Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЦЕЛА СУРИЈА МИНИСТРИ НА ЧЕЛО СО ПЕЦАКОВ ВО ПАРИЗ

February 10, 2026 Filed Under: Македонија

Тие треба да бранат статусот на Охрид пред УНЕСКО. Цела сурија министри на чело со Пецаков во Париз ќе го бранат статусот на Охрид пред УНЕСКО

РЕД СЕ РЕДАТ Нашата делегација смета дека со бројчаноста ќе ги импресионира функционерите на УНЕСКО!

Делегација на Владата во состав: заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски; министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски; министерот за култура и туризам, Зоран Љутков; министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа; градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков; и градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќира, во понеделникот и вторникот престојуваа во дводневна работна посета на Париз.

Во рамки на посетата, делегацијата ќе оствари средби со Калед Ел-Енани, генерален директор на УНЕСКО,  како и со други високи претставници на УНЕСКО.

На средбите ќе бидат потенцирани цврстите заложби на Владата за зачувување на статусот на природното и културното наследство на Охридскиот Регион. Исто така, ќе биде истакнато дека државата воспоставува систем за заштита кој гарантира зачувување на интегритетот и автентичноста на Охридскиот Регион како исклучителна универзална вредност.

Делегацијата ќе се осврне и на мерките што Владата ги презема, како и на фактот дека преку надлежните институции се вложуваат максимални напори за спроведување на препораките од реактивните мисии (2020 и 2024) и Стратегискиот план за рехабилитација.

Во рамки на посетата, денеска е планирана средба со Ернесто Отоне, помошник генерален директор на УНЕСКО задолжен за култура, потоа со Конгкер Мохамад Талха, претседател на 43. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО, а утре делегацијата ќе се сретне со Насер бин Хамад Ал Хинзаб, претседател на Извршниот одбор на УНЕСКО.

(libertas.mk – легендата е на Глобус)

 

Filed Under: Македонија

АНАЛИЗА: ИНФЛАЦИЈАТА САМО КАЈ ХРАНАТА СКОРО 7 ОТСТО
ФИЛИПЧЕ: ПЕНЗИОНЕРИТЕ СЕ ИЗЛАЖАНИ ОД ОВАА ВЛАСТ
ДАЛИ Е РАДЕВ УМЕРЕН ОРБАН? – КАКО ГО ОЦЕНУВААТ СТРАНСКИТЕ МЕДИУМИ ПОБЕДНИКОТ НА ИЗБОРИТЕ
ТЕО УШЕВ: НАЈМНОГУ СТРАДАМЕ ОД МОДЕЛОТ НА СИЛНИОТ ПРОСТАК
НОВО ЗАOСТРУВАЊЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК: ПРИМИРЈЕТО ТОНЕ ВО ВОДИТЕ НА ОРМУЗ

Најново

  • АНАЛИЗА: ИНФЛАЦИЈАТА САМО КАЈ ХРАНАТА СКОРО 7 ОТСТО
  • ФИЛИПЧЕ: ПЕНЗИОНЕРИТЕ СЕ ИЗЛАЖАНИ ОД ОВАА ВЛАСТ
  • ДАЛИ Е РАДЕВ УМЕРЕН ОРБАН? – КАКО ГО ОЦЕНУВААТ СТРАНСКИТЕ МЕДИУМИ ПОБЕДНИКОТ НА ИЗБОРИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet