ЉУБИША СТАНКОВИЌ
Трајко Вељаноски, практично, беше на чело на Собрание се до 27. април 2017 година. Беше и кога се случи „крвавиот понеделник” во 2012. Речиси 10 години претседател на Собрание! Приближно толку време Миле Јанакиски беше министер за транспорт. Дали Миле бил „изманипулиран“ кога зборува за „пет отсто од целото“, односно за „20 – 25 милиони долари?“
Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, обвинети за организација на насилствата од 27. април, биле изманипулирани?! Смело тврдење кое дојде токму од премиерот Зоран Заев, кој, пак, во својство на сведок, се појави во Кривичниот суд.
Немам намера да му ги „читам мислите“ на премиерот и да претпоставувам шо тој точнмо сакал да каже кога го изнесе своето мислење, но ќе се држам само на она што се нарекува чиста фактографија. Имено, премерот знае дека тој беше првата цел на разулавената толпа, така што тој во судот не е само сведок, туку и оштетен!
Премиерот, исто така, би требало да знае дека како сведок треба само да ја зборува вистината и дека од него никој не бара да каже како тој ги доживува обвинетите во конкретниот случај. Таквите размисли се „за дома“, а на суд се говори само и само за она што сведокот го видел или го знае со сигурност! Впрочем сите знаеме како тој помина на тој 27. април!
Лично, не сум убеден дека Зоран Заев, освен она што го знае, не може (а и не би смеел) да знае дали Трајко, Миле и Спиро биле во некаква комуникација? Дали постоела некаква нивна координираност за време на упадот во Собранието? Дали, токму некој од овие тројца не е „главниот“ актер или „сценарист“?
Токму отсуството на сите овие (материјални) докази не одат во прилог на тезата дека Вељаноски, Јанакиески и Ристовски биле изманипулирани и дека манипулаторот е самиот Никола Груевски?
Ајде да претпоставиме дека можеби некој друг се сетил да го организира 27. април? (Да се сетиме дека имаме слични искуства со ликови кои предлагаа: „А војна да направиме?“) Што ако Груевски не сакал упад во Собрание, а тоа го сакале неговите „млади партиски јастреби?“
Се се ова претпоставки, бидејќи доказите се во предметот на Обвинителството. Некои велат дека имало премногу докази, но лесно искажаната квалификација (претпостсвка?) беше доволна за да се налепи одбраната на обвинетите и веднаш да бара повлекување на обвинителниот акт! Тие знаат дека со искажана претпоставка не се случило некој да биде ослободен од кривичен прогон, но нивна работа е да си ја пробаат среќата. Она што сега може да се очекува од нив е перманентно повторување на кажаното од Заев, а тоа е дека оваа тројка не е виновна, бидејќи тие биле изманипулирани од Груевски, кој, пак времено ќе биде виновен за се, а кога и нему ќе му се суди ќе се оди со некоја нова тактика и стратегија!
Но, ајде вака да гледаме на работите: премиерот не е истражител или вешто лице за да може да тврди дека Миле, Трајко и Спиро се изманипулирани! Конечно, и да се изманипулирани тоа не значи дека тие немаат вина за она што се случи на тој 27. април!
Крајно несериозно е да се осудат насилниците од 27.април, а да се ослободат оние кои Обвинителството ги посочува како организатори на тие насилства!
Доколку Обвинителствто успее да докаже дека Трајко, Миле и Ристо имале битна улога во слиучувањата ( а во што и не се сомневам) тогаш единствено што може да се очекува е адекватна санкција. Но, ако тие по изречената пресуда кажат дека биле изманипулирани, тогаш тоа нека не го наведуваат во жалба, туку јасно и гласно некс му го кажат на Никола Груевски!
Она во што сум убеден е дека вината ќе се докаже и дека ќе има пресуда, но ќе нема напад кон Груевски. И тоа не поради нивната „изманипулираност“, туку поради тоа што многу си го сакаат и ценат својот шеф!
Нека ми прости премерот, ама кога Груевски дотичните ги именуваше на функции (некои на функиција беа и по 10 години), дали тие и тогаш биле предмет за манипулација? Нешто не ми се верува!
Ајде малку да се вратиме назад и да се присетиме: Трајко Вељаноски беше претседател на Собрание кога се случи „црниот понеделник“, нешто што од денешен аспект може да се третира како „вежбовна активност“ и вовед во 27. април. Се сеќаваме дека Трајко си повика обезбедување и како куфери ги исфрли од собраниската сала и пратениците и новинарите.
Трајко Вељаноски претседаваше со конститутивната седница на претходниот парламент, која заврши на на 27. април. Трајко не дозволуваше да биде сменет. Трајко го „влечеше“ Собранието четири месеци не закажувајќи продолжение на седницата за избор на негов наследник! И сега тој бил изманипулиран? Тешко!
Миле Јанакиски, го има во сите афери и скандаали! Дали Миле бил „изманипулиран“ кога зборува за „пет отсто од целото“, односно за „20 – 25 милиони долари“.
За тие пари „малиот Миле“ не само кинески ќе проговори и на газот но пак ќе кажам: ме зачудува премиерот, бидејќи тој прв ги обелодени сите (не)дела на Јанакиески, а сега вели дека бил изманипулуиран од Груевски?
Се сеќаваме дека Миле беше тој кој сакаше да урне цела зграда во Центар само затоа што станарите не гласале за ДПМНЕ.
Миле го има и во исклучувањето на лифтови, во нападот на Општина Центар. Потребно е многу време и простор за да се спомене што се Миле Јанакиески сторил од 2006 до 2016 година! А на толку седење на висока функција се и да е човек глуп (или изманипулиран) ќе се научи!
А Миле е бистро момче! Се си знае! И хилти, и казни и инспекции и инспектори. За се го бивало!
И сега да се тврди дека после толку зулум Миле бил изманипулиран – не оди!
Ништо поарен не е ниту Спиро! Ем, млад, ем министер, ем човек задолжен за собирање гласови, ем „координатор“ во обидот за линч во Собрание!
Апсолутно е во право обвинителката Вилма Русковска кога вели дека не се тоа деца па некој ги манипулира!
Правда мора да има!
Оваа политичка гарнитура треба да знае дека дојде на власт носена од потребата за право и правда!
Амнестии нема и не смее да ги ги има!