главниот град на Албанците во Македонија.

Не е денеска лесно ниту да си Весна Јаневска. Иако си министер, мора понозно да молиш градоначалник на македонски град да гукне барем нешто на македонски јазик. Поради тој „грев”, подоцна уште попонизно ќе мора дури и јавно да му се извиниш, зашто така те натерал твојот шеф бидејќи се работи за негов коалиционен партнер.

Сепак, има еден на кого не му е тешко. Баш му е лесно. Станал премиер, и сега веќе не е истиот човек. Патриотско комитските денови, кога беше храбар и ја бранеше „македонската кауза од налетот на албанските политички ектремисти”, сега се само бледо минато.

Денеска е политички прагматичен, повторно докажувајќи дека ветувањата за враќање на името, поништувањето на Преспанскиот договор, ревидирањето на оној со Бугарија, биле обични лаги за измама на гласачите.

На денешниот Мицкоски, целосно различен од вчерашниот, воопшто не му пречи што и неговиот прв заменик во Владата, исто како неговиот прв коалиционен партнер од Тетово, не зборува маедонски јазик. Па така, кога Фетаи одбива да зборува на македонски јазик, тоа сега наидува на широкоградо оправдување од страна на Мицкоски. Не е ни битно што прво се закануваше дека ќе го разреши, бидејќи потоа ја наведна главата, па ни објаснуваше дека го решил(е) приблемот со тоа што патриотски ќе комуницирале на англиски јазик.

Ете, така изгледа робусниот патриотизам на денешниот Мицкоски. Делува трагикомично кога ламентира како се бори против надворешното негирање на македонскиот јазик, додека дома, веднаш до неговата канцеларија, тоа му го прават првите владини соработници.

Едно е јасно. Мицкоски и понатаму ќе продолжи “храбро” да молчи, бидејќи пред влезот на владата, комитските беневреци ги замени со хеланки.

Во меѓувреме, историјата и понатаму ќе не’ учи дека нема(ло) поштетни политички ликови за нашата држава од оние кои биле големи јунаци и патриоти само кога во раката држеле опозициски микрофон.

Filed Under: Колумни

КAKO ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА МОЖЕ ДА ГО РЕШИ СВОЈОТ ДЕМОГРАФСКИ ПРОБЛЕМ
ВЛАДАТА ДО КРАЈ ЌЕ ГИ БРАНИ ИНТЕРЕСИТЕ НА КОМОРАТА ВО ВРСКА СО НАЈНИСКАТА ПЛАТА
ИВАН КРАСТЕВ: СTРАВОТ ОД ИДНИНАТА ЈА ПАРАЛИЗИРА ДЕМОКРАТИЈАТА
ИВОНА ВАСИЛЕВСКА – СТРУЖАНКА КОЈА СТИГНА ДО ВРВНИТЕ НАУЧНИ КРУГОВИ ВО СВЕТОТ
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (153): КАДЕ СЕ КРИЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВАТА?

Најново

  • КAKO ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА МОЖЕ ДА ГО РЕШИ СВОЈОТ ДЕМОГРАФСКИ ПРОБЛЕМ
  • ВЛАДАТА ДО КРАЈ ЌЕ ГИ БРАНИ ИНТЕРЕСИТЕ НА КОМОРАТА ВО ВРСКА СО НАЈНИСКАТА ПЛАТА
  • ИВАН КРАСТЕВ: СTРАВОТ ОД ИДНИНАТА ЈА ПАРАЛИЗИРА ДЕМОКРАТИЈАТА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet