Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЦАНЕ МОЈАНОВСКИ: ПИСМАТА ДО ЦАРИГРАД НЕ МОЖАТ ДА ГО РЕШАТ ЦРКОВНОТО ПРАШАЊЕ

October 6, 2020 Filed Under: Македонија

Според овој аналитичар писмата кои Пендаровски и Заев ги упатија на адреса на Вартоломеј, а со кои бараат, тој да се заложи да се признае автокефалниот статус на Македонската црква, во православниот свет, е само обид на државните авторитети да помогнат во ставање крај на овој неколку децениски проблем

ЦАНЕ МОЈАНОВСКИ Прашање со МПЦ е отворено од Издеглавје од 1943 година, а од 1958 година е институционализирано во рамките на СПЦ, како самостојна МПЦ

МИКИ ТРАЈКОВСКИ

Писмата на претседателот и премиерот во период од само неколку дена, испратени до Вселенскиот патријарх, укажуваат на тоа дека станува збор за координиран настап на државниот врв.

Статусот на МПЦ не може да го реши ниту претседателот на државата, ниту премиерот. Тоа е во надлежност само на Вселенската патријаршија и нејзиниот патријарх, вели професорот Цане Мојаноски, добар познавач на црковните прилики. Според него писмата кои Пендаровски и Заев ги упатија на адреса на Вартоломеј, а со кои бараат, тој да се заложи да се признае автокефалниот статус на Македонската црква, во православниот свет, е само обид на државните авторитети да помогнат во ставање крај на овој неколку децениски проблем.

„Прашањето треба да се гледа од две стојалишта, стојалиштето кое значи потреба македонската држава на соодветен начин да ги има затворено евентуалните можни прашања кои ќе отворат дополнителни недоразбирања со соседите, а ова прашање со МПЦ е отворено од Издеглавје од 1943 година, а од 1958 година е институционализирано во рамките на СПЦ, како самостојна МПЦ“ вели експертот за црковни прашања Цане Мојаноски.

Решението е уште е поважно затоа што од 1967 година вели Мојаноски, МПЦ има статус на неканонска односно непризнаена црква во православниот свет, што создава дополнителни проблеми во општењето на црковната ерархија.

„На кој начин ќе го реши Вселенскиот патријарх тоа прашање, историското искуство и неговата мудрост очекуваме дека ќе го реши на најдобар начин на кој што македонските православни верници, ќе се чувствуваат или ќе бидат дел од православната екумена. Не верувам дека ќе биде лесно, но дека е можно решение е можно и ние тоа можно решение го очекуваме“ вели Мојаноски.

КООРДИНИРАН НАСТАП Во рок од три дена писма до Вселенскиот патријарх Вартоломеј упатија и шефот на државата и шефот на Владата

Писмата на претседателот и премиерот во период од само неколку дена, испратени до Вселенскиот патријарх, укажуваат на тоа дека станува збор за координиран настап на државниот врв, вели професорот Дујовски.

„Штом црквата не може, а таа не може според каноните да бара повеќе од Вартоломеј, тогаш политичарите можат да имаат улога на посредници и МПЦ-ОА, конечно да го добие своето заслужено место во православниот свет. Ова е едно важно отворено прашање со соседна Србија и единствениот проблем е претпоставувам таму, кој треба да се надмине. Впрочем може да ја направи паралелата со Украина. Не е нешто непознато и не е нешто што веќе не го направил“ вели професорот Никола Дујовски.

НИКОЛА ДУЈОВСКИ Политиката може да помогне во услови кога диалогот меѓу црквите е недоволен за решение

Мојаноски, вели дека при решавање на статусот на МПЦ, црквата ќе нема потреба да го промени своето име, бидејќи во своето име ја има историската додавка Охридска архиепископија.

(VOA)

Filed Under: Македонија

БРИТАНИЈА ПРЕПЛАВЕНА СО НАЦИОНАЛНИ ЗНАМИЊА
ПОРАНЕШЕН ЈУГО-ПАЗАР НА ТРУДОТ: УСЛОВИ, ВРАБОТЕНОСТ, ПЛАТИ….
КАЛАЈЏИЕВ ЗА ТРИЛИНГ: ВЛАСТА НЕМА ИНТЕРЕС ДА ОБЗНАНИ КОИ КОМУНИКАЦИИ СЕ СЛЕДЕНИ КАЈ МИЦКОВСКИ
ОРБАН СО КОМПЛИКУВАН ИЗБОРЕН СИСТЕМ ПРОТИВ УНГАРЦИТЕ
АЛШАР КАКО РУДНИК ОД КАДЕ СЕ ГЛЕДА СОНЦЕТО

Најново

  • БРИТАНИЈА ПРЕПЛАВЕНА СО НАЦИОНАЛНИ ЗНАМИЊА
  • ПОРАНЕШЕН ЈУГО-ПАЗАР НА ТРУДОТ: УСЛОВИ, ВРАБОТЕНОСТ, ПЛАТИ….
  • КАЛАЈЏИЕВ ЗА ТРИЛИНГ: ВЛАСТА НЕМА ИНТЕРЕС ДА ОБЗНАНИ КОИ КОМУНИКАЦИИ СЕ СЛЕДЕНИ КАЈ МИЦКОВСКИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet