Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ ВО ИСТОЧНА И ЈУЖНА ЕВРОПА НЕСОПИРЛИВО ОДАТ НАГОРЕ?!

August 9, 2023 Filed Under: Свет

Кварталната анкета на економските експерти (ЕЕС) покажа дека тие очекуваат силен раст на цените на недвижностите ширум светот во следните десет години.

СТАНОВИ ВО ИЗГРАДБА Кој може да ги плати становите што се понуда сега?

Според роценка, просечнатата на ЕЕС цената на недвижностите може да се зголеми за девет отсто за една деценија, а во зависност од регионот очекуваат дека цените би можеле да се зголемат од шест на повеќе од 20 отсто.

Во Источна Африка и Јужна Азија, цените на куќите се очекува да се зголемат за повеќе од 20 проценти годишно. Високи зголемувања од 10-15 проценти се очекуваат и во Јужна Америка, Источна Европа, Централна Азија и Северна Африка. Во Северна Америка, Западна Европа, Океанија и Југоисточна Азија се очекува поумерен годишен пораст од шест до осум отсто, според германскиот институт ИФО.

Анкетата на економските експерти, инаку е квартална анкета што ја спроведуваат институтот ifo и Швајцарскиот институт за економска политика. Во истражувањето, кое траеше од 14 јуни до 2 јули 2023 година, учествуваа 1.405 економски експерти од 133 земји.

НАСПРОТИ ЕКОНОМСКАТА ЛОГИКА Никој не може да објасни таа нагорна линија на цената на квадратот

Очекувањата за цените на куќите зависат и од инфлациските очекувања на експертите – и затоа реалните зголемувања на цените на недвижностите најверојатно ќе бидат пониски од номиналните вредности, се посочува во соопштението на ИФО, а пренесува порталот Бизнис.

Силните разлики во очекувањата за цените на куќите во следните десет години се особено очигледни во Европа.

„Додека во Западна и во помала мера Северна Европа се очекува умерен раст на цените на недвижностите од 6,4 отсто и 9,9 отсто, очекувањата за годишен раст во Јужна и Источна Европа се речиси три пати повисоки и изнесуваат 18,4 отсто и 14,9 отсто соодветно“, објави ИФО.

Многу земји, како што истакнува институтот, во последната деценија доживеале драстично зголемување на вредноста на имотот и кириите. Како пример, тие ги наведоа номиналните цени на куќите ширум светот кои растат во просек за 5,4 отсто годишно помеѓу 2012 и 2022 година, според податоците на Банката за меѓународни порамнувања.

 

Filed Under: Свет

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet