И со случаите на продолжување на судски процеси,одамна блокирани против актеритер на антиквизацвијата на земјава покажаа дека единствена цел на партијарта на Мицковски е да дојде на власт за да преку додатно влијание врз правосудството ги солободи своите „пајташи“ од обвиненијата и седењето во затвор
„Христијан Мицкоски со неговите изјави застанува против уставниот поредок на државата, против демократското општество кое значи независност на судската власт одредена со Устав и Закон. Мицкоски брани криминал докажан во транспарентен судски процес и се става над законите, над Уставот. Зборува дека ќе помилувал, дека ќе ги ослободувал сите од ДПМНЕ. Ниту е Мицкоски над Законот, ниту е над Уставот“, реагираат од СДСМ по повод изјавите на Мицковски во неговите еднонасочни пресови. „Принципот на правда и правичност во демократско општество почива на Закон и Устав, на процедура и на надлежни институции. Кој е Мицкоски да дели правда, да кажува кој треба да одговара а кој не? – се вели во СДСМ.
Може Мицкоски да се замислува што сака, но ниту е судија, ниту обвинител – се продолжува во изјавата на оваа партија. – Ова покажува дека Мицкоски е ист како Никола Груевски, во ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е заробена партија која сака да е и суд и обвинител, да суди и да пресудува.
Тоа време заврши и никогаш повеќе нема да се врати – велат во владеачката партија. – Ако досега не му било јасно на Мицкоски ќе му стане. Прво што треба да направи Мицкоски и ДПМНЕ е да се извини и јавно да се огради од криминалците во сопствените редови, пред се за Скопје 2014 и 27-ми април а потоа и за другите случаи. Само така ќе покаже дека навистина е за правда. Бидејќи, секој што го прекршил законот мора да се соочи со правдата и со одговорноста – порачаа од партијата на власт.
И не забораваат да додадат дека ДПМНЕ досега не поддржале ниту една стратешка одлука, па имаат имаат шанса сега за „поправен“. Се потсетуваат опозиционерите дека ДПМНЕ не го поддржаа Договорот од Преспа, не го поддржаа членството во НАТО, не го поддржаа почетокот на преговорите со ЕУ.
Најеклатантен пример е гласањето на договорот ФРОНТЕКС. Тој договор е прв договор во кој македонскиот јазик стои заедно со сите јазици на ЕУ потпишан од сите земји членки на ЕУ. Ниту овој договор ДПМНЕ не го поддржа и не влегоа да го гласаат при ратификацијата во Собранието.
И најновата одлука на германскиот Бундестаг не беше поддржана од ДПМНЕ ниту од нивните сестрински партии – се потсетува.
Во исклучително тешко време, соочени со бројни предизвици и обиди за негации на нашиот идентитет, СДСМ успеа земјата да продолжи напред кон ЕУ, да го сочуваме и да го обезбедиме македонскиот идентитет.
Сега ДПМНЕ има шанса да направи државнички потег за прв пат. Да остане на искажаниот став за уставни измени, да учествува во дијалогот и процесот и заедно да ја донесеме одлуката за европска иднина.
ДПМНЕ е најкриминалната партија, испрала милиони евра преку Скопје 2014, го злуопотрбила и Гоце Делчев. Нема поголемо лицемерие од тоа ДПМНЕ да одржува трибини среде Белиот дворец – криминално стекнат имот што е докажано и со судска пресуда.
Нема поголемо лицемерие од тоа за владеење на право и борба против корупција да зборува најкриминалната партија во Европа.
На грбот на македонскиот народ, но и на македонските великани како Гоце Делчев, Никола Карев, Цар Самоил, Гемиџиите, ДПМНЕ и луѓе од врвот на партијата преку проектот Скопје 2014, переле пари и се богателе. Милионски се штетите од криминалното владеење на ДПМНЕ и затоа оваа партија нема ниту грам легитимитет да зборува за борба против корупцијата.
Со криминал, наместени тендери и злоупотреби, врз грбот на граѓаните си обезбедиле финансиски средства од 57 милиони евра.
Обемната истрагата на обвинителството за овие злоупотреби покажа дека за леење на споменици од Скопје 2014, од буџетот биле исплаќани високи суми пари, а тие се лееле во Италија за пониски суми, додека остатокот од парите се враќале во земјата но не во буџетот, туку на туѓи сметки.
Сето ова се случувало кога режимот беше во своите најсилни години, кога законите не важеа за лица блиски до ДПМНЕ, кога луѓе од Белиот дворец се богатеа преку ноќ додека граѓаните тонеа во сиромаштија.
Истрагата за овој сериозен криминал води до вкупно 15 лица и 7 компании, меѓу кои почесниот претседател на ДПМНЕ Никола Груевски, и други високи функционери на Белата палата.
Тоа е истиот Никола Груевски на кој Христијан Мицкоски му бил советник а потоа и генерален секретар на ДПМНЕ. Уште еднаш се потврди дека ДПМНЕ е најкриминална партија, на која власта и служи за богатење врз грбот на народот – велат во влаедеачката партија.
Во едно од последните соопштенија на СДСМ се потсетува и дека ДПМНЕ лажеше дека цената на струјата ќе се зголеми за 40 отсто, денес лаже пак, 80 отсто од домаќинствата не влегуваат во третиот блок
ДПМНЕ е партијата што и донесе енергетска катастрофа на државата, меѓу најодговорните за тоа беше Христијан Мицкоски најнеспособниот директор на АД ЕСМ/ЕЛЕМ. Денес оваа партија покажува непознавање на енергетскиот сектор и постојано свесно шири лажни вести. Со месеци партијата на Мицкоски и самиот Мицкоски ја плашеа јавноста дека ќе следува енормно зголемување на електричната енергија, за 40 до 60 отсто, свесно лажеа дека ќе нема струја и ќе има рестрикции.
Не е точно тврдењето дека од први јули сметките за електрична енергија за најголем дел од домаќинствата ќе поскапат за околу 10 отсто.
Над 80 отсто од домаќинствата не влегуваат во третиот потрошувачки блок и со корегирање на стапката на ДДВ и со претходното намалување на цената за киловат час електрична енергија ќе имаат минимално и незначително зголемување на сметките на струја.
Дополнително, со враќањето на дневната евтина тарифа на електрична енергија сметките на сите потрошувачи линеарно ќе се намалат за околу 500 денари месечно.
ДПМНЕ може да манипулира колку сака, но факт е дека целата јавност знае дека токму оваа партија ја укина евтината дневна тарифа и беше против нејзино повторно воведување.
Додека ДПМНЕ гледа само како да ја лаже јавноста и свесно да шири паника, СДСМ преку успешни и ефикасни мерки и политики успешно се справи со глобалната енергетска криза, ја унапреди енергетската независност на државата и го подготвува системот за претстојната грејна сезона.