Очевидно дека калкулаторските чекори на актуелиот градоначалник Богдановиќ за градежната дозвола кај паркингот кај Холидеј Ин, како и за „наполитанките“ кај „Треска“ целосно ја срушија неговата позиција
За кого ќе се одлучи владеачката партија во нааредните избори за најмоќната општина во земјата – Центра? Традиционално ако до сега некому не му била покажана вратата од страна на партискиот врв би се сватило дека оној кој до сега бил на тронот и натаму ќе ја има поддршката. Со Центар секако работите не се такви – Богдановиќ реши да се кандидира во стилот „што ќе биде, нека биде“, иако е јасно дека зад него колебливо моли неговата партија. По разните фолклорни инциденти околу свадбата и карантинот, кој не беа сосема умни потези, Богдановиќ влезе до гуша во кал со неговите калкулации со инвеститорите со аферата за дозволите за паркингот кај Холидеј Ин и кај просторот на Треска со објекти кои еднаш ги исмеја со она дека личат на „наполитанкли“ што во меѓувреме како да му се засладија.
Листата за можни кандидати за неговата позиција е долга. Последна која се пројави е Белчева, која е советник на СДСМ во Советот на Центар и која даде отставка на таа позиција на која дојде како дел од граѓанскиот сектор. Таа од понеделник ќе собира потписи за независна советничка листа „Шанса за Центар“ и за неа е секако важно да се знае процентот на потписи што ќе и биде доволен. Еден отсто, два отсто, за неа секако нема да биде сеедно, особено ако зад неа не застане некоја од големите па и средни партии.
Потезите на Јана Белчева Андреевска, секако се совпаѓаат со раседот кој се појави меѓу дел од „шарените“ и СДСМ, но, мора да се признае, во мигот кога Богдановиќ самиот започна да си ја лула својата позиција. Објективно – ако се гледа прашањето на висококатниците кај Холидеј Ин, големото бреме за градот, ситуацијата не е едноставно да се гледа црно-бело: таму, во тоа клопче на интереси има имиња кои се врзани семејно и за граѓанското општество и за постарата гарда на „комуњарите“, онаа која влече далеку кон 60-тите, ама тука се и интересите на МПЦ. Нејзината кандидатура на тој начин може да се најде широк простор на поддржувачи, но индикативно е дека таа сепак ќе мора да се изјаснува во однос на оние прашање кои за Центар се коска во грло. Па и за паркингот!
На минатите локални избори во 2017 година, Белчева, како граѓанска активистка, беше носителка на советничката листа на СДСМ во Центар, по што беше избрана и за претседавач на Советот на општината, за во мај минатата година да поднесе оставка, главно, поради несогласувања со градоначалникот Саша Богдановиќ, Тоа во мигот не е доволно за бирачите, особено оние од десниот брег на Вардар да се определат за неа.
Белчева, како потенцијална носителка на листа на „Шанса за Центар“, ќе оди заедно со професорката Дивна Пенчиќ од Архитектонтскиот факултет и Јане Димески, како потенцијални кандидати за советници, велат дека се дел од граѓанската иницијатива, за која велат дека произлезе од поврзување на „Здравје пред профит“ со активисти и експерти од областа на архитектурата, урбанизмот, животната средина, спортот, култура и други области, кои сакаат да го спречат натамошното уништување и да се вложат за подобрување на квалитетот на живот во општината.
Освен Богдановиќ, како можни кандидати за Центар се спомнуваат и директорката на Инфективната Клиника, Милена Стевановиќ и на директорката на ДСЗИ Ирена Бухова, а кандидатура до СДСМ поднесе и претседателот на општинската организација на партијата Горан Герасимовски. Нема сомнение дека Стевановиќ ќе може да се потпре на фактот дека лекарите често беа јунаци на денот последните години. Воедно таа ќе биде контрапункт на „Српче“ (прекарот на Богдановиќ) кај припадниците на српскиот етницитет, како поартикулиран лик во однос на актуеллниот градоначалник.
Милена Стевановиќ, неодамна стана член на новиот состав на Извршниот одбор на СДСМ, што е чекор кој би требал да ги задоволи партиските активисти кои не би биле расположени да работат на терен за некој кој бил партиски активист претходно.
Но, тоа не е се’. Кандидат од оваа партија е и Горан Герасимовски, претседател на општинската организација на СДСМ во Центар, кој објави дека е можен кандидат за градоначалник на Центар на претстојните локални избори, за што во владејачката партија привршува внатрешната процедура за предлагање кандидати во базата и за самокандидирање.
Во соопштение до медиумите, Герасимовски информира дека поднел кандидатура за градоначалник на Центар, посочувајќи дел од неговите заложби што би ги реализирал доколку биде избран на функцијата.
„Мојата замисла за урбана општина значи повеќе зеленило, урбани катчиња, повеќе паркинг места, современи училишта и градинки, во кои ќе има слободни места за секое дете. Како жител на општина Центар, но и како претседател на СДСМ – Центар одблизу го следам развојот на општината и, водејќи се од моите сопствени потреби како граѓанин, сметам дека во општината недостигаат проекти што ќе ја зголемат нејзината функционалност, но и ќе донесат позитивни промени кои ќе го олеснат и подобрат животот на центарци. Тие промени беа и мотивот заедно со кандидатурата за градоначалник на општина Центар да поднесам и програма за развој на општината. Верувам дека заедно и обединети повторно ќе извојуваме уште една голема победа и верувам дека можеме уште подобро. Центар го може и го заслужува тоа“,
наведува Герасимовски.
Како кандидат на ВМРО ДПМНЕ се споменува Наташа Котлар Трајковска од Институтот за историја. Специјалност и е „патриотскиот дел“ од националната историја. Засега немаме сигурни наговестување за кандидатурата.