Дали вработените во Царинска управа се толку вљубени во главниот унгарскји град? Директорот вели дека не може да ги контролира вработените каде ќе патуваат ама и признава дека вработувањата тука оделе по партиска линија и се создало мноштво на лојални вработени кон претходната владеачка гарнитура
Директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски минатата недела, на средба со новинарите, која беше свикана како можност да се разгледаат резултатите на неговите вработени во годинава која изминува, мораше да оговара на прашања кои беа далеку од таа можност.
Новинари на средбата имаше многу ама причината лежи во фактот дека непосредно пред поканата дојде веста дека во близина на пребеганиот Груевски во Будимпешта е препознаено и второ лице кое е вработено во Црината. На социјалните мрежи дури осамна и сторија дека кон Будимпешта заминало службено возило (!) кое направило визита на експремиерот. Како и зошто организацијата на бегството на Грувски си наоѓа плодно тле токму во оваа организациона целина, секако со извесни привилегии кога се работи за граничните линии, за да регрутира курири меѓу ВМРО ДПМНЕ и Орбановиот штитеник?
Директорот Танасоски призна дека камерите на новинарите во БУдимпешта наистина фатиле и втор вработен од Царината. Истиот е препознаен на фотографијата на „тајната вечера“ на Груевски а директорот додаде дека се работи за лице кое има висока и одговорна функција: тој работи во Секторот за контрола и истраги. За него, како што кажа, од претходно се водат судски постапки за злоупотреба на службената положба.
За двете лица вработени во Царинската управа што се сретнаа со поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта е отворена истрага, а Внатрешната контрола ќе утврдува дали имало злоупотреба или немало, потврди Ѓоко Танасоски и нагласи дека постапката сѐ уште трае.
– Правото на патување е лично право на секого и е уставно загарантирано. Како директор на Царинската управа немам нити основ, ниту, пак можам некого да го контролирам и да му забранувам да патува во своето слободно време или кога е на одмор или на боледување. Можеме само да побараме од другите институции кои ги испитуваат условите да дадат одговор, како што и направивме. Кога ќе имаме информации ќе ги објавиме во јавноста – изјави тој. Танасоски посочи дека второто лице кое го има на фотографијата зело два дена годишен одмор и користело еден слободен ден. Оној првиот, „со синусите“, како што јавноста знае бил веќе на боледување.
-Не би сакал да откривам повеќе детали. За второто лице има одредени предистражни дејствија и за други предмети – рече Танасоски и додаде дека двајцата вработени кои беа во посета на Груевски во Будимпешта сега редовно доаѓаат на работа. Првиот веќе е во оперативна обработка на СЈО.
Нагласи дека во минатиот период во Царинската управа одредени вработувања „беа направени согласно други услови и критериуми и во Управата владееше сосема друга атмосфера и начин на управување и одлика на минатото беше да се следи секој каде оди и зошто оди“.
– Од денот на моето доаѓање не е направен никаков притисок врз кој било вработен да излезе да гласа или како да гласа – потенцираше Танасоски.
Од двајцата патници во Будимпешта, засега констатирани како недвосмислено присутни на ручекот кај Груевски, едниот има познат идентитет. Александар Трајковски – според изјави на пресот од вработените – е еден од оние кои го организирале нападот на Општина Центар и за него затоа се води кривична постапка. Тој е врабоен во Царинска управа, токму заради ефектите од тој напад и тоа се смета за негова „наградаа“. Трајковски бил многу некоректен со вработените во Царината а кои сметал дека се негови „идеолошки непријатели“.